Хан: Партиите да продолжат да преговараат и да покажат демократска зрелост

-

Потребно е дополнително време, но политичките партии треба да демонстрираат демократска зрелост, изјави денеска еврокомесарот Јоханес Хан на свеченото примопредавање на 31 теренско возило, донација од ЕУ за Граничната полиција, а во контекст на вчерашните разговори со лидерите на политичките партии околу прашањето за формирање нова влада.

– Партиите треба да продолжат да преговараат и да демонстрираат демократска зрелост, треба да понудат одлична програма базирана на Договорот од Пржино и посветеност на европската перспектива. И ако ова биде случај, јас сум убеден во иднината на земјата – изјави Хан.

На прашањето дали во разговорите со него, партиите вчера покажале демократска зрелост, Хан не одговори, но рече дека тој е секогаш оптимист.

Еврокомесарот во обраќањето на свеченоста, се осврна и на средбата што утрово ја имаше со претседателот Ѓорге Иванов.

Тој рече дека претседателот го замолил „Европската Унија да направи повеќе за неговата земја и да има повеќе настани како што е денешниот, посветен на донацијата на возилата од ЕУ“.

– Јас го поканив Иванов да дојде со мене на настанот што ја демонстрира силната соработка и силните врски меѓу ЕУ и вашата земја – рече Хан.

Претседателот Иванов, сепак, не беше меѓу присутните гости на денешната свеченост во кругот на МВР.

САД ќе го прекинат финансирањето за вакцини за сиромашните земји, но ќе продолжат со одредена помош за ХИВ и туберкулоза

Администрацијата на Трамп има намера да ја прекине финансиската поддршка на САД за Гави, организацијата која помогна во набавката на клучни вакцини за децата во земјите во развој, спасувајќи милиони животи...

Студентската правобранителка на УКИМ: Да ја споделиме маката и да бараме систем кој работи за нас

По низата случувања во академската заедница во текот на изминатите две недели кои следуваа по трагедијата во кочанската дискотека „Пулс,“ попладнево со став се огласи студентската правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил...

Српските студенти организираат изложба на кучиња за собирање средства за фамилиите на жртвите од пожарот во Кочани

Студенти на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград во недела организираат изложба на кучиња со цел да соберат средства за семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. „Ги покануваме сите љубители на...

Започнаа годишните билатерални разговори со НАТО

Денес и утре тим од НАТО – Алијансата предводен од високиот политички експерт и известител за нашата држава Стјуарт Ендрјус ќе учествува на билатералните одбранбени разговори со Алијансата, соопштија од Министерството...

САД ќе го прекинат финансирањето за вакцини за сиромашните земји, но ќе продолжат со одредена помош за ХИВ и туберкулоза

Администрацијата на Трамп има намера да ја прекине финансиската поддршка на САД за Гави, организацијата која помогна во набавката на клучни вакцини за децата во земјите во развој, спасувајќи...