fbpx
Таг: политички партии

таг: политички партии

Италијанско МНР: Изборот на нова влада е од суштинско значење за Македонија

Италија со загриженост го следи продолжението и развојот на политичката криза во Македонија и ја осудува која било форма на насилство во институциите, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Италија, по повод насилствата во Собранието од 27 април. Од италијанското МНР повикуваат дијалогот помеѓу политичките сили во земјата да се одвива во Собранието и во форми...

Хојт Ји денеска и утре на средби со Иванов, Џафери и со лидерите на партиите

Заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји, денеска пристигнува во Скопје, каде во текот на денешниот и на утрешниот ден треба да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, лидерите на политичките партии и, како што велат од Амбасадата на САД, со „претседателот на Собранието Талат Џафери“. Од американската амбасада информираат дека Ји освен...

Хојт Ји, сепак, од утре на средби со Иванов, но и со Џафери и со лидерите на партиите

Заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји утре ќе пристигне во Скопје во дводневна посета при што ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, лидерите на политичките партии, и како што велат од амбасадата „претседателот на Собранието Талат Џафери“. „Хојт Брајан Ји, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, ќе ја посети...

Иванов апелира за смирување на тензиите и повика на лидерска средба во неговиот кабинет

Претседателот Ѓорге Иванов во своето обраќање до граѓаните вечерва упати апел за смирување на тензиите и на ненасилство и ги повика лидерите на парламентарните партии на лидерска средба утре во неговиот кабинет. - Во овие моменти на општа загриженост околу настаните во Собранието на Република Македонија, ве повикувам да бидете смирени. Ве повикувам да останете присебни и да не подлегнувате...

Ахмети – Тимоние: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ без одложување да најдат решение за кризата

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, денеска во Тетово имал средба со амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние, на која, како што соопштуваат од партијата, било разговарано за политичката ситуација во Македонија, геополитичкитe околности и за можности за решавање на политичката и институционална криза. Ахмети на средбата ги образложил „сите конструктивни чекори што ДУИ ги презела за излез од кризата,...

Иванов нема да се сретне со Билт

Во агендата на претседателот Ѓорге Иванов не е предвидена средба со поранешниот шеф на шведската дипломатија, Карл Билт, пишува „Курир“. Според овој медиум, Иванов нема да се сретне со Билт „пред сè поради непринципиелните ставови и крајно необјективниот пристап на Билт во врска со внатрешната политичката ситуација, но и поради неговиот директен обид за мешање во внатрешните работи на Македонија“. Билт,...

Нова демократија води пред СИРИЗА во анкетите на јавното мислење

Мнозинството грчки граѓани сметаат дека десничарската партија Нова демократија би победила доколку утре се распишат избори во Грција. Ова го покажува новата анкета на јавното мислење спроведена за грчката телевизија „Екшн 24“ (Action 24). Според резултатите од анкетата, опозициската партија предничи 13,5 отсто пред владејачката СИРИЗА. Подетално, според одговорите на анкетираните за предвидување на победникот на потенцијални избори, Нова демократија...

Жбогар: Партиите го признаа парламентарното мнозинство, недостига вистинска дебата

Позитивна работа е што политичките партии признаа дека има парламентарно мнозинство, но загрижува отсуството на вистинска дебата во Собранието, изјави денеска амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, за време на посетата на Ресен во рамките на проектот „ЕУ за тебе“. - Позитивно е што сите политички партии признаа дека е формирано парламентарно мнозинство и тоа претставува еден чекор...

Во новиот парламент на Бугарија влегуваат пет партии

Во 44. состав на Народното собрание на Бугарија ќе влезат пратениците на 5 политички партии, покажуваат првичните неофицијални резултати на Централната изборна комисија на Бuгарија (ЦИК) по предвремените парламентарни избори што во земјата се одржаа вчера. Според досега обработените гласачки ливчиња, предноста на партијата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) во однос на Бугарската социјалистичка партија (БСП) изнесува 5,5...

Претседателот на Комисијата за избори и за именувања ќе биде од ВМРО-ДПМНЕ

Парламентарните политички партии на денешната координација во Собранието договориле претседателот на Комисијата за избори и за именување да биде од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а конститутивната седница на Собранието да продолжи в понеделник. Kоординаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, рече дека името на претседателот на Комисијата ќе се знае во текот на денот. Сепак, извори од ВМРО-ДПМНЕ, за дел од...

Во 11 часот продолжува координацијата за Комисијата за избори и за именувања

Денеска, во 11 часот, во Собранието продолжува координацијата на парламентарните политички партии кои треба да се договорат кој ќе биде претседателот на Комисијата за избори и за именувања. Два дена партиите не можат да ги усогласат ставовите и цврсто остануваат на своите претходни изјави. ВМРО-ДПМНЕ бара претседателот на комисијата да биде член од нејзините редови бидејќи има најголем број пратеници, додека СДСМ...

Утре нова координација за избор на претседател на Комисијата за избори и за именувања

Ниту по паузата парламентарните политички партии денеска не постигнаа договор за претседател на собраниската Комисија за избори и за именување и ја одложија координацијата за утре во во 12 часот. Изборот на претседател на Комисијата е основа за закажување на продолжението на конститутивната седница на Собранието, на која треба да биде избран претседател на законодавниот дом. Вчера партиите се договорија само...

Партиите на пауза, нема договор за претседател на Комисијата за избори и за именувања

По неполни два часа, претставниците на парламентарните политички партии заминаа на пауза без да успеат да ги усогласат ставовите за тоа кој треба да биде претседател на Комисијата за избори и за именувања. Координативната средба ќе продолжи во 15.30 часот. Вчера партиите се договорија само околу бројот на членови на Комисијата, па ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест членови, СДСМ – пет, а...

Заев: Пораките на Хан се јасни – процесите мора да се забрзаат

Пораките на еврокомесарот и на европратениците се јасни како бел ден, процесите мора да се забрзаат, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по средбата со еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, и со европратениците, Иво Вајгл, Едвард Кукан и Кнут Флекенштајн. Заев истакна дека остануваат на барањето претседателот на државата, Ѓорге Иванов, да му го додели мандатот...

Координацијата на парламентарните партии одложена за утре

Прекината е координацијата на парламентарните партии со претседателот на претходниот парламентарен состав, Трајко Вељаноски, и ќе продолжи утре, бидејќи партиите не успеаја да се договорат кој да биде претседател на Комисијата за избори и за именување. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, по седницата изјави дека досега, секогаш претседателот на оваа комиија доаѓал од редовите на партијата што има...

Хан ги почна средбите со пораки: Нема време за губење, итно е потребна нова влада

„Нема време за губење, итно е потребна нова влада, патот на Македонија кон Европската Унија е отворен“, твитна еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, соопштувајќи дека почнал со разговорите со лидерите и со претставниците на парламентарните политички партии. „Почнаа разговорите во Скопје. Итно е потребна нова влада за реформи. Нема време за губење“, напиша Хан на „Твитер“. https://twitter.com/JHahnEU/status/844176137228050432 Во друг...

ВМРО-ДПМНЕ ќе има 6, СДСМ – 5, а ДУИ и Беса по 1 член во Комисијата за избори и за именувања

Претставници на парламентарните политичките партии на денешната координативна средба во Собранието постигнале договор за составот на Комисијата за прашања на изборите и на именувањата како услов за закажување на продолжение на конститутивната собраниска седница. Партиите се согласиле шест членови во комисијата да бидат од ВМРО-ДПМНЕ, петмина да бидат од СДСМ, а по еден член да имаат ДУИ и Беса. Претставниците на парламентарните групи моментално...

Груевски најави политички документ – „платформа за зачувување на Македонија“

ВМРО-ДПМНЕ подготвува политички документ со кој ќе понуди начин за излез од кризата, најави лидерот на партијата, Никола Груевски, во вечерашното интервју за „Канал 5“. Груевски изјави дека очекува следените денови документот да биде финализиран и да им биде понуден на сите поголеми политички партии како решение за излез од политичката криза. - Ние подготвуваме документ за зачувување на Македонија, тоа...

Враќањето на политичката стабилност мора да биде највисок приоритет, порача Заниер

Надминување на политичката пат-позиција и враќањето на политичката стабилност мора да бидат највисок приоритет, се наведува во соопштението на Мисијата на ОБСЕ во Скопје по завршувањето на посетата на генералниот секретар на организацијата, Ламберто Заниер, и на средбите со државниот и со политичкиот врв на земјава. Заниер, стои во соопштението, изразил загриженост за последните случувања во земјава и ги повикал...

Хелбах: Иванов да биде мудар и да овозможи брзо формирање влада

Специјалниот ополномоштеник на Министерството за надворешни работи на Германија за Југоисточна Европа, Турција и за ЕФТА-државите, Кристијан Хелбах, по средбата со претседателот Ѓорге Иванов, шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, и со лидерите на политичките партии во Македонија, рече дека е потребно брзо формирање влада која ќе биде посветена на имплементирање на реформските приоритети. Хелбах рече дека ставот на Германија...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...