fbpx
Таг: политички партии

таг: политички партии

ДУИ: Иванов да ја промени одлуката, декларацијата не го крши Уставот

„Заедничката изјава на парламентарните албански партии на Македонија претставува еден заеднички документ на албанските политички партии во Македонија, подготвен и потпишан во Скопје, како резиме на изборните програми на сите наши парламентарни партии и во никој случај не претставува наметнување на каков било надворешен фактор“, стои во соопштението на ДУИ по вчерашниот состанок на централното претседателство на партијата, на...

Маглата во Сараево ги помести средбите на Могерини во Скопје

Високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, поради магла во Сараево слета во Скопје и порано ја почна неколкучасовната посета на Македонија. Могерини своите планирани средби ќе ги одржи порано, односно прво во 14 часот ќе има средба со претствниците на граѓанскиот сектор, во 15 часот во Собранието на Република Македонија ќе се сретне со претставниците на...

Ангелов: Изјавите на Груевски се неодговорни

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, денеска како неодговорни ги оцени изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , Никола Груевски, кои можат да „предизвикаат сериозни инциденти и последици по безбедноста на државата“. Тој ги повика сите политички субјекти да дејствуваат во насока на смирување на состојбата, а не на нејзино потпалување. – Ваквата чувствителна состојба во нашата држава уште повеќе се продлабочува...

Иницијативата „За заедничка Македонија“ повика на протести под „Баханалиите“ на Станковски

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ денеска на прес-конференција објави проглас во кој бара политичките партии да го почитуваат Уставот и да не прифаќаат платформи создадени за туѓи интереси и ги повика граѓаните на мирен протест пред Владата, денеска во 17 часот. Зад членовите на Иницијативата е сликата на Александар Станковски, „Баханалии“. Прес-конференцијата е одржана во Младинскиот културен центар, кој е...

Милошоски: Мандатот на СЈО истекува во јуни и ние им посакуваме сè најдобро – до јуни

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, во интервју за „Сител“, изјави дека став на меѓународната заедница е оти е потребно продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство (рокот за завршување на истрагите и за поднесување обвиненија, н.з.). Пратеникот и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, пак, синоќа, во интервју за истата телевизија, рече дека рокот од 18...

Пломп: Нема време за губење, очекуваме реформска, отчетна и одговорна влада

Нема време за губење и од македонските политичари исклучиво зависи да одлучат за иднината на својата земја, изјави амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп, по денешната презентација на истражувањето „Неосновани притворени - правни и буџетски импликации“, во ЕУ-Инфо центарот во Скопје. - Ако ме прашувате како ги коментирам последните случувања и преговорите за формирање на владата, можам само да го...

Новиот германски претседател Штајнмаер, човекот кој го избоксува Пржино 2

Новиот претседател на Германија, Франк Валтер Штајнмаер, како шеф на германската дипломатија, должност која ја извршуваше се до почетокот на минатиот месец, меѓудругото беше активен и во процесот за разрешување на политичката криза во Македонија. Неговиот ангажман иако не беше многу јавно експониран, сепак беше од пресудно значење во седнувањето на македонските партии на преговарачката маса кон средината на минатата...

Груевски: Хан сфати дека влада на широка коалиција е неизводлива идеја

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во интервју за телевизијата „Нова“ изјави дека еврокомесарот за проширување и добрососедска политика Јоханес Хан во земјава дошол со идеја да ги охрабри политичките партии за широка владина коалиција, но по разговорите со партиските лидери дошол до заклучок дека такво нешто не е изводливо. - Низ разговорите тој сфати дека во Македонија широката коалиција е...

Тачи останува претседател на ДПА до локалните избори

Централното собрание на ДПА одлучи Мендух Тачи и понатаму да ја води партијата. По шестчасовната дискусија денеска највисокото партиско тело со мнозинство гласови, реши вонредниот конгрес на кој ќе се избира идниот претседател и други партиски тела, да се одржи по завршувањето на локалните избори. Тачи изјави дека партијата сметала дека е неопходно да се донесе ваква одлука, бидејќи...

Хан: Партиите да продолжат да преговараат и да покажат демократска зрелост

Потребно е дополнително време, но политичките партии треба да демонстрираат демократска зрелост, изјави денеска еврокомесарот Јоханес Хан на свеченото примопредавање на 31 теренско возило, донација од ЕУ за Граничната полиција, а во контекст на вчерашните разговори со лидерите на политичките партии околу прашањето за формирање нова влада. - Партиите треба да продолжат да преговараат и да демонстрираат демократска зрелост, треба да...

Груевски на Хан му задоцни 40 минути, не сакаше да го снимаат и не даде изјава

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вечерва не даде изјава за медиумите по средбата со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан, како што тоа претходно го направија сите други политички лидери по средбите со еврокомесарот. Според најавите, за деталите од средбата на Груевски со Хан и за ставовите на партијата околу актуелната политичка ситуација за состав на влада, ВМРО-ДПМНЕ...

Жбогар: Со нетрпение ја очекуваме новата влада, партиите треба да одлучат каква ќе биде

Европската Унија очекува што поскоро да се формира нова влада, која во својот фокус ќе ги има евроинтеграциските процеси на земјата, поддржани од сите политички партии, изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Прилеп, во рамките на прокетот „ЕУ за тебе“. - Со нетрпение очекуваме формирање на нова влада. Гледаме дека сите политички партии во земјата ја поддржуваат агендата...

Ахмети: Дојде време вистината и правдата да излезат на виделина

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска имал средба со амбасадорката на Мисијата на ОБСЕ во земјава, Нина Суомалаинен, на која, како што соопштуваат од партијата, било разговарано „за постизбораната ситуација во Македонија“ и за „ставовите на ДУИ за настанатата ситуација“. „Ахмети зборуваше за тенденциозната кампања организирана против него и против ДУИ во последните две години и рече дека дојде време...

ЕУ: Иванов да направи итни консултации со партиите и да определи нов мандатар

Европската Унија очекува од претседателот на државата, Ѓорге Иванов, „да изврши итна и отворена консултација“ со политичките партии во земјата и „бргу да определи лидер за формирање влада“, изјави на прес-конференција портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич. Изјавата на Коцијанчич доаѓа по истекот на рокот од 20 дена, во кој лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и ДУИ не успеаја да...

Ако се договорат, ни Уставот не ги спречува партиите да ги поместат локалните избори

Според измените во Изборниот законик од јануари 2014 година, локалните избори во Македонија, наместо во втората половина на март, се одржуваат во првата половина на мај, но и оваа календарска одредница може да претрпи измени бидејќи прашањата околу локалните избори не се целосно уредени со Уставот туку со закон, кој го носи Собранието. „Изборите за членови на совет и за градоначалник се...

Иванов денеска треба да го додели мандадот за премиер и за нова влада

Денеска е последниот ден од десетте дена во кои претседателот на државата, Ѓорге Иванов, треба да го додели мандатот за формирање на новата влада „на партијата или партиите кои имаат мнозинство во Собранието“, по предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември. „Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието, мандатот за состав на Владата...

Уште само три работни дена за договор за нова влада и премиер

На претседателот на државата, Ѓорге Иванов, му преостануваат шест дена да го додели мандатот на „кандидатот на партијата или партиите што имаат мнозинство во Собранието“ за формирање на нова владина коалиција по предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември. Од овие шест дена за преговори, три дена се работни, а три дена се неработни, меѓу кои се и два празници за православните граѓани....

Течат десетте дена во кои Иванов треба да го додели мандатот за премиер

Од денеска тече рокот од десет дена во кој претседателот на државата, Ѓорге Иванов, треба да му го додели мандатот за формирање влада на „кандидатот на партијата или партиите кои имаат мнозинство во Собранието“, по предвремените парламентари избори одржани на 11 декември. Рокот што го има Иванов да го додели мандатот за формирање влада истекува на 9 јануари, понеделник, веднаш по...

Иванов побара новата влада да го заштити унитарниот карактер на државата

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска при традиционалното новогодишно обраќање, повика да престане реториката на поделби на патриоти и на предавници и побара простување, помирување и одговорност. Иванов рече дека никогаш нема да се согласи Македонија да биде бинационална и федерална држава. Тој ги повика политичарите да не помислат постизборно да преговараат за државните интереси, а од новата влада...

ДИК ќе им ги врачи уверенијата на пратениците, ново собрание до 31 декември

Државната изборна комисија денеска ќе ги издаде уверенијата за избраните пратеници по што ќе може да се конституира Собранието, со пратениците избрани на предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември. Овластените претставници на коалициите и на политичките партии што освоија пратенички места ќе ги подигнат уверенијата во 14 часот во просториите на ДИК. Претседателот на ДИК, Александар Чичаковски, на последната прес-конференција одржана...