fbpx

Партиите запнаа со измените на Изборниот законик што ги договорија пред два дена

-

Координацијата во Собранието на која требаше да се прецизираат измените на Изборниот законик, кои во средата ги договорија претставниците на четирите политички партии, потписнички на Договорот од Пржино, денеска беше двапати откажана, а пратениците заминале на работен состанок во Министерството за правда, јавува „Телма“.

Политичките партии, два дена по постиганиот договор, според информациите, запнале околу деталите од измените на Изборниот законик.

Според неофицијални информации на „Телма“, незадоволство, наводно, изразиле неколку пратеници од ДУИ, кои се пожалиле дека не ги виделе измените и дека преговарачот од ДУИ, Артан Груби, своеволно го потпишал договорот.

Неофицијално, забелешки имало и од опозицискиот СДСМ, но засега нема официјални информации на што точно се однесуваат тие.

Инаку, Изборниот законик треба да се измени уште денеска, а во текот на вчерашниот ден се очекуваше да биде поделена работната верзија на овој закон. Како резултат на партискиот договор, 171.500 лица што се појавија како сомнителни записи, а за кои се претпоставува дека се наоѓаат во странство, ќе се стават на дополнителен список. Нова проверка ќе биде потребна за околу 40.000 лица кои ќе бидат објавени од страна на ДИК во рок од три дена по усвојувањето на амандманите на Изборниот законик, а кои самите ќе треба да се јават за да го докажат своето избирачко право.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...