fbpx

Тонат куќите во кочански Чифлик

-

По големите поплави што неодамна го зафатија кочански Чифлик, испукани се ѕидовите на куќите, вратите не можат да се затвораат од влагата, а жителите на селото се жалат дека нивото на подот опаднало за пет-шест сантиметри.

– По поплавите забележавме дека еден дел од куќата почна да тоне. Што ќе правиме, како ќе се снаоѓаме, не знаеме – вели семејството Ангелови од Чифлик.

Жителите на селото велат дека попушта земјата од водите, поради што се поплавени ниските катови и подрумите.
-Еден дел од водата се повлече, додека во подрумот вода имаше до пред три дена – вели жител на селото.

Во селото стравуваат од најавените нови врнежи од дожд. По дворовите сè уште се сушат предмети и сточна храна од последните поплави. Се надеваат дека свежо ископаните канали ќе ги поштедат од нови поплави.

В.К.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...