fbpx
Таг: плата

таг: плата

Просечната месечна нето-плата изнесува 23.457 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата  во декември 2016 изнесувала 23.457 денари, а бруто-платата 34. 374 денари, објави Државниот завод за статистика. Платата во декември 2016 година во однос на истиот месец во 2015 година е зголемена за 3,3 проценти. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите уметност, забава и рекреација (55,8 проценти), информации и комуникации...

ССНМ: Одлуката за штрајк на новинарите на МПМ останува за 17 февруари

И покрај делумно исполнетото барање за исплата на декемвриската плата, одлуката за штрајк во организација на Сојузот на синдикати на новинарите на Македонија (ССНМ) во редакциите на „Медиа принт Македонија“ останува, информираат од ССНМ. Оттаму додаваат дека доколку не дојде до преговори и до исполнување на барањата, штрајкот ќе почне како што е планирано, на 17 февруари. - Со оглед на тоа...

СДСМ: Груевски ќе мора да објасни како толку успешно штедел и се богател

Никола Груевски ќе треба да објасни како успеал да заштеди 230.000 евра, колку што официјално пријавил во најновиот aнкетен лист за имотната состојба, се вели во соопштението на СДСМ. Во него се додава дека „додека поранешниот премиер осиромаши повеќе од 500.000 граѓани, штедел и по 10.000 евра месечно“. „Според последните пријавени податоци лани, заштедил речиси 20.000 евра. Ова може да се...

Според имотниот лист, Груевски од премиерска плата заштедил 230.000 евра и купил 33 слики

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, има заштеди од околу 230.000 евра, околу 5.000 евра долг на кредитна картичка и 33 уметнички слики вредни речиси 11.000 евра. Тоа го покажуваа анкетниот лист за имотната состојба што тој го поднел како новоизбран пратеник, кој беше објавен денеска на веб-страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата. Парите што тој ги пријавил како...

УЈП: Системот за бруто-плата функционира непречено

Системот за бруто-плата функционира непречено, велат од Управата за јавни приходи (УЈП) откако „Мета“ објави дека сметководителите се пожалија дека освен системот за поднесување годишна даночна пријава, и системот преку кој се врши прием на декларации за плати не функционира неколку дена. - Што се однесува до системот за бруто-плата, тој непречено функционира, односно декларацијата и налогот за плаќање врз основа на поднесена...

Просечната нето-плата во ноември била 22.380 денари

Просечната месечна нето-плата во ноември лани изнесувала 22.380 денари, додека просечната бруто-плата била 32.877 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во ноември 2016 година, во однос на ноември 2015 година за 1,8 отсто се должи, пред сè, на повисоката исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење камен за 10,5 проценти, уметност,...

Просечната нето-плата во септември изнесувала 22.191 денар

Просечната месечна нето-плата во септември годинава изнесувала 22.191 денар, а бруто-платата - 32.640 денари, објави Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември во однос на истиот месец лани е зголемена за 0,8 отсто. Ваквото зголемување, според ДЗС, се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна нето-плата во секторите градежништво (8,7 проценти), земјоделство, шумарство и рибарство...

Шилегов: Тринаесетта плата за секое семејство

„Со двајца вработени по семејство, со намалување на невработеноста, со продуктивни работни места, не со фиктивни како што ни се нудат досега, ќе успееме да внесеме среќа во секое наше семејство за да ги зачуваме младите и да обезбедиме живот во нашата држава онаков каков што заслужува секој наш граѓанин поединечно“, изјави носителот на кандидатската листа на СДСМ во изборната...

Пратениците во Исланд ќе добиваат плата од 9.000 евра

Исландските пратеници кои викендов беа избрани на парламентарните избори ќе добијат зголемување на платата за 44 отсто и ќе примаат 9.000 евра месечно за да бидат финансиски независни, соопшти денеска комисијата задолжена за одредување на платите во јавниот сектор. Комисијата ја сочинуваат пет претставници, тројца од парламентот, еден од Врховниот суд и еден од Министерството за финансии, кои имаат задача...

Просечната месечна нето-плата во август изнесувала 22.294 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата во август изнесувала 22.294 денари, а бруто-платата - 32.789 денари, објави Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена нето-плата во август годинава во однос на истиот месец лани е зголемена за 1,9 отсто. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите градежништво (10,1 отсто), административни и помошни услужни дејности (6,6 проценти)...

Шести европски конгрес за мали и средни претпријатија во Катовице

Шестиот европски конгрес за мали и средни претпријатија се одржа во Катовице, Полска, од 10 до 12 октомври. На конгресот оваа година учествуваше и делегација од Стопанската комора на Македонија, предводена од претседателот Бранко Азески. - Улогата на малите и на средните претпријатија во македонската економија е сè поголема и позначајна. Имајќи го предвид силниот потенцијал за развој на приватниот сектор во...

Просечната плата во јули изнесувала 22.334 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули во однос на истиот месец лани е зголемена за 2,2 проценти и изнесува 22.334 денари, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите градежништво 9 проценти, административни и помошни услужни дејности 6,7 проценти и информации и комуникации 6,2 проценти. Просечната месечна бруто-плата...

Со нова веб-платформа граѓаните ќе се информираат како се трошат нивните пари

Граѓаните имаат право да знаат како се трошат нивните пари и на среден рок владите ќе бидат принудени да даваат повеќе информации, бидејќи на тој начин може да се зборува за здраво и демократско општество. Ова денеска го истакна Сабина Факиќ од Центарот за граѓански комуникации на конференцијата „Отворени податоци за трошење на јавните средства, искуства од регионот и состојба...

Просечната плата во јуни изнесувала 22.187 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесувала 22.187 денари, а бруто-платата - 32.637 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Просечната плата во јуни била поголема за 0,7 отсто во однос на истиот месец лани. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите градежништво (10,6 проценти), административни и помошни услужни дејности (6,3 проценти) и...

Функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ќе донираат дел од платите за поплавените граѓани

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница на партијата одлучил да се формира солидарен фонд за помош на семејствата чии домови беа оштетени во катастрофалните поплави, информираат од владејачката партија. „Сите избрани и именувани функционери на партијата на државно и локално ниво, наредниот период ќе донираат еднократна помош од по 30 проценти од платите и надоместоците во солидарниот фонд, а...

СДСМ: Грујовски прима ефективна плата и во графата боледување му стои нула

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, се преправа дека не ја разбрал прес-конференцијата на генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, и се крие зад МВР, велат од СДСМ. „Документот од УЈП, ги побива обидите на Чавков да се оправда. Од документот може да се види дека Грујовски прима ефективна плата и дека во графата боледување стои нула. Чавков сака да каже...

МВР: Вработените во МВР и на боледување земаат цела плата

Вработените во МВР и кога се на боледување, земаат плата во цел износ, а Оливер Спасовски уште еднаш покажа елементарно непознавање на законските прописи што се однесуваат на вработените во Министерството за внатрешни работи, се вели во реакцијата на МВР на денешната прес-конференција на Спасовски. „Покрај елементарното непознавање на прописите, ќе го потсетиме дека самиот е осомничен за кривично дело неизвршување...

Спасовски: Дали Чавков лаже дека Горан Грујовски е на боледување?

Горан Грујовски ја прима целата плата иако е на боледување. Дали министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, го брани началникот на петтата управа, Горан Грујовски, кој е под истрага на СЈО, праша генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција. - Чавков тврди дека против Грујовски, осомничен за уништување системи за нелегално прислушување, не може да преземе соодветни правни...

Германската канцеларка Меркел ќе прима плата од 18.820 евра

Германската канцеларка Ангела Меркел од февруари следната година ќе прима плата во износ од 18.820 евра, откако владата денеска одлучи да одобри зголемување на примањата во нејзиниот кабинет за оваа и за следната година. Платите на германските министри ќе се зголемат за 2,2 проценти, додека од 1 февруари 2017 година на сила ќе стапи уште едно зголемување од 2,35 отсто,...

Просечната плата во април изнесувала 22.356 денари

Просечната нето-плата во април изнесува 22.356 денари и во однос на истиот месец лани е поголема за 2,8 проценти, објави Државниот завод за статистика. Бруто-платата во април, пак, изнесувала 32.974 денари и во однос на истиот месец лани е поголема за 2,7 проценти. Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната нето-плата во секторите уметност, забава и рекреација (30,7...

(ИНФОГРАФИК) Првата жена претседател на Северна Македонија има трет најдобар изборен резултат во поновата историја

Гордана Сиљановска Давкова со самиот факт дека е прва жена претседател на Северна Македонија веќе влезе во историјата на државата на пиедестална позиција, пишува Вистиномер. Текстот подолу го пренесуваме во...