fbpx
Таг: поплави

таг: поплави

Војската дојде на помош во поплавената Пелагонија

Од утрово припадници на АРМ, Кризниот штаб на пелагониските општини и месното население, почнаа голема акција за санирање на штетите на коритото на реката Црна во Пелагонија, која се излеа на неколку места. Вреќи со песок се поставуваат на најкритичните места од селото Тополчани, па сè до течението на Црна во општините Могила и Новаци. - Од рано утрово почнавме...

Црвениот крст со хуманитарна помош за настраданите семејства

Тимови за процена за потребите од хуманитарна помош за настраданото население од поплавите испрати Црвениот крст на Република Македонија преку општинските организации на Црвен крст. Најзагрозени и најпогодени општини се: Куманово, Штип, Струмица, Кочани, Прилеп (Кривогаштани) и Битола. Хуманитарна помош се дистрибуираше на 15 семејства, со пакети во храна во селата Пухче и Степанци , на 22 семејства со пакети...

Нема заразни заболувања во Чешиново-Облешево

Кризниот штаб, на кој присуствуваше министерот за здравство Никола Тодоров заедно со епидемиолози од Институтот за јавно здравје, констатираше дека засега нема пријави за заразни заболувања на подрачјето на општина Чешиново-Облешево. Здравствените лица будно ќе ја следат состојбата во однос на безбедноста на водата за пиење и евентуална појава на заразни заболувања. Центарот за јавно здравје од ова подрачје секојдневно...

Селата околу Битола целосно под вода

Невремето ги зафати и најблиските села околу Битола, кои се целосно поплавени. Во Кравари, Оптичари, Поешево, Логоварди, Дорно Оризари, Карамани и Трн, граѓаните со чизми влегуваат во своите домови, а некои заробени од водата воопшто не излегуваат од дома. Со пумпи, секој од сопствениците се обидува да го намали количеството вода од внатрешноста на објектите, но водата само надоаѓа. Мештаните се...

СДСМ: Поплавите во Пелагонија се поради неисчистените канали на Црна Река

Пратениците и советниците на СДСМ од Битола, од општина Могила и од општина Новаци, изминатите неколку дена се во сите населени места, коишто се загрозени од поплавите предизвикани од излевањето на Црна Река. Главна причина за поплавите во Пелагонија, за поплавеното битолско и прилепско поле, се неисчистените канали на Црна Река, рече на денешната прес-конференција Васко Ковачевски, пратеник и претседател на...

Затворен патот Штип – Радовиш

Од Општина Штип ги информираат граѓаните дека патот Штип - Радовиш е затворен за сообраќај поради излевање на Брегалница. - Сите кои патуваат кон лакавичкиот регион, да го користат алтернативниот пат од клучката кај Три чешми кон Радовиш. Водениот бран од браната Калиманци пристигна во Штип. Поради зголемено ниво на водата, се аплеира до граѓаните да бидат внимателни, стоката да...

Поплавени домови во Кочанско

Изминатата ноќ беше критично во неколку населени места во Кочанско. Реката Брегалница се излеа и поплави призмени простории и дворови во Чешиново и во Уларци. Селото Теранци 24 часа беше отсечено од општинскиот центар Чешиново – Облешево . Единствената врска ја имаше преку Зрновци. Механизацијата од утрото работи на расчистување на најкритичните места. Акумулацијата Калиманци веќе 30 часа е во...

Струшко Мислешево како мала Венеција

Обилните врнежи од дожд и од снег што деновиве ја погодија Република Македонија, предизвикаа поплави и во регионот на Охрид и на Струга. Порталот „Охрид прес“ објави фотографии кои за струшкото село Мислешево одаваат впечаток на мала Венеција. Делови од селото се околу 50 сантиметри под вода. Под вода е и дел од полето од Мислешево кон аеродромот „Св.Апостол Павле“. Жителите на...

Повеќе од 1.000 хектари поплавени во Пелагонија

Повеќе од 1.000 хектари плодно земјиште денеска е под вода во пелагониската општина Новаци, откако нивото на Црна Река во овој дел утрово достигна неверојатни 4,84 метри. Ноќеска Општина Новаци мораше да интервенира на неколку критични места од мостот на Црна, кај манастирот „Пресвета Богордица“, па сè до браната на РЕК Битола, од каде комбинатот се снабдува со вода...

Насипите во Штипско издржаа

Црните сценарија го одминаа Штип и покрај прелевањето на акумулацијата Калиманци, поплави немаше. Реката Брегалница го достигна своето максимално ниво синоќа, по 20 часот, меѓутоа насипите кај критичните точки издржаа. Екипи на кризниот штаб до доцна во ноќта останаа кај Ново Село, каде пролетта во 2013 година надојдените води ги пополави ниските катови на новоселци. Таму, од петокот беа...

Снегот донесе убавина и нови штети во Охрид

Поплавени сообраќајници и паркови и урнати дрвја им донесе невремето на охриѓани. Најновите врнежи од снег, а пред тоа дождот и ветерот, не им создадоа некои посебни проблеми на охриѓани, освен на пешаците кои тешко се движат по коловозирте и по тротоарите. Пред да се интензивираат снежните врнежи, во Охрид врнеше дожд, проследен со силен ветер, кој го разбрани езерото. Брановите...

Се очекуваат нови поплави во Штип

Се очекува големо надоаѓање на реката Брегалница во Штип и да бидат поплавени три населби - 8 Ноември, Чардаклија и Ново Село. Загрижувачка е и состојбата со браната Калиманци, каде во моментов се излеваат 50 кубни метри вода во секунда. Во моментов во Штип заседава државниот кризен штаб. Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, сите градоначалници од источниот регион, како...

Коритото на Лакавичка Река со години не било чистено

По последните поплави во лакавичкиот регион, исплива на површина фактот дека коритото на Лакавичка Река не било прочистено со години. Всушност, коритото е „жртва“ на законот, според кој, Министерството за заштита на животната средина издало наредба за стопирање на чистење на коритото. Директорот на Инспекторатот за животна средина, Фирус Мемед, во изјава за „ТВ Ирис“, потврди дека чистењето е стопирано....

Град Скопје е подготвен да се справи со невремето

Штабот за заштита и за спасување на Град Скопје денеска изведе техничко-показна вежба, на кејот на реката Вардар, кај паркот во Аеродром, на која беа демонстрирани техники за справување со последиците од влошени временски услови во градска средина. Градот Скопје денеска соопшти дека заедно со штабот за заштита и спасување се подготвени да се справат со невремето што се најавува дека...

Пелагонија со насипи и со тампонажа ќе се штити од евентуални поплави

Се редат вреќи со песок, со багери се прават насипи, се штитат куќите и шталите од евентуални поплави. Ваква е сликата денеска во плодната Пелагонија, по најавите за нови врнежи од дожд во регионот и за излевање на реките. Општина Новаци, која е најзасегната од ваквата ситуација и каде се поплавени неколку стотини хектари плодни ниви, веќе ги лоцира критичните...

Во Пелагонија поплавени 400 хектари

Поплавите земаат замав во Пелагонија. Пелагониските власти го свикаа кризниот штаб откако Црна Река денеска поплави повеќе од 400 хектари во делот на Општина Новаци, кај село Гнеотино. Поплавите ги кренаа на нозе општинарите, Земојделски комбинат „Пелагонија“, Водостопанско претпријатие „Битолско Поле“, како и Регионалната дирекција за заштита и спасување. По проверките на терен, утврдено е дека пробиен е десеттиот канал, надојдените...

Водата во Штип и во Пробиштип забранета за пиење

Водата од водоводот во Штип поради поплавување на бунарите, сè уште не е за пиење. И во Пробиштип и во околните села забрането е да се пие водата од водовод поради заматување на бунарите. Анализите направени во Јавното претпријатие „Исар“ од Штип покажуваат дека водата за пиење е исправна и бактериолошки и хемиски, но додека не се добие потврда на...

Опаѓа нивото на реките, водата се повлекува

Водата од поплавените места се повлекува, а нивото на реките се намалува. Штетите предизвикани од поплавите допрва ќе се проценуваат. Метереолозите за наредните денови најавуваат нови врнежи од дожд. Нивото на Вардар во Велес денеска опаѓа, со што е надмината опасноста од поплави по вчерашните врнежи од дожд, информираат од Регионалниот центар за справување со кризи во Велес. Оттаму велат дека и...

Црна Река се прелеа кај селото Вашарејца

Црна Река се излеа кај пелагониското село Вашарејца и поплави земјоделски површини, потврдуваат од Дирекцијата за заштита и спасување во Битола. Стравувањата на надлежните во Пелагонија за излевање на Црна Река се остварија по синоќешниот силен дожд во овој регион. Нивото на Црна достигна 3,98 метри и се излеа на неколку места во атарот на Тополчани и во селото Вашарејца,...

Водостојот на реките намален, се санираат штетите

По обилните врнежи од дожд, водостојот на реките низ Македонија се намалува, а екипи расчистуваат на местата каде што имаше излевања, велат од Дирекцијата за заштита и спасување. Големи штети се предизвикани во Лакавичко, каде без струја се селата Лакавица и Лесковица, a водата во Штип е забранета за пиење. Од Општина Штип велат дека ја следат состојбата со водостојот на реките...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...