fbpx
Таг: поплави

таг: поплави

Поплавите, сериозна закана и за пролетната сеидба

Пелагонија е пред нова неизвесност. По големите поплави, под знак прашање е дали оваа година навреме ќе се реализира и пролетна сеидба. Од Пелагонија годинава се очекуваа 80.000 тони пченица, а сега е неизвесно дали најплодната житница во земјава ќе даде 30.000 до 40.000 тони пченица. Веќе 20 дена најголем дел од земјоделските површини во оваа рамница се под вода од метар, па дури...

Повеќе од 400 домаќинства оштететни од поплавите

Барање за обесштетување по поплавите што предизвикаа огромни штети врз земјоделските култури и имотите на мештаните, поднеле околу 410 домаќинства од штипскиот и од пелагонискиот регион. Процена на штетата допрва ќе се врши бидејќи на одредени подрачја водата сè уште не е целосно повлечена. Од штипскиот регион, најмалку 200 семејства поднеле барање за отштета, а од Општината велат дека штетите врз земјоделските...

Стотици жители на Новаци бараат обештетување од поплавите

Само за еден ден, во Општина Новаци се поднесени 230 пријави за обештетување од поплавите. Од Општината велат дека жителите на повеќе села во битолскиот дел на Мариово, каде Црна Река и каналите направија најмногу штети, веќе пополнуваат изјави за да им се надомести штетата по нивните ниви, имоти, куќи и штали. - За многу кратко време добивме близу 250...

Основци собраа хуманитарна помош за свои врсници од поплавените подрачја

Во ОУ „Григор Прличев“ во Охрид, во тек е хуманитарна акција за собирање помош за настраданите во поплавените подрачја во земјава. - Одзивот беше навистина голем. Собраната храна, вода, средства за хигиена, облека и слично се презема од општинскиот Црвен крст. Со нашиот скромен придонес, барем малку да им помогнеме на оние на кои помошта во овие тешки денови им...

Поради поплави, од Џакарта евакуирани повеќе од 6.000 граѓани

Повеќе од 6.000 жители се евакуирани од Џакарта, главниот град на Индонезија, поради обилните монсунски дождови што паѓаат десетина дена. Поради најавите дека силните дождови во ова подрачје ќе паѓаат најмалку уште една недела, гувернерот на Џакарта нареди мобилизација на силите за спасување и определи 28 локации од кои ќе се координира акцијата за заштита од поплавите.  

За поплавените подрачја, собрани 130.000 евра

Во текот на вчерашниот ден, Црвен крст на Република Македонија изврши дистрибуција на хуманитарна помош. Во Битола беа дистрибуирани 465 килограми прехранбени продукти и 54 тони вода за пиење, во Штип - 40 тони вода за пиење, во Куманово беа поделени 15 пакети со прехранбени продукти, 50 пакети со средства за хигиена, 20 пара гумени чизми, 45 ќебиња и 1.000 литри вода за пиење. Преку мобилните телефони...

Поплави и во скопско Смиљковци

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, во текот на изминатата ноќ и денеска извршија увид во село Смиљковци, каде по вчерашните обилни врнежи од дожд се поплавија подрумски простории, како и земјоделско земјиште. Смиљковско Езеро, кое вообичаено се полни со водата што се слева од Скопска Црна Гора, како резултат на...

СВР Охрид се вклучи во акцијата за помош на поплавените подрачја

На иницијатива на канцеларијата за односи со јавноста, Секторот за внатрешни работи од Охрид и Граничната полиција - Регионален центар Запад, се вклучија во акцијата за собирање помош на настраданото население од поплавените подрачја во Република Македонија. Полициските и другите службеници од полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и во Дебар, својата солидарност кон граѓаните во поплавените региони, ќе ја...

Груевски и министрите во посета на поплавените подрачја

Владините функционери се во посета на поплавените подрачја низ Македонија. Премиерот Груевски и министерот Миле Јанакиески денеска се во посета на Битолско, во Новаци и во Могила. Поплавеното подрачје во кумановското село Доброшане денеска ќе го посети министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, ќе го посети кичевскиот регион. Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Ванчо...

Општина Аеродром донира еден милион денари за поплавените подрачја

Општина Аеродром донесе одлука за доделување финансиска помош за санирање на последиците од елементарните непогоди и од поплавите што зафатија поголем број подрачја во Македонија. За да излезе во пресрет на настраданото население, Општина Аеродром од својот буџет ќе издвои финансиска помош во висина од 1.000.000 денари, кои ќе се спроведат со посредство на Црвениот крст на Република Македонија.  

Прва жртва на поплавите: Вода однесе седумгодишно дете

Седумгодишно момче од селото Никуштак, денеска се удавило откако го повлекла надојдената вода. Неофицијално, трагедијата се случила околу 13 часот, кога детето со своето братче одело на училиште. Во моментот кога поминувале низ селскиот дол, наишла надојдената вода од планината и ги повлекла двете деца. Постарото братче успеала да го извлече жена што се нашла во нивна близина, а помалото го...

Небото пак се отвори, Армијата дојде на помош во Пелагонија

Пороен дожд од утрово врне во битолско-пелагонискиот регион. Новите врнежи се уште поголема опасност за поплавената општина Новаци. Надлежните преку цела ноќ ги зајакнуваа насипите за Црна Река да не го поплави целото село Новаци. На помош во Пелагонија пристигаа војници на АРМ и пожарникари од Скопје, на терен е Кризниот штаб, а мештаните веќе поставуваа насипи и вреќи со...

Поплавите предизвикаа политичка бура во битолскиот Совет

Поплавите во Пелагонија предизвикаа вистинска политичка бура на денешната седница на Советот на Општина Битола. Двете главни прашања на кои спореа советниците од власта и од опозицијата беа кој е виновен за оваа катастрофа што им се случи на пелагониските села и на полето, како и тоа кој треба да понесе одговорност за настанатите штети. Советникот од опозициската ЛДП, Валентин Груевски,...

Хуманитарна акција во ООУ „Александар Македонски“ за настраданите од поплавите

Во ООУ „Александар Македонски“, денеска и утре, ќе се организира хуманитарна акција за собирање чиста вода и средства за хигиена, наменети за населението во поплавените подрачја низ Македонија. Собраните средства, во соработка со Црвениот крст, ќе се донираат на потребните места.

Црна се уште опасна за Новаци

Се стабилизира состојба во битолскиот дел на Пелагонија по пресекувањето на патот Битола-Новаци, но и натаму нивото на Црна и излевањето на реката е опасно за домовите на новачани. Во Новаци поплавени се десеттина куќи од кои една е сосема потопена во вода. Преку пресечениот пат надојдените води на Црна сега се сериозна закана за селата Рибарци и Гнеотино. Утрово во...

За поплавените, помош собираат и Македонците во Албанија

Под мотото: „Биди хуман, секому може да му се случи“, во хуманитарната акција за собирање помош за жителите од поплавените подрачја во Република Македонија, се вклучени и етничките Македонци од Република Албанија. Повик за собирање хуманитарна помош упати Македонското друштво „Илинден“ од Тирана.

Поради поплавите, затворени повеќе локални правци

Превентивно ќе биде затворен патниот правец од Ново Село кон Радовиш поради зголемување на нивото на реката Брегалница. Од 15.40 часот во прекин е патниот правец Демир Капија – село Корешница поради зголемување на нивото на реката Вардар и поплавување на пристапот на мостот кон селото. Во прекин е сообраќајот на локалниот пат за селото Покрајчево, кој го поврзува магистралниот пат...

Досега од телефонската акција собрани 619.000 денари

За помош на настраданите од поплавените подрачја, до денеска, преку хуманитарните телефонски линии, се собрани 619.000 денари, а на сметка на Фондот за солидарноста се собрани дополнителни 6.300 денари. Хуманитарната акција за помош на поплавените веќе е во тек, собрани се средства за лична хигиена, вода за пиење, прехранбени продукти, ќебиња и душеци. Од Црвениот крст на Република Македонија велат дека со...

Црна се заканува да го сруши мостот пред РЕК Битола

Опасна станува ситуацијата во општина Новаци откако водите на Црна Река поплавија два помали моста пред РЕК Битола. Патот е отсечен, а постои опасност да биде однесен од силните води, предупредуваат од Општина Новаци. Во селото Новаци веќе се евакуирани неколку семејства кои живеат на почетокот од селото и се сместени во простории на Општината. - Веќе не стравуваме за нивите,...

Иванов ги посети поплавените подрачја во Пелагонија

Претседателот  на државта, Ѓорге Иванов, денеска ги посети поплавените подрачја околу Црна Река во Пелагонија, како и селата Тројкрсти и Лознани. Припадниците на АРМ, вработени во јавните претпријатија од Прилеп и во Противпожарната единица поставуваа вреќи со песок како заштита по најавата за нови дождови.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...