fbpx

Поради поплавите, затворени повеќе локални правци

-

Превентивно ќе биде затворен патниот правец од Ново Село кон Радовиш поради зголемување на нивото на реката Брегалница.

Од 15.40 часот во прекин е патниот правец Демир Капија – село Корешница поради зголемување на нивото на реката Вардар и поплавување на пристапот на мостот кон селото.

Во прекин е сообраќајот на локалниот пат за селото Покрајчево, кој го поврзува магистралниот пат А-4 Радовиш – Струмица, поради излевање на Радовишка Река. Сообраќајот се одвива преку селото Подареш кон Радовиш.

Забрана за тешки товарни возила и за автобуси од 20.30 часот има на патниот правец Дебар – Маврово.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...