fbpx

Четврти пат годинава Пелагонија е под вода

-

Последните обилни врнежи од дожд дополнително ја усложнија и онака тешката ситуација во Пелагонија. На неколку села им се закануваат нови поплави по најновото излевањето на Црна во утринските часови.

Повторно најпогодени се селата во општина Могила.

Црна е излеана кај Лознани и кај Тополчани, така што 2.000 хектари плодно земјиште денеска е под вода.

– Цела Пелагонија е под вода, ова ни се чини дека нема крај. Четврти пат ги преживуваме истите работи. Подземните и површинските води се споија и ни нема спас. Ја испуштивме шансата ја го поправиме коритото на Црна по првото излевање на реката во февруари, сега може само да гледаме како уништува сè и да чекаме сонце – вели градоначалникот на општина Могила, Стевче Пивковски.

Поплавите повторно ѝ се закануваат и на општина Новаци. Таму прелевањето на Црна и на деветиот канал им се закануваат на селата Долгобевци, Агларци, Добромири, Рибарци и Гнеотино и веќе се мобилизирани екипи кои треба да помагаат.

– Цела Пелагонија е блато, не може да се влезе ни со механизацијата. Голема влага има и ако продолжат дождовите, не знам што би правеле. Со излевањето на Црна кај Лознани веќе стравуваме дека неколку  населби во нашата општина повторно ќе бидат под вода. Уште штетите не им се исплатени на луѓето, а се прават нови штети – вели Лазе Котевски, градоначалник на Новаци.

И во двете пелагониски општини  пристигнаат донации за поплавените села, а допрва треба да се утрвдат и сумите што Владата треба да им ги исплати на мештаните за претрпените шетити од полавите во нивните ниви и домови.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот за репарации за ропството

Португалската влада го отфрли предлогот на претседателот на државата дека треба да „плати“ за ропството и другите злосторства од колонијалната ера, велејќи дека нема планови за репарации, а наместо...