fbpx
Таг: политички партии

таг: политички партии

ААВМУ: Медиумите имале генерално еднаков третман на партиите во првиот изборен круг

Програмските сервиси на државно ниво, опфатени со надзорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ), во првиот круг од локалните избори „генерално обезбедиле еднакви услови за пристап до сите облици на изборно медиумско претставување“, соопшти денеска Агенцијата. Голем дел од нив, се вели во соопштението, вложиле напори да организираат и дебатни соочувања на учесниците на изборите. Во овој...

„Цивил“ бара политичките партии, кандидатите и институциите да ги почитуваат законите

Невладината организација „Цивил“ упати барање до политичките партии да го почитуваат Изборниот законик, Уставот и законите на Република Македонија, да го почитуваат изборниот молк и да ги сопрат евентуалните планови, ако такви постојат, за изборен поткуп, притисоци и за манипулација на гласачите. „Бараме од родителите и од наставниот кадар да ги почитуваат децата и да ги остават надвор од политиката....

Жбогар и евроамбасадорите повикаа на избори без заплашување и без насилство

Делегацијата на ЕУ и на амбасадите на земјите членки на ЕУ денеска порачаа дека локалните избори на 15 и на 29 октомври се можност за граѓаните да ги изразат своите гледишта за правецот во кој нивните општини треба да се движат во иднина. „ЕУ ги охрабрува политичките лидери, нивните партии како и релевантните чинители да го искористат изборниот процес за...

Чичаковски: Партиите веднаш да престанат со инцидентите

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Чичаковски, денеска упати апел до политичките партии итно да престанат со инциденти и порача дека насилството во предизборниот период може да донесе само штета на кандидатите, на партиите, на изборниот процес и на државата. Чичаковски во името на ДИК остро ги осуди сите досегашни инциденти во пресрет на локалните избори, закажани за 15...

Хојт Ји: За интеграцијата во НАТО и во ЕУ е клучно да се утврди кој прислушувал

Многу е важно да се утврди одговорноста за нелегалното прислушување и за наводните владини злоупотреби во врска со него, бидејќи тоа ќе биде клучен чекор за Македонија да ги увери НАТО и Европската Унија, како и другите меѓународни партнери, дека е подготвена да се интегрира во тие организации. Ова го истакна заменикот помошник државен секретар на САД, Хојт Брајан...

АВМУ: МРТ небалансирана, „Нова“ и „Алфа“ известувале навивачки

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го објави најновиот извештај од надзорот на медиумското известување, кој го опфаќа периодот пред почетокот на изборната кампања, односно 16 до 24 септември 2017 година. Во него се забележува дека некои телевизии не го спроведувале новинарскиот принцип за известување, туку се однесувале навивачки. Во извештајот на АВМУ првин се забележува дека поради извештаите за...

СДСМ на 19. место, ВМРО-ДПМНЕ седма на гласачкото ливче за локалните избори

Денеска, со жрепка, во Државната изборна комисија (ДИК) беше утврден редоследот на кандидатите за градочалници и за советници на гласачките ливчиња за претстојните локални избори закажани за 15 октомври. Листи со кандидати за градоначалници и за советници имаат поднесено 19 партии и коалиции. Како што одреди жрепката, прва на гласачкото ливче ќе биде СДПМ, втора - Коалицијата Алијанса на Албанците и...

Град Скопје почна со поставување на изборните паноа на 54 локации

Град Скопје денеска соопшти дека почнало со поставување на паноа за бесплатно изборно рекламирање на посебно определени локации. Поставувањето на паноата произлегува од законската обврска и одлуката за условите за добивање право за користење место за истакнување на изборни плакати во Градот Скопје. Според соопштението, пaноата ќе се поставуваат на вкупно 54 лоакции во десетте скопски општини. Нјамногу изборни билборди ќе...

Џафери ги распиша локалните избори и порача сите учесници да ги почитуваат законите

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, точно напладне го потпиша решението за распишување на локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври. Џафери апелираше до сите учесници пред и за време на изборите да се однесуваат во согласност со Уставот и со законските одредби, а институциите да обезбедат изборите да протечат во мирна, фер и демократска атмосфера како што заслужуваат,...

ДС: Без демократизација на партиите нема демократизација на државата

Покрај системските промени во правосудството, медиумите и во тајните служби, неопходни се реформи и во поставеноста и во дејствувањето на политичките партии, стои во соопштението на Демократскиот сојуз и се додава дека без демократизација на партиите, нема демократизација на државата. „Гломазните партии и црпењето кадри од членовите (лепачи на плакати и сл.) на партијата на власт во изминатите 11 години...

Хан и Прибе утре во Скопје на разговори за имплементација на реформите

Еврокомесарот за проширување и за добрососедска политика, Јоханес Хан, утре ќе допатува во Скопје на средби со премиерот Зоран Заев, владини претставници, како и со лидери на политичките партии. Главен фокус на неговата посета е имплементацијата на реформските приоритети и на Договорот од Пржино. Од Европската комисија соопштија дека еврокомесарот со новата влада ќе разговара зa акцискиот план за имплементација...

Во Косово денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори

Предвремени парламентарни избори денеска се одржуваат во Косово на кои, до 11 часот, на гласање излегле 8,5 проценти од гласачите. Шефот на мисијата на ОБСЕ во Косово, Јан Брату, изјавил дека гласањето се одвива мирно, а изборниот процес го следат 200 набљудувачи. За 120 пратенички места се натпреваруваат 971 кандидат од пет коалиции на 19 политички партии и од две граѓански...

ДС бара ДУИ, Беса и АА да водат сметка за пошироките државни интереси

Демократскиот сојуз смета дека парламентарните партии ДУИ, Беса и Алијансата за Албанците, не само декларативно туку и практично мораат да придонесат кон формирање на влада со силен демократски и реформски капацитет, како и тоа да водат сметка за пошироките државни интереси. „Инсистирањето (уцените) на што е можно поголем број на министерски места во Владата и во извршната власт во целина,...

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ води пред СДСМ за 0,8 отсто, а Груевски пред Заев за 1 процент

Доколку утре би се одржале избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 24,5 отсто од граѓаните, а за СДСМ 23,7 отсто, покажуваат резултатите од последната анкета на телевизија „Телма“ и на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС). Според резултатите од анкетата, за ДУИ би гласале 8,5 отсто, за Беса - 3,7 отсто, за Алијансата за Албанците - 1,8 отсто, а за ДПА...

Шефовите на мисијата на ЕУ на Косово ги повикаа партиите да обезбедат фер и коректни избори

Шефовите на мисијата на Европската Унија на Косово ги повикаа сите политички партии и учесници на предвремените парламентарни избори, закажани за 11 јуни, оваа година, да обезбедат фер и демократски избори во склад со меѓународните стандарди. Од мисијата нагласуваат дека предизборните кампањи треба да и им пружат информации на гласачите во атмосфера на мир, толеранција и почитување, за да...

Франција: Доделувањето на мандатот е можност за излез од политичката криза

Франција ја поздравува одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да му го додели мандатот за формирање влада на Зоран Заев, претседателот на СДСМ, соопшти денеска француското Министерство за надворешни работи. „Ова е важна можност за земјата да излезе од политичката криза. Се надеваме дека новата влада ќе биде наскоро формирана“, стои во соопштението. Од француското МНР велат дека новата влада и институциите...

ВМРО-ДПМНЕ рекордер со 1,88 милиони евра собрани донации во 2016 година

Рекордер меѓу политичките партии по собрани донации од 1 јануари до 31 декември 2016 година е ВМРО-ДПМНЕ, со собрани вкупно 1,88 милиони евра членарини и донации од поединци и од фирми, се гледа од извештаите што вчера ги објави Државниот завод за ревизија. Од вкупно регистрирани 5.880 уплаќачи, партијата собрала 115,55 милиони денари, односно 1,878 милиони евра. Уплаќале партиски функционери,...

Заев за бугарската „Блумберг ТВ“: Бугарија е еден од најважните соседи на Македонија

„Имаше многу националистичка реторика во Македонија. Верувам дека тоа е веќе минато. Со подемот на лево-ориентираните политичари и со формирањето на новата влада, можен е напредок во односите на Македонија со сите соседи. Еден од најважните наши соседи е Република Бугарија“. Ова го изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за бугарската „Блумберг ТВ“. Заев вели дека постои огромна...

Италијанско МНР: Изборот на нова влада е од суштинско значење за Македонија

Италија со загриженост го следи продолжението и развојот на политичката криза во Македонија и ја осудува која било форма на насилство во институциите, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Италија, по повод насилствата во Собранието од 27 април. Од италијанското МНР повикуваат дијалогот помеѓу политичките сили во земјата да се одвива во Собранието и во форми...

Хојт Ји денеска и утре на средби со Иванов, Џафери и со лидерите на партиите

Заменик-помошникот државен секретар за Европа и за Евроазија во Стејт департментот, Хојт Брајан Ји, денеска пристигнува во Скопје, каде во текот на денешниот и на утрешниот ден треба да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, лидерите на политичките партии и, како што велат од Амбасадата на САД, со „претседателот на Собранието Талат Џафери“. Од американската амбасада информираат дека Ји освен...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...