fbpx

По вчерашните обилни врнежи од дожд, во Прилеп ситуацијата е стабилна

-

По вчерашните обилни врнежи од дожд, проследени со силен ветер, кои го зафатија Прилеп, одржана е седница на Кризниот штаб и интервенирано е од екипите од надлежните институции.

Како што истакна претседателот на Кризниот штаб, Никола Димески, поднесени се околу 50 пријави, од кои 25 се однесуваат на поплавени подрумски простории, поплавени улици и проблеми со канализациската мрежа.

Екипи од надлежните институции работеа на терен, по што отстранети се сите проблеми и ситуацијата е под контрола.

Директорот на ЈКП „Комуналец“, Златко Ристески, истакна дека најголеми наноси има во населбите Тризла и во Бончејца, кои во текот на наредните денови ќе бидат исчистени, а ќе се продолжи и со миење на улиците.

Александар Неделкоски, претседател на Комисијата за елементарни непогоди, истакна дека формирана е комисија за процена на штети, која веќе е излезена на терен и постапува по барањата што утрово беа поднесени во приемното одделение на Општина Прилеп, а се однесуваат на штети кои беа предизвикани од вчерашните обилни врнежи што го зафатија Прилеп.

Неделкоски, исто така, додаде дека сите граѓани кои имаат штети предизвикани од вчерашните обилни врнежи можат да поднесат барање до комисијата за процена на штети во приемното одделение на Општина Прилеп.

Досега поднесени се 11 барања по кои веќе се постапува. Според информациите од Центарот за управување со кризи, за период од околу половина час, вчера во Прилеп наврнаа од 35 до 40 литри на еден квадратен метар. Врнежи од дожд се очекуваат и во текот на денешниот ден и в четврток.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Претставничкиот дом на САД ќе гласа за голема помош за Украина, Израел и Тајван

По неколку месеци одложување, Претставничкиот дом на САД е подготвен да гласа за американска воена помош од десетици милијарди долари за Украина и Израел овој викенд. Предлогот предвидува 60,8...