fbpx

Црна се заканува да го сруши мостот пред РЕК Битола

-

Опасна станува ситуацијата во општина Новаци откако водите на Црна Река поплавија два помали моста пред РЕК Битола. Патот е отсечен, а постои опасност да биде однесен од силните води, предупредуваат од Општина Новаци.

Во селото Новаци веќе се евакуирани неколку семејства кои живеат на почетокот од селото и се сместени во простории на Општината.

– Веќе не стравуваме за нивите, туку за животот на нашите сограѓани. Водите на Црна стануваат сè поопасни и постои голема опасност поради надојдената вода која наликува на планински брзак да се сруши мостот и патот на река Црна, кој поминува низ Новаци и води до РЕК. Доколку дојде до тоа, цело село Новаци и најголемиот производител на електрична енергија во земјава ќе останат отсечени – вели градоначалникот Лазар Котевски.

Градоначалникот Котевски, Општината, кризниот штаб и локалното население цела ноќ се на терен. Се копаат насипи за да се спречи надојдената река да не го полави целото село. Водата стаса и до локалното училиште, па утрово децата се пуштени дома.

– Ситуацијата е навистина алармантна поради надојдената вода од браната кај РЕК, која се скина околу 100 метри, скинат е и деветтиот канал во должина од 100 метри, така што целата вода се слева наваму. Веќе почнаа да се поплавуваат куќите на почетокот на селото, поплавено е и повеќенаменското игралиште, а водата е дојдена речиси до училиштето. Затоа ги пуштивме децата да си одат дома и прекината е наставата заради нивна безбедност. Ситуацијата ќе беше далеку покритична доколку не преземевме превентивни мерки уште пред неколку дена – вели Котевски.

Ситуацијата будно се следи, на критичното место кај регионалниот пат поставен е мерач на водостојот за да се следи нивото на Црна, а забрането е и движењето на тешки товарни моторни возила.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...