fbpx

ДУИ изрази жалење за жртвите од поплавите во Тетовско

-

Сочувство до семејствата на жртвите што загинаа за време на поплавите во тетовскиот регион изрази денеска Демократската унија за интеграција.

„Уште сношти, сите структури на Демократската унија за интеграција се обврзаа да останат во близина и да им помогнат на жителите погодени од вчерашните поплави во Тетовско. ДУИ изразува жалење за причинетата штета и ги уверува граѓаните дека ќе ги преземе сите мерки за обесштетување на штетите предизвикани од поплавите. Апелираме до граѓаните што имаат материјална штета да ги следат постапките и упатствата што ќе ги преземат надлежните органи за да се процени штетата. ДУИ апелира до сите политички фактори, невладините организации и до медиумите да изразат солидарност со напорите да им се помогне на жителите и да не се користи природната катастрофа и трагедијата во Тетово за дневни политички цели. Жителите на Тетово и на полошкиот регион имаат потреба за нашиот придонес и искрена поддршка и ние ќе стоиме зад нив“, се вели во соопштението на партијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Путин го посети Си во Пекинг, повика на посилна економска соработка меѓу Русија и Кина

Рускиот претседател Владимир Путин ја истакна важноста на економската соработка меѓу Русија и Кина во посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, пренесува „Њујорк тајмс“. Додека неговата армија напредува...