fbpx
Таг: поплави

таг: поплави

Апел: Да не се убиваат дивите животни во Тбилиси

Да не се убиваат дивите животни што побегнаа од зоолошката градина по вчерашното невреме во Тбилиси, главниот град на Грузија, апелираше до полицијата директорот на градината. Неколку диви животни скитаа по улиците на Тбилиси откако масивните поплави им овозможиле излез од градската зоолошка, а специјални единици биле пратени за да ги успијат или застрелаат животните. И самите поплави однеле неколку животни.

Најмалку осум загинати во големи поплави во Тбилиси

Во поплави што ноќеска го погодиле главниот град на Грузија, Тбилиси, загинале најмалку осум луѓе, а имало пријави и за исчезнати во надојдените води, пренесува ХРТ. Од силниот дожд, надојдената река Вере, која тече низ градот, однела десетици згради и автомобили. Животните од градската зоолошка градина побегнале од своите кафези, оштетени од дождовите. Меѓу избеганите животни имало шест тигри, шест лавови и осум мечки. Побегнале вкупно 50...

Груевски во Новаци: Почна исплатата на обесштетувањата од поплавите

Денеска почна исплатата на обесштетувањата од поплавите за граѓаните од општина Новаци, а еден дел од нив веќе ги имаат парите на своите сметки, истакна премиерот Никола Груевски, кој попладнево ги посети општините Битола и Новаци. Според Груевски, за два-три дена ќе бидат обесштетени сите граѓани на Новаци, а во наредните денови и недели паричен надомест ќе добијат и граѓаните...

Петнаесет загинати во поплавите во Кина

Во поплавите предизвикани од обилните дождови во јужниот и во централниот дел на Кина, најмалку 15 лица загинаа, а илјадници луѓе ги напуштија своите домови. Локалните власти денеска соопштија дека најлошо погодена е провинцијата Ксиангчи каде загинаа осум лица, а 65.000 се раселени. Во регионот Гуангжу загинаа пет лица, а шест се водат за исчезнати. Уште две лица загинаа во провинцијата Хунан,...

Спроведена дератизација во поплавените места во Прилепско

Стручните екипи на Центарот за јавно здравје од Прилеп со стабилизирањето на временските услови, почнаа дератизација во согласност со подготвениот план за поплавените населени места кои беа опфатени со поплавите кога настана излевање од коритото на Црна Река. Со спроведувањето на мерките за дератизација, ќе се сведе на минимум можноста за зголемување на бројот на заразни болести кои евентуално би...

Четврти пат годинава Пелагонија е под вода

Последните обилни врнежи од дожд дополнително ја усложнија и онака тешката ситуација во Пелагонија. На неколку села им се закануваат нови поплави по најновото излевањето на Црна во утринските часови. Повторно најпогодени се селата во општина Могила. Црна е излеана кај Лознани и кај Тополчани, така што 2.000 хектари плодно земјиште денеска е под вода. - Цела Пелагонија е под вода, ова...

Во поплавите во Чиле – 25 загинати, 101 исчезнат

Најмалку 25 лица загинаа, а 101 се водат како исчезнати во поплавите на северот на Чиле. Поплавите беа предизвикани од обилните врнежи од дожд во Атакама. Во регионот има целосно поплавени градови, а илјада луѓе останаа без покрив над глава. Официјалните лица проценуваат дека поради поплавите загрозени се 30.000 луѓе.

Штетите од поплавите проценети на 25 милиони евра

Поплавите што ја зафатија Македонија во јануари и во февруари предизвикале штети од 25 милиони евра. Дури во 43 општини имало штети од излевањето на реките и на каналите. Најмногу штети се евидентирани кај аграрот, информираше министерот за земјоделство, Михаил Цветков. Државата за обештетување на поплавените, освен од домашната каса, со финалниот извештај,   средства ќе бара од  ЕУ и од Светската организација...

Излеани неколку реки во Македонија

Поради обилните врнежи од дожд, неколку реки денеска повторно се излеале од своите корита и повторно поплавиле земјоделски површини, домови и импровизирани објекти, пренесуваат медиумите. Како што пренесува „Утрински“ на својата интернет-страница, во Кавадаречко се излеала реката Луда Мара, кај селата Глишиќ и Марена, каде под вода биле лозови и овошни површини, а поплавени биле и пластеници. Водата од реката...

Извештајот за поплавите е готов и идната недела оди во Брисел

Извештајот за штетите од поплавите што во јануари и во февруари ја погодија Македонија е готов и наредната недела треба да биде презентиран во Брисел, изјавил денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Михаил Цветков, на собраниската седница посветена на пратенички прашања. Најголеми штети од поплавите, според Цветков, претрпеле општините Могила и Новаци. Поплавите предизвикале штети во 43 од вкупно 80...

Во Струмица поплавите направиле штета поголема од 95 милиони денари

Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи, формирана од Советот на Општина Струмица, на 24 и на 30 јануари 2015 година направи увид на поплавените подрачја и информираше дека е направена штета од 95.600.555 денари. - До комисијата има доставено вкупно 515 барања за процена на штети, од кои најголем дел...

ЕУ со помош од 84.000 евра за настраданите во поплавите

За помош на настраданите во поплавите во Македонија, Европската комисија ќе додели 84.236 евра. Како што соопшти Делеагацијата на ЕК во Македонија, финансиската помош на ЕУ, обезбедена преку Фондот за итно надминување катастрофи на Црвениот крст, ќе ја поддржи тековната помош на локалниот Црвен крст за надминување на последиците од поплавите. Помошта ќе се користи за дистрибуција на храна, хигиенски материјали...

Парите за панорамското тркало може да спасат 516 Тамари

Панорамското тркало што ќе биде поставено на мост на реката Вардар, ќе чини 956 милиони денари, односно речиси 15,55 милиони евра. Оваа сума од 15,5 милиони евра е половина од парите за кои се задолжи Владата пред два дена во вредност од 33 милиони евра и со неа можеа да се спасат 516 Тамари и да се платат оштети за...

Поплавите ја прекинаа наставата во Пелагонија

Учениците од неколку села во Пелагонија денеска ја прекинаа наставата бидејќи било невозможно да одат на училиште. Поради поплавувањето на региналниот пат кој од Могила води кон селото Радобор, денеска децата воопшто не тргнале на училиште во подрачното школо во селото Могила. Градоначалникот на Општина Могила, Стевче Пивковски, вели дека денеска е прикината наставата во најзагрозените села во Пелагонија, Чарлија...

Могила под вода, Новаци под закана од нови поплави

Повеќе од 5.000 хектари земјоделско земјиште во општина Могила од ноќеска е под два метра вода. Дождот и наглото топење на снегот го зголемија нивото на Црна Река, која се излеа на истите места како пред месец и половина. „Атарите на селата Лознани, Новоселани се поплавени, а на селото Вашарејца му се заканува поплавување на куќите од пониските делови“, потврди градоначалникот Стевче...

Почна санацијата на мостовите оштетени од поплавите

Почнаа градежните активности за санација на шест моста што беа оштетени од поплавите. Четири мостови интензивно се санираат, а за два моста, кои претрпеа поголеми штети од поплавите, во тек е подготовка на проект за санација, информираше министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Саниран ќе биде мостот на реката Пчиња во село Долно Коњаре, за што Владата издвои 3,5 милиони денари. -...

Штип од поплавите претрпе шета од 700.000 евра

Само 12 семејства од Источна Македонија се на листата за владина помош по големите поплави од почетокот на годината. Овие семејства ќе добијат меѓу 14.000 и 120.000 денари, во зависнот од процените на претрпените штети. Од друга страна, околу 700.000 евра изнесуваат пријавените штети на штипјани. Општинската комисија за процена на штетите го комплетира извештајот, според кој, најголеми штети...

Почнува исплатата на семејствата погодени од поплавите

На 260 домаќинства погодени од поплавите во повеќе општини од денеска ќе им се исплаќаат средства за санирање на штетите. Семејствата ќе добијат парична помош од 14.000 до 110.000 денари во зависност од големината на штетата. Претставници на Црвен крст на Република Македонија, на центрите за социјална работа и на загрозените општини, направиле попис на она што е уништено и...

Тонат куќите во кочански Чифлик

По големите поплави што неодамна го зафатија кочански Чифлик, испукани се ѕидовите на куќите, вратите не можат да се затвораат од влагата, а жителите на селото се жалат дека нивото на подот опаднало за пет-шест сантиметри. - По поплавите забележавме дека еден дел од куќата почна да тоне. Што ќе правиме, како ќе се снаоѓаме, не знаеме - вели семејството Ангелови од Чифлик. Жителите...

СДСМ: Дали Владата го обнови членството во Механизмот за цивилна заштита на ЕУ

Претседателот на Комисијата за локална самоуправа на СДСМ, Дејан Павлески денеска ја обвини владата на Никола Груевски дека покажала целосна негрижа за населението од регионите во државата кои неодмна беа погодени од поплавите, каде што ситуацијата е далеку од нормализирана. Тој посочи дека владата со барањето за пренамена на ИПА фондовите за заштита од поплавите покажала елементарно непознавање на инструментите...

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...