fbpx
Таг: политички партии

таг: политички партии

Трајчевски: Нема критериуми за избалансирано известување, ад хок телото ќе одлучува според сопствено убедување

Членовите на ад хок телото за следење на медиумите во предизборниот период по сопствено убедување ќе одлучуваат дали известувањето на медиумите ќе биде избалансирано во овие 80 дена до почетокот на изборната кампања, вели директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, во неделното интервју на „Радио Слободна Европа“. Трајчевски вели дека разликата меѓу методологијата донесена на...

Предизборни рокови: Што сè нè чека до гласањето на 11 декември?

Двапати одложуваните предвремени парламентарни избори, овојпат ќе бидат закажани на 11 декември. Ова пред два дена го договорија лидерите на политичките партии потписнички на Договорот од Пржино откако претходно двапати ги одложија изборите, кои беа закажани на 24 април, па на 5 јуни. Доколку партиите не се премислат и повторно не ги одложат изборите, еве кои се роковите од Изборниот законик што треба да...

И официјално Хазири од денеска е член на ад хок телото

Ад хок телото за следење на медиумското претставување денеска со консензус го прифати предлогот на политичките партии за петти член во телото да се избере Љуљзим Хазири. - Денеска официјално беше комплетирано привременото тело за следење на изборите, во тие сто дена пред избори. Имаме неколку принципи од кои нема да се отстапи. Тоа е, пред сè, слобода на изразување, слобода...

Могерини и Хан го поздравија договорот меѓу партиите за избори на 11 декември

Високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, и еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, во заедничка изјава го поздравија политичкиот договор што денеска го постигнаа лидерите на политичките партии, потписници на Договорот од Пржино. „Го поздравуваме фактот што лидерите на четирите најголеми политички партии донесоа голем број важни одлуки за спроведување на политичкиот договор од...

Предвремени избори на 11 декември, утре привремена влада

Лидерите на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино вечерва се договорија на 11 декември да се одржат предвремените парламентарни избори. Четворицата лидери, задоволни од постигнатото, кажаа дека се исполнети сите услови за фер и демократски избори. Задоволни од договореното се и двајцата претставници на меѓународната заедница, амбасадорот на САД во земјава, Џес Бејли, и претставникот на Европската...

Груевски: Прифативме сè што бараше СДСМ, само за да има избори на 11 декември

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, порано ја напушти денешната лидерска средба во Клубот на пратеници, на која се договараат деталите за изборите што би требало да се одржат во декември. Тој рече дека за неговата партија се прифатливи сите услови што ќе ги предложи СДСМ само за да не им дадат можност повторно да ги одложуваат изборите. - Ни се потврди по...

Советот на АВМУ ја усвои Нацрт-методологијата за мониторинг на медиумите за изборите

Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на денешната седница ја усвоил Нацрт-методологијата за „мониторинг на изборното медиумско претставување преку радио и телевизиските програмски сервиси за предвремените парламентарни избори, кои ќе се одржат во 2016 година“, соопштија попладнево од Агенцијата. Оттаму информираат дека заради обезбедување на максимална транспарентност на процесот на усвојување на документот во финална верзија, како...

Партиите, засега, без пречки одат кон лидерска средба на 31 август и избори во декември

Политичкиот договор на партиите тече според зацртаниот план. И од двете македонски партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, велат дека нема да има задоцнувања и одлагања, ниту пак проблеми за да се спроведат сите активности за кои партиите се согласија на 20 јули. Од СДСМ информираат дека единствена промена ќе има во датумот за формирање на ад хок телото, кое ќе доцни...

Чарлс Купчан „ги преслуша“ лидерите на четирите политички партии

Лидерите на четирите најголеми политички партии, Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи денеска во одвоени средби се сретнаа со Чарлс Купчан, директор за европски прашања при Националниот совет за безбедност на САД. На средбите се разговарало за излез од политичката криза, политичките предизвици со кои се соочува државата, евроатланските интеграции и членството на Македонија во НАТО. Од владејачката...

Заев: Убеден сум дека договореното ќе биде исполнето и на 11 декември да има избори

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев е оптимист дека условите од договорот што претставниците на четирите политички партии го постигнаа на 20 јули ќе бидат исполнети навреме и дека на 31 август тој и останатите тројца партиски лидери ќе го потврдат 11 декември како датум за одржување на предвремените парламентарни избори. Заев, кој денеска беше во посета на Охрид, рече...

Партизираноста на медиумите е проблем на македонските партии, смета ДУИ

Демократската унија за интеграција смета дека ад хок телото за надзор на медиумите нема да ја спречи партизацијата и политизацијата на медиумите, која, како што вели Артан Груби, шеф на кабинет на лидерот на партијата Али Ахмети, е карактеристично само за макединските партии и медиуми. „Партизираноста и политизираноста на медиумската сфера е карактеристика на македонските политички партии и на медиумите...

Што се реализира, а што уште треба да се направи од договореното

Партиите и институциите, две недели откако преставниците на четирите политички партии постигнаа договор за формирање преодна што која треба да ги организира изборите, се придржуваат до сите рокови што се предвидени во договорот. Преостанува: 18 август – Краен рок за пријавување на спорните гласачи во ДИК; 19 август – Формирање на ад хок тело за медиуми; 31 август – Краен рок за лидерска средба; 2 септември...

Адеми во Братислава: ЕУ не треба да ја заборави политиката на проширување

Вицепримерот задолжен за европски прашања, Арбер Адеми, на покана на Словачкото претседателство со Европската Унија, учествувал на неформалниот состанок на министри за европски прашања, организиран во рамките на Советот за општи работи на Европската Унија, кој се одржал во Братислава на 24 и на 25 јули. На состанокот, како што информираат од кабинетот на вицепермиерот Адеми, учествувал и евокомесарот за...

Партиите запнаа со измените на Изборниот законик што ги договорија пред два дена

Координацијата во Собранието на која требаше да се прецизираат измените на Изборниот законик, кои во средата ги договорија претставниците на четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино, денеска беше двапати откажана, а пратениците заминале на работен состанок во Министерството за правда, јавува „Телма“. Политичките партии, два дена по постиганиот договор, според информациите, запнале околу деталите од измените на Изборниот...

Адеми и Орав го поздравија постигнувањето на договорот меѓу партиите

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Арбeр Адеми, и евроамбасадорот во заминување Аиво Орав го поздравиле постигнувањето на политичкиот договор меѓу четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино. Двајцата соговорници, како што информираат од кабинетот на вицепремиерот, изразиле согласност дека сега од круцијално значење е целосната имплементација на договореното и дека и понатаму останува важноста на спроведувањето на итните...

Шекеринска: Исполнување на условите, па потоа избори е клучната предност на договорот

Она што е предност на договорот меѓу четирите политички партии, постигнат вчера, е тоа што се воспостави правилото да не може да се оди на избори без претходно да се констатира дали условите се исполнети, вели заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, во интервју за „Телма“. Таа вели дека не постои договор без слаби точки, но дека „не е важно само...

Села: Потпишаниот договор на политичките партии е противуставен

Претседателот на Движењето за реформи на ДПА, Зијадин Села, смета дека четирите политички партии го прекршиле Уставот со потпишувањето на вчерашниот договор, со кој, според него, ќе се избришат околу 200.000 гласови од дијаспората, од кои мнозинството се Албанци. Според Села, секој кој има македонско државјанство и плаќа данок во Македонија треба да има право на глас, па негов став е...

Бејли предупреди да се задржи фокусот на имплементирање на договореното

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, пред малку на својот твитер-профил го сподели договорот што вчера го постигнаа политичките партии и напиша: „Договор од 20 јули - партии, медиуми, институции - само 42 дена за да успее – задржете го фокусот“, напиша Бејли. https://twitter.com/AmbBaily/status/756098966756986880 Претходно Бејли го поздрави постигнатиот договор и напиша дека тој е можност за демократија.

Датуми и рокови: Визуелизација на договорот од 20 јули

Договорот што вчера го постигнаа претставниците на четирите најголеми политички партии има неколку клучни датуми и неколку рокови кои треба да се исполнат за да можат лидерите на партиите до 31 август да имаат лидерска средба и да договорат датум за избори и формирање преодна влада.

ДС: Договорот е фрлање прашина во очите на јавноста

Постигнатиот договор меѓу четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино, за одржување избори во декември оваа година, е само фрлање прашина во очите на јавноста, велат од Демократскиот сојуз и додаваат дека договорот не гарантира создавање услови за фер, демократски и веродостојни избори. „Од круцијално значење беа предлозите за реформите во судскиот систем, безбедноста, деполитизација на државните институции, реформите во...

„Спектакуларно непослушни“ – Парада на гордоста на 22 јуни во Скопје

На 22 јуни во Скопје ќе се одржи петтата Парада на гордоста. Националната мрежа против хомофобија и трансфобија денеска одржа прес-конференција посветена на овогодишното издание на Парадата на гордоста, каде...