fbpx

Парите за панорамското тркало може да спасат 516 Тамари

-

Панорамското тркало што ќе биде поставено на мост на реката Вардар, ќе чини 956 милиони денари, односно речиси 15,55 милиони евра. Оваа сума од 15,5 милиони евра е половина од парите за кои се задолжи Владата пред два дена во вредност од 33 милиони евра и со неа можеа да се спасат 516 Тамари и да се платат оштети за 95,6 поплави како поплавите што ја зафатија Македонија годинава.

На кејот на реката Вардар во центарот на Скопје, веднаш до галијата „Ројал Македонија“, почнаа подготовките за изградба на мост на кој ќе биде поставено панорамското тркало. Мостот ќе ги спојува Музејот на македонската борба од едната страна на Вардар и МЕПСО од другата. Предвидено е панорамското тркало да има 30 гондоли, секоја со капацитет за осум возрасни лица и за две деца, кои ќе се вртат до максимална висина од 73 метри. Со тркалото ќе стопанисува Јавното сообраќајно претрпијатие.

– Градењето на мостот и панорамското тркало е почнато во октомври. Во моментот се гради насип за темелење на мостот од десната страна. Во согласност со објавениот тендер за јавна набавка, за најповолен понудувач е избрана фирмата „Бетон“. Рокот за изградба е пет години, односно треба да се заврши до 2019 година. Вкупната сума на договорот за јавна набавка е 956 милиони денари, односно речиси 15,5 милиони евра – велат од ЈСП.

За лекување на малата Тамара Димовска од Велес, која боледуваше од искривување на ’рбетот, беа потребни 30.000 евра за седмиот оперативен зафат во странство.

Со парите за панорамското тркало можеше да се спасат 516 лица во ситуација кака таа на Тамара, која почина еден ден пред да стигне решението од Фондот за здравство за таа да се лекува во странство на трошок на државата, која ќе требаше да плати 30.000 евра.

Галија во ВардарПоплавите што ја зафатија Македонија по поројните дождови минатиот месец, направија штета од 10 милиони денари, кои на 260 домаќинства што претрпеа најголеми штети ќе им бидат исплатени од донациите од трите телефонски броеви и од солдарната сметка на Црвен крст, преку кои се собрани 12.889.000 денари. Парите за панорамското тркало можеа да покријат штети од 95,6 поплави со размери како последните што зафатија повеќе делови на Македонија.

– Направени беа записниции, по што се направи детална процена која покажа дека за санирање на овие штети се потребни повеќе од 10 милиони денари – рече министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Владата пред два дена се задолжи со нови 33 милиони евра. Со парите за панорамското тркало можеше да се покрие половина од оваа сума, за која се здолжи државата, само неколку дена откако се задолжи со 21 милион евра.

Задолжувањето беше од домашни кредитори преку продажба на државни хартии од вредност. Според објавените податоци во Проспектите за задолжување на Министерството за финаинсии, државата продаде обврзници со рок на доспевање од една, 10 и од 15 години.

Вчера врз основа на доспеани обврски, Владата на кредиторите требаше да им врати 47 милиони евра.

Заклучно со декември, вкупниот јавен долг на Македонија изнесува 3,9 милијарди евра или 45,8 проценти од домашниот бруто-производ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...