fbpx

Груевски ги посети повредените во Тетово

-

Премиерот Никола Груевски синоќа по невремето отпатува во Тетово, а ги посети и повредените во градската болница.

Тој прво ја посети Голема Речица, каде штетите од поплавите се огромни. Премиерот излезе да направи увид директно на терен, поразговара со надлежните и со граѓаните.

По разговорот со жителите, премиерот Груевски замина во болницата во Тетово, каде се хоспитализирани повеќе лица погодени од поплавите.

Тој изразил сочувство до семејствата на настраданите и истакнал дека сите капацитети на државата се ставени во функција за полесно справување со последиците.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...