fbpx

СДСМ: Како се потрошија неколку милиони евра за изградба на нова канализациска мрежа во Прилеп

-

По вчерашните поплави во Прилеп, Марјан Ристески и ВМРО-ДПМНЕ треба да одговорат како се потрошија неколку милиони евра за изградба на нова канализациска мрежа од проектот за пречистителна станица во Прилеп, реагираат од СДСМ.

„По само еден час интензивен дожд, покрај тоа што Прилеп повторно наликуваше на Венеција, на видело излезе целата неспособност и нестручност во изградбата на канализациската мрежа. Кој ги избираше изведувачите, дали се вршеше надзор над нивната работа, какви пропусти се направени во градежните зафати на терен, се прашања за кои нема да дозволиме да останат неодговорени. За поплавите, штетите по општинскиот и по приватниот имот и за потенцијалните зарази од истечените фекалии по улиците на градот, како и за сите неправилности во изградбата, мора да има морална, законска и политичка одговорност.
СДСМ уште од самиот почеток на проектот алармираше и укажуваше. Проектот за пречистителната станица во Прилеп беше дел и од аферата со бројните фирми во куќата на поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Граѓаните знаат дека и фирмите на изведувачот и надзорот беа сместени во куќата на Јанакиески и дека за градежните активности беше ангажирана фирма на негови роднини.
Потребна е целосна ревизија на трошењето на средствата од проектот за пречистителната станица и тоа ќе го направиме. Дополнително, алармиравме и за некадарноста на општинскиот штаб за справување со кризи, а советничката група на СДСМ ја напушти седницата кога се формираше истиот, од причини што во него е вклучен речиси целиот општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ, без ниту еден професионалец. Штетата од таквиот кризен штаб, за жал, и на сопствен грб, ја почувствуваа граѓаните на Прилеп“, се вели во соопштението на СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ВМРО-ДПМНЕ: Заканите на ДУИ за дестабилизација нема да нè поколебаат

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение жестоко ги отфрла обвинувањата и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. „Македонскиот народ се изјасни низ демократските процеси, а обидите за поткопување на неговата волја...