fbpx

Во поплави на Филипините, настрадаа четворица

-

Најмалку четири лица настрадаа, а повеќе од 1.000 се принудени да ги напуштат своите домови поради поплавите што погодија голем дел од северот на Филипините.

Обилните монсунски дождови врнат со денови во провинциите кои главно се занимаваат со земјоделство, поради што се поплавени и патиштата, а 3.000 лица се евакуирани, пренесува АФП.

Меѓу настраданите е и шестмесечно бебе, кое е затрупано при лизгање на земјиште.

Филипини секоја година ги погодуваат околу 20 тајфуни во кои има и жртви.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...