fbpx
Таг: поплави

таг: поплави

Пронајдено телото на 61-годишниот жител на Лисец

Граѓани кои собирале старо железо попладнево го најдоа телото на 61-годишниот жител на селото Лисец, кој настрада за време на поплавите што завчера го зафатија Тетовско. Телото е пронајдено во близина на наплатната рампа Тетово-Гостивар, во местото Бродиште. Во моментов полицијата врши увид на местото.

Под урнатините во Тетовско сè уште се трага по двајца исчезнати

Македонската армија со кучиња-трагачи и мештаните од село Шипковица, сè уште го бараат телото на шестгодишната Дрита Амети, која загина во поплавите во Тетовско. Потрагата трае и по 61-годишниот жител од Лисец, кому по невремето му се губи секаква трага. Последен пат е забележан како го напасува својот добиток на една од ливадите над селото. Неговата внука е првата жртва што загина...

СДСМ: Не е време за критика туку за единство за побрза и поголема помош на граѓаните

Членовите на извршниот одбор на СДСМ, Љупчо Николовски и Едмонд Адеми, претседателот на комисијата за локална самоуправа, Дејан Павлески, заедно со членови на раководството на општинската организација од Тетово и советници во Советот на Општина Тетово од СДСМ, денеска беа со жителите на Тетово и на Тетовско. „Човечки жртви, огромни штети, наноси од камен, земја, кал и од дрва, искршени...

Пешевски: Владата ќе додели помош по 30.000 денари за настраданите семејства во Тетовско

Повеќе од 200 објекти, приватни куќи, државен имот, земјоделско земјиште и инфраструктура се оштетени во невремето што вчера го зафати Тетовско. Сите жители што претрпеле некаква штета ќе добијат помош од 30.000 денари, соопшти вицепремиерот Владимир Пешевски, по специјалната седница на Владата за катастрофалните последици од невремето во Тетово. Првичните процени на координативното тело формирано од Владата, Општината и од повеќе надлежни...

По вчерашните обилни врнежи од дожд, во Прилеп ситуацијата е стабилна

По вчерашните обилни врнежи од дожд, проследени со силен ветер, кои го зафатија Прилеп, одржана е седница на Кризниот штаб и интервенирано е од екипите од надлежните институции. Како што истакна претседателот на Кризниот штаб, Никола Димески, поднесени се околу 50 пријави, од кои 25 се однесуваат на поплавени подрумски простории, поплавени улици и проблеми со канализациската мрежа. Екипи од надлежните...

ДУИ изрази жалење за жртвите од поплавите во Тетовско

Сочувство до семејствата на жртвите што загинаа за време на поплавите во тетовскиот регион изрази денеска Демократската унија за интеграција. „Уште сношти, сите структури на Демократската унија за интеграција се обврзаа да останат во близина и да им помогнат на жителите погодени од вчерашните поплави во Тетовско. ДУИ изразува жалење за причинетата штета и ги уверува граѓаните дека ќе ги преземе сите...

Пронајдени се три тела на жители на Шипковица, сè уште се трага по девојчето

Трите тела на жителите од Шипковица што загинаа во невремето вчера се пронајдени, а сè уште се трага по девојчето. Мометнално се расчистува патот од надојдената вода и се откопуваат куќите кои целосно беа затрупани со земја. На терен во настраданите подрачја се припадници на војската и на Дирекцијата за заштита и спасување, а од Општина Тетово информираат дека ангажирале и приватни компании...

Жители на Мала Речица: Луѓето настрадаа од градежен шут фрлен на Шар Планина

Градежниот шут што со години се складира на Шар Планина е причина за смртта на жителите од подшарпланиските села, тврдат мештаните на Мала Речица. - Со години се трупа градежен шут на планината. Поради невремето, тој се лизна надолу, од што и настрадаа децата и луѓето - вели жител од Мала Речица. Инаку, се зголемува бројот на жртвите од поплавите во тетовскиот...

Уште две мртви тела пронајдени во Голема Речица

Се зголемува бројот на жртвите од поплавите во тетовскиот регион. Според мештаните од селото Голема Речица, во нивното населено место пронајдени се две мртви тела, жители од шарпланинското село Лисец. Се претпоставува дека има уште жртви, а според жителите од Мала Речица, сè уште се трага по исчезнати лица. Во Голема и во Мала Речица во прекин е снабдувањето со вода. Жителите чекаат цистерни...

Град Скопје испрати помош во Тетовско

Градот Скопје, по обилните врнежи од дожд и по поплавите во Тетово и во регионот околу градот, испрати тим на лица, техничка помош и механизација за справување со поплавите. Испратени се две цистерни за влечење вода и седум цистерни за носење вода од ЈП „Водовод и канализација“ и од ЈП „Kомунална хигиена“, три противпожарни возила опремени со моќни пумпи за испумпување...

Груевски ги посети повредените во Тетово

Премиерот Никола Груевски синоќа по невремето отпатува во Тетово, а ги посети и повредените во градската болница. Тој прво ја посети Голема Речица, каде штетите од поплавите се огромни. Премиерот излезе да направи увид директно на терен, поразговара со надлежните и со граѓаните. По разговорот со жителите, премиерот Груевски замина во болницата во Тетово, каде се хоспитализирани повеќе лица погодени од поплавите. Тој изразил сочувство до...

Во поплавите во Индија загинале повеќе од 100 луѓе

Во монсунските дождови во Индија, изминатата недела животите ги загубиле повеќе од 100 луѓе, а десетици илјади побарале засолниште во некој од прифатните кампови, соопшти денеска индиското министерство за внатрешни работи. Во циклонот што ја зафатил државата Западен Бенгал, загинале 48 лица, а повеќе од 200.000 се наоѓаат во камповите за помош. Индија редовно страда од поплави за време на сезоната на монсуни. Во...

Мјанмар прогласи вонредна состојба поради големите поплави

Претседателот на Мјанмар прогласи вонредна состојба во четири региони во државата поради поплавите во кои животите ги загубија 27 луѓе, јавуваат светските медиуми. Монсунските дождови кои врнат веќе неколку недели го поплавија поголемиот дел од Мјанмар, земја која, исто така, е позната под името Бурма. Според медиумските извештаи, илјадници луѓе побарале засолниште во будистичките манастири во земјата. Според некои информации, припадници...

Поплавите во Виетнам однесоа 14 животи

Најмалку 14 лица загинаа во поплавите што го зафатија Халонг, летувалиште на североистокот на Виетнам, соопштија денеска локалните власти. Три лица, исто така, се водат како исчезнати во најтешките поплави во Виетнам во последните 40 години. Властите соопштија дека неколку илјади куќи се поплавени и оштетени на туристичкиот остров Ко То. Неколку илјади војници се мобилизирани за да им помогнат за загрозените жители. Халонг,...

Жедната Пелагонија ја освежи политичката клима во Битола

Жедни или сити со вода, пелагониските ниви ова лето, по сè изгледа, се единствената тема која ја освежи политичката клима во Битола. Но, во исто време, и првата јадица на која политичките партии се обидуваат да ги ловат гласовите на земјоделците пред новите парламентарни избори. По долгото затишје и конфронтаците за „бомбите“ на Заев, наводнувањето на пелагонските ниви од хидросистемот Стрежево...

Поплавите однесоа 28 животи во Пакистан

Најмалку 28 лица загинаа, а повеќе од 100.000 лица се загрозени од поплавите предизвикани од монсумските дождови во Пакистан, соопштија денеска хуманитарните агенции. Европската канцеларија за хуманитарна помош соопшти дека во провинцијата Читрал, на северозападот на Пакистан, тешко се оштетени патиштата, мостовите и посевите. Најсиромашната пакистанска провинција Балучистан, исто така, е тешко погодена. Метеоролозите најавуваат силни дождови во текот на викендов, што...

Единаесет загинати во поплавите во Иран

Најмалку 11 лица загинаа во поплавите што настанаа по обилните дождови што ги зафатија планинските предели во Иран. Поплавите ги зафатија подрачјата кај Техеран, Алборз и кај Кавзин, а меѓу жртвите има и еден кинески државјанин. Иранската новинска агенција ИРНА јави дека водата однела околу 20 автомобили со патници. Поплавите во планинските предели на Иран се честа појава поради непрекинатото градење куќи во близина...

Во поплави на Филипините, настрадаа четворица

Најмалку четири лица настрадаа, а повеќе од 1.000 се принудени да ги напуштат своите домови поради поплавите што погодија голем дел од северот на Филипините. Обилните монсунски дождови врнат со денови во провинциите кои главно се занимаваат со земјоделство, поради што се поплавени и патиштата, а 3.000 лица се евакуирани, пренесува АФП. Меѓу настраданите е и шестмесечно бебе, кое е затрупано при лизгање на...

Исплатена оштетата за поплавените од Босилово

Владата им исплати 14 милиони денари на 250 земјоделци од Босилово, како отштета за поплавите во јануари и во февруари годинава. Оштета од поплавите досега е исплатена на домаќинствата и на земјоделците од Могила, Новаци и од Демир Хисар. Владата одлучи стопроцентно да ги обесштети земјоделците и домаќинствата од штетите од поплавите во јануари и во февруари годинава, како и да...

Почнува реконструкцијата на коритото на Шемница

За една недела ќе почне реконструкцијата на коритото на реката Шемница во делот на општина Могила. По големите поплави од февруари оваа година, кога во Пелагониско беа под вода илјадници хектари земјиште, ќе се прави регулација на коритото на реката во должина од 260 метри, кај железниот мост во атарот на селото Могила. Во исто време, во реката Шемница ќе...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...