Новиот германски претседател Штајнмаер, човекот кој го избоксува Пржино 2

-

Новиот претседател на Германија, Франк Валтер Штајнмаер, како шеф на германската дипломатија, должност која ја извршуваше се до почетокот на минатиот месец, меѓудругото беше активен и во процесот за разрешување на политичката криза во Македонија.

Неговиот ангажман иако не беше многу јавно експониран, сепак беше од пресудно значење во седнувањето на македонските партии на преговарачката маса кон средината на минатата година, што се рефлектираше во постигнувањето на анексот на Договорот од Пржино, односно договорот од 20 јули, по што беа дефиниран правилата на игра кои доведоа до изборите на 11 декември.

  • На 4 мај минатата година Штајнмаер за свој личен пратеник околу кризата во Македонија го именуваше амбасадорот на Германија во Виена, Јоханес Хајндл.
  • Ваквиот потег дојде по сериозното нарушување на односите меѓу тогашниот олеснувач во преговорите Питер Ванхауте и ВМРО-ДПМНЕ, но и изјвата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан, за бугарски медиум, дека „не е важно колку партии ќе учествуваат на изборите (кои тогаш беа закажани за 24 април, односно 5 јуни, и ВМРО-ДПМНЕ беше единствената партија која се изјасни дека ќе учестува на нив н.з.) туку единствено е важно тие да се одржат“.
  • На 15 април, тој ја критикуваше амнестијата на политичарите во Македонија и изјави дека претседателот Ѓорге Иванов им нанесува штета на стандардите на владеење на правото и на правниот поредок и оцени дека македонскиот претседател ја поткопува работата на Специјалното обвинителство и неговата мисија „да ги истражи обвиненијата за злоупотреба на власта“.
  • На 28 април Штајнмаер изјави оти се надева  дека „политичките партии во Македонија разбираат дека сè поголемата нестабилност ќе го направи патот на земјата кон Европската унија и кон НАТО многу тежок“. Оваа негова изјава беше една од ретките, ако не и единствената која во тој период дојде од меѓународната заедница, кога во земјвава се зголемуваше неизвесноста со политичката криза, а на улиците секојдневно имаше протести против одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на функционери и на нивни блиски соработници. Неколку дена по ова германското МНР ја соопшти неговата одлука за испраќање на Хајндл во Македонија.
  • На 19 мај германското МНР ја поздрави одлуката за одложување на изборите на 5 јуни и апелираше да се повелече и одлуката за аболиција на политичарите, што Иванов и го направи во текот во втората половина на мај.
  • На 1 септември, ден по одлуката предвремените парламентарни избори да се одржат на 11 декември, Штајнамер го поздрави договорот на македонските партии и порача дека мора да се избегне понатамошно заостанување на земјата на патот кој води до приближување на ЕУ и дека останува важно Специјалното јавно обвинителство да може непречено да продолжи со својата работа.
  • на 12 декември, односно ден по изборите, Штајнмаер порача дека „изборите се важен чекор во решавање на политичката криза во земјата и дека „сега е важно што побргу да се формира влада, која ќе го искористи својот мандат да ги спроведе итните реформи, а на СЈО мора да му се овозможи без опструкции да ја си ја заврши работата и да открие и да ги казни тие што ја злоупотребиле моќта и власта“.

Инаку, Штајнмаер е член на Социјалдемократската партија на Германија, која е дел од владејчката коалиција во земјата, заедно со Христијанско-демократската унија на канцеларката Ангела Меркел. Штајнмаер во два наврати ја извршуваше функцијата шеф на германската дипломатија во владата на канцеларката Ангела Меркел. Прв пат од 2005 до 2009 година и потоа од 2013 до почетокот на оваа година.

Претходно, од 1999 до 2005 година тој беше дел од германскиот канцеларијат задолжен за координација на разузнавачки служби на земјата.

На следните линкови можете да ги погледнете сите написи на „Мета“ за активностите на Штајнмаер поврзани со случувањата во Македонија минатата година:

http://meta.mk/shtajnmaer-makedonija-da-dokazhe-deka-ostanuva-na-evropskiot-pat/

http://meta.mk/shtajnmaer-zemjite-od-zapaden-balkan-ne-treba-da-se-ostavat-sami-vo-reshavane-na-begalskata-kriza/

http://meta.mk/shtajnmaer-ivanov-im-nanesuva-shteta-na-vladeeneto-na-pravoto-i-na-pravniot-poredok/

http://meta.mk/shtajnmaer-rastechkata-nestabilnost-ja-oddalechuva-makedonija-od-eu-i-nato/

http://meta.mk/germanija-naznachi-spetsijalen-pratenik-za-reshavane-na-krizata-vo-makedonija/

http://meta.mk/germanskoto-mnr-go-pozdravi-odlozhuvaneto-na-izborite-i-bara-povlekuvane-na-abolitsijata/

http://meta.mk/poposki-i-shtajnmaer-vo-brisel-razgovarale-za-politichkata-kriza/

http://meta.mk/shtajnmaer-dogovorot-da-se-sprovede-verodostojno-i-brzo-a-sjo-neprecheno-da-raboti/

http://meta.mk/kozias-i-shtajnmaer-razgovaraa-za-merkite-za-gradene-doverba-megu-makedonija-i-grtsija/

http://meta.mk/shtajnmaer-povika-itno-da-formira-vlada-i-da-se-sprovedat-neophodnite-reformi/

 

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...