fbpx

Досега од телефонската акција собрани 619.000 денари

-

За помош на настраданите од поплавените подрачја, до денеска, преку хуманитарните телефонски линии, се собрани 619.000 денари, а на сметка на Фондот за солидарноста се собрани дополнителни 6.300 денари.

Хуманитарната акција за помош на поплавените веќе е во тек, собрани се средства за лична хигиена, вода за пиење, прехранбени продукти, ќебиња и душеци.

Од Црвениот крст на Република Македонија велат дека со донациите ќе им се помогне на околу 650 загрозени семејства, од кои на околу 300 семејства помошта им е веќе доставена.

Надлежните институции апелираа и да не се пие водата во настраданите подрачја, а за таа цел се донирани повеќе од 50.000 литри вода да пиење.

Од денеска Црвениот крст на Р.Македонија отвори и донаторска девизна сметка, на која можат да донираат граѓани од странство.

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, апелираше до сите граѓани, приватни компании, Македонците од дијаспората и до граѓани надвор од државата да се приклучат кон хуманитарната помош и да дадат свој придонес на еден од телефонските броеви 070/075/077-143-400.

donacija za stranci

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...