Груевски: Прифативме сè што бараше СДСМ, само за да има избори на 11 декември

-

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, порано ја напушти денешната лидерска средба во Клубот на пратеници, на која се договараат деталите за изборите што би требало да се одржат во декември.

Тој рече дека за неговата партија се прифатливи сите услови што ќе ги предложи СДСМ само за да не им дадат можност повторно да ги одложуваат изборите.

– Ни се потврди по кој знае кој пат дека СДСМ не сака вистинско решение во МРТВ, туку сакаат партиски уредник. СДСМ побара Санта Аргирова да биде главен уредник на јавниот сервис, која има јасно изразено политичко мислење, но ние прифативме за да нема уште една можност за одложување на изборите. Ги прифативме и промените што ги предлагаат во методологијата за следеење на медиумите пред избори и ги оставивме СДСМ и албанските партии да се договорат за петтиот член во ад хок телото за надзор на медиумите во предизборниот период. Ние се залагаме да има избори на 11 декември и затоа одлучивме да прифатиме сè што ќе побараат за да не мoже да дојде до уште едно одложување – изјави Груевски.

Од преговарачкиот тим на ДПА брифираа дека ги оставиле ДУИ и СДСМ сами да одлучат кој ќе биде петтиот член во ад хок телото.

Доколку тоа биде решено, може да се очекува вечерва да се соопшти датум кога би се одржале вонредните парламентарни избори.

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по средбата со...

Фатен бегалец од затвор во Струмица

На 07.12.2024 во Струмица полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Ш.М.(36) од Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од десет години за сторени кривични дела „тешка кражба“, а...

Обвинение за телесна повреда при семејно насилство

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Доказите обезбедени во...

Старо видео со нова невистина – Баербок не била „избркана“ од прес-салата во Кина

Вистиномер рецензира објава на социјалната мрежа Фејсбук во која се споделува видео материјал од средбата која  германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок ја имаше со тогашниот шеф на кинеската дипломатија...

Трамп повика на итен прекин на огнот во Украина по средбата со Зеленски во Париз

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес повика на итен прекин на огнот и преговори меѓу Украина и Русија за да се стави крај на „лудилото“ само неколку часа по...