fbpx

Ангелов: Изјавите на Груевски се неодговорни

-

Лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, денеска како неодговорни ги оцени изјавите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ , Никола Груевски, кои можат да „предизвикаат сериозни инциденти и последици по безбедноста на државата“. Тој ги повика сите политички субјекти да дејствуваат во насока на смирување на состојбата, а не на нејзино потпалување.

– Ваквата чувствителна состојба во нашата држава уште повеќе се продлабочува со понатамошното одолжување на давањето мандат од страна на претседателот Ѓорге Иванов. Го повикуваме Иванов веднаш да го додели мандатот за состав на новата влада на Република Македонија – рече Ангелов.

Тој го повика и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како следен мандатар, да биде внимателен и да си го одржи ветувањето дека нема да прифати ниту едно барање од т.н. платформа од Тирана, кое излегува од рамките на Уставот, како и надвор од потребите на македонските граѓани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинците не си ја продале православната вера, таа е доминантна во Украина

Високи 72 отсто од Украинците се декларираат како православни христијани од кои 54 отсто се приврзаници на автокефалната православна црква на Украина, 14 отсто се идентификувале како православни христијани...