fbpx

Почнува исплатата на семејствата погодени од поплавите

-

На 260 домаќинства погодени од поплавите во повеќе општини од денеска ќе им се исплаќаат средства за санирање на штетите. Семејствата ќе добијат парична помош од 14.000 до 110.000 денари во зависност од големината на штетата.

Претставници на Црвен крст на Република Македонија, на центрите за социјална работа и на загрозените општини, направиле попис на она што е уништено и според нивната процена, потребни се повеќе од 10 милиони денари за санација на штетите. Од донациите на трите телефонски броеви и од солдарната сметка на Црвен крст, собрани се вкупно 12.889.000 денари.

– Направени беа записниции, по што се направи детална процена која покажа дека за санирање на овие штети се потребни повеќе од 10 милиони денари, кои семејствата треба да ги добијат до наредната недела – рече министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Средствата кои ќе останат по првичната дистрибуција до 260-те семејства, ќе се доделуваат откако ќе се направат дополнителни процени за нивните потреби.

Во Битола има 58 семејства кои претрпеле штети, во Новаци три, во Могила 33, во Кичево 69 семејства, во Струмица 19, во Босилово 10, во Неготино 10, во Прилеп 13, во Кривогаштани и во Демир Хисар по седум, во Ресен 11 и во Штип, Кавадарци, Гостивар, Чеишиново-Облешево и во Пехчево по четири семејства.

Од Црвен крст велат дека до погодените семејства биле дистрибуирани 1.026 пакети со прехранбени артикли, 1.047 пакети со средства за хигиена, 2.582 ќебиња, 382 тони вода за пиење, 425 пара гумени чизми, 100 душеци и 780 литри средство за дезинфекција.

Акцијата за донации преку телефонските броеви е веќе завршена, а отворена останува сметката на Фондот за солидарност за сите заинтересирани кои сакаат да донираат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Промоција на винил компилација „Поп култура“, во чест на Мирко Попов

Вечерва ќе се одржи промоција на винил компилацијата „Поп култура“ во едукативниот културен центар „Лабораториум“, во рамките на платформата „Силата ЕУ Младите“. Изданието содржи песни од млади современи македонски поп...