fbpx
Таг: политички партии

таг: политички партии

ДИК утре свечено ќе ги врачи уверенијата на новоизбраните пратеници во Собранието

Државната изборна комисија (ДИК) утре свечено ќе им ги врачи уверенијата на претставниците на коалициите и на политичките партии кои освоија пратенички мандати на предвремените парламентарни избори, кои се одржаа на 11 декември. Ова го отвора патот за свикување конститутивна седница на новото собрание. „Ве известуваме дека уверенијата за пратениците избрани на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република...

Весела владина математика: 49+10+5+3 или 49+10+5+3+2 или 51+10+2 или 51+10+3+2?

Откако Државната изборна комисија (ДИК) соопшти дека и по прегласувањето во Теарце, соодносот во новиот собраниски состав меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ останува 51 - 49, почнуваат да течат роковите за формирање нова влада, но и да се прават извесни комбинаторики и математички формули, кои сите како суштинска ја имаат бројката од најмалку 61 пратеник. Во очекување на официјалните и конечни резултати,...

„Цивил“: Некои партии нудат поткуп на гласачите за да не излезат на гласање во Теарце

Oдредени политички партии нуделе поткуп на избирачите за да не излезат на прегласувањето што ќе се одржи в недела, изјавија од граѓанската организација „Цивил“ на денешната прес-конференција во Теарце. - Никој нема право на граѓаните да им го одземе правото на глас и секој обид да се спроведе некоја незаконска активност од типот на поткуп на гласачи е казнив со закон....

Експратеничка на ВМРО-ДПМНЕ ќе го води советот на Управниот суд за тужбите

Управниот суд со жрепка ги избра петтемина судии што на јавна седница ќе одлучуваат по тужбите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ за одлуките што Државната изборна комисија (ДИК) ги донесе по приговорите за текот на гласањето на изборните на 11 декември. Претседател на петчелниот совет е судијката и заменик-претседател на Управниот суд, Весна Јовановска, а членови се судиите Бурим Сејдини, Анета...

Партиите до ДИК доставиле 16 приговори, СДСМ и Беса по осум

До државната изборна комисија поднесени се 16 приговори кои се однесуваат на текот на гласањето на предвремените парламентарни избори одржани на 11 декември, но и за постапката на утврдување и на сумирање на гласовите. - СДСМ и партијата Беса поднесоа по осум приговори. Приговорите на Беса се однесуваат на општините Арачиново, Тетово, Гази Баба и Липково, а приговорите на СДСМ во...

ДИК: Рокот за приговори истекува денеска во 19 часот

Приговорите за постапката за гласање, политичките партии можат да ги поднесуваат најдоцна до 19 часот денеска, соопшти попладнево Државната изборна комисија. „Подносителите на листи на кандидати имаат право да поднесат приговори до ДИК за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите во рок од 48 часа по завршувањето на гласањето, односно 48 часа по објавувањето на првичните резултати“, велат од...

ОБСЕ: Изборите поминаа добро, но државата мора да ги зајакне институциите

Изборниот ден главно помина добро, а доколку има поплаки, инстутициите и државата треба да се справат со нив, изјави специјалниот претставник на ОБСЕ, Роберто Батели, при презентирањето на првичните наоди за текот на изборниот процес. Во заедничкиот заклучок на меѓународните набљудувачи се истакнува дека граѓаните ја сфатиле важноста и улогата на изборите, а политичарите сега треба да ја искористат можноста...

Концентрациона, коалициона, транзициска – се лицитира со термини за новата влада

Неизвесноста што ја покажуваат конечните резултати од предвремените парламентарни избори, упатува на фактот дека формирањето на новата влада ќе оди тешко и комплицирано, а не се исклучува можноста да се формира коалициска влада. Иако ДИК сè уште не излегла со проекција за распределбата на пратеничките мандати по политички партии, резултатите од изборите говорат дека ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се многу блиску и...

Партиите имале 1,4 милиони евра, а потрошиле 3,1 милиони евра за кампањата

За време на изборната кампања, политичките партии потрошиле двапати повеќе пари од што имале приходи. Вкупните приходи на сите политички партии изнесувале 88.314.902 денари (1.436.015 евра), а расходите биле 195.501.767 денари (3.178.890 евра). Ова денеска го соопшти „Транспарентност Македонија“ при презентирање на резултатите добиени од надзорот на трошењата на политичките партии во периодот од 1 до 9 декември и од анализата...

Денеска се гласа во дијаспората, а кај нас гласаат болните и затворениците

Од синоќа на полноќ настапи предизборниот молк, а денеска гласањето за предвремените парламентарни избори кои ќе се одржат утре (11 декември) се спроведува во дијаспората. Во земјава, пак, гласаат пријавените болни, изнемоштени и лицата во притвор. Гласањето се спроведува за 2.015 затвореници и лица во притвор, а ќе гласаат и 13 внатрешно раселени лица. Болните и немоќните ќе гласаат дома или на...

„Цивил“: 104 граѓани не можат да се најдат на избирачкиот список

Невладината „Цивил“ денеска до ДИК достави список од 104 лица кои биле избришани од избирачкиот список и упати барање да им се регулира правото на глас на овие лица. Оттаму велат дека т.н. фантомски гласачи не се целосно избришани од списокот, туку дека само мигрирале од една на друга адреса. - И по сите теренски и софтверски вкрстувања, ние имаме...

Иванов: На 11 декември очекувам да биде поздравена и признаена волјата на граѓаните

„На 11 декември, ве повикувам да излезете и да го остварите вашето право на глас и да ја исполните вашата граѓанска должност. Повикувам да гласате по сопствено убедување и да ја дадете довербата на онаа политичка партија и опција за која верувате дека е најдобриот избор за вас и за Република Македонија“, стои во пораката на претседателот на државата,...

Иванов: Време е да ги оставиме поделбите зад нас и да се сплотиме

Само со одговорно однесување на 11 декември ќе го означиме крајот на политичката криза и почетокот на националното помирување во Република Македонија, а помирувањето ни е потребно повеќе од кога и да било порано, рече претседателот Ѓорге Иванов, во своето обраќање на свечената академија по повод 8 Декември – празникот посветен на свети Климент Охридски. – Нема друг пат кон...

На овие избори гласате за вашата и за иднината на Македонија, порача Заев од Бутел

На овие избори не се гласа за партија туку за вашата иднина и за иднината на Македонија, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на митингот на Коалицијата за живот во Македонија вечерва во Бутел. - Не се гласа за партија. На овие избори гласате за вашата иднина и за иднината на Македонија. Ни треба стабилна иднина. Секој ќе одговара по...

Груевски: На 11 декември СДСМ ќе го доживее десеттиот пораз

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и предводник на Коалицијата за подобра Македонија, Никола Груевски, вечерва на митингот во Куманово рече дека народот како никогаш досега ќе ги казни СДСМ и лидерот Зоран Заев. - Народот ќе гласа за опцијата која нуди сувереност, унитарност, цврстина на Македонија и која економски ќе зајакнува. Држава која ќе ги зголеми субвенциите, пензиите, социјалната помош, платите во...

ИРИ: Големиот број неопределени може да го намали водството на владејачката коалиција

Додека анкетите покажуваат победа за владејачките ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, широкиот песимизам и значителниот процент на неопределени гласачи кој го покажуваат истражувањата, може да го намали водството на коалицијата и потенцијално да ги наруши нивните односи, се вели во предизборниот надзорен извештај на Меѓународниот републикански институт (ИРИ). Според ИРИ, излезноста на претстојните избори ќе биде повеќе од 60 отсто. „Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР извести...

Груевски презафатен да излезе на ТВ-дуел на МТВ и на „Телма“

Лидерите на четирите најголеми политички партии Никола Груевски, Зоран Заев, Али Ахмети и Мендух Тачи, нема да имаат предизборно телевизиско соочување. Вакви ТВ-дуели помеѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА беа закажани на неколку телевизии, но беа и откажани поради, како што соопштиле дел од лидерите, презафатеност. Изборно соочување помеѓу лидерите на четирите најголеми партии за утре беше закажано на...

Според анкетата на „Димитрија Чуповски“, ВМРО-ДПМНЕ со речиси двојна предност пред СДСМ

Новата анкета на Институтот „Димитрија Чуповски“ покажува дека за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 28,1 отсто од испитаниците, за СДСМ - 15 отсто, за ДУИ - 5,7 отсто, а за ДПА - 2,2 отсто. Истражувањето покажува дека за Беса би гласале 3,9 отсто од анкетираните, за Алијансата за Албанците - 1,8 отсто, а за Левица и за коалицијата ВМРО за Македонија -...

Партиите не прикажале расходи за комунални, комуникациски и транспортни услуги

Голем дел од политичките партии немаат прикажано расходи за комунални и за комуникациски услуги, како и расходи за превоз и транспортни услуги, покажува извештајот на „Транспарентност Македонија“, која врши надзор на трошењата од буџетите и на политичките партии во предизборниот и изборниот процес. - Осум политички партии немаат прикажани расходи за комунални услуги и за греење, а исто толку партии...

Анкета „Фактор плус“: 4,5 отсто предност за ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ

За Коалицијата за подобра Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ би гласале 27,6 отсто од гласачите, за СДСМ и за Коалицијата за живот во Македонија - 23,1 отсто, за ДУИ - 6,2 отсто, за Коалицијата за промени и правда - 6,1 отсто, за ДПА - 4,4 отсто, за Коалицијата ВМРО за Македонија - 1,3 отсто и за Движењето Беса 1 отсто,...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...