fbpx

Според имотниот лист, Груевски од премиерска плата заштедил 230.000 евра и купил 33 слики

-

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, има заштеди од околу 230.000 евра, околу 5.000 евра долг на кредитна картичка и 33 уметнички слики вредни речиси 11.000 евра. Тоа го покажуваа анкетниот лист за имотната состојба што тој го поднел како новоизбран пратеник, кој беше објавен денеска на веб-страницата на Државната комисија за спречување на корупцијата.

Парите што тој ги пријавил како заштеди се на девизни и на денарски сметки во пет банки, а штедел во евра, швајцарски франци, американски долари, британски фунти и во денари. Во анкетниот лист се наведени и сметките на неговата сопруга Боркица, на кои, во евра и во денари, има вкупен износ од 7.930 евра.

Орочените денарски депозити на Никола Груевски се во вкупен износ од 4 милиони и 10 илјади денари, односно 65.200 евра, а обичните денарски депозити и парите на трансакциски сметки се 618.070 денари, односно 10.050 евра. Во готово пријавил 38.000 денари, но и долгови од 312.823 денари, односно речиси 5.090 евра.

Од девизите, на трансакциски сметки, како орочени девизни депозити или како средства од картичка, Груевски на Антикорупциска ѝ пријавил 7.319 швајцарски франци, 601 британска фунта, 251 американски долар, како и 39.169 евра, плус 2.100 евра во готово.

Потеклото на сите тие пари Никола Груевски не го идентификувал, односно не дал податоци. Недвижен имот не пријавил.

Весникот „Вечер“, во мај 2012 година, напиша дека Груевски како премиер имал плата од 1.000 евра.

Од имотниот лист, сепак, излегува дека за тие заштеди требало да има месечна плата од 2.000 евра, а да не потроши за живот и за други потреби на своето семејство ниту еден денар во изминатите 10 години.

На 22 мај лани, Груевски тврдеше дека единствен приход му била премиерската плата и дека други приходи немал.

Со сета морална и материјална одговорност тврдам дека единствениот приход што го имам изминативе години е приходот од платата што ја добивам. Единствениот начин на кој заработувам е преку платата што ја добивав. Не постојат никакви екстра приходи, сомнителни трансакции или приливи“, изјави тогаш Груевски.

Претходно, Петре Шилегов, портпаролот на СДСМ, на прес-конференција ги покажа анкетните листови на Груевски за 2014 и за 2015 години и го праша долгогодишниот премиер како со плата од 1.400 евра успеал за една година да стане побогат за 118.629 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бујар Османи не ги прекинува предизборните активности

Од објавените наслови се добива впечаток дека Османи се откажува од претседателската трка, а вистината е дека поради здравствени семејни причини ги откажа предизборните активности на 16 април. Но,...