недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: плата | 175 резултати

Спасовски: Дали Чавков лаже дека Горан Грујовски е на боледување?

јули 16, 2016

Горан Грујовски ја прима целата плата иако е на боледување. Дали министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, го брани началникот на петтата управа, Горан Грујовски, кој е под истрага на СЈО, праша генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција. – Чавков тврди дека против Грујовски, осомничен за уништување системи за нелегално прислушување, не […]

Германската канцеларка Меркел ќе прима плата од 18.820 евра

јули 13, 2016

Германската канцеларка Ангела Меркел од февруари следната година ќе прима плата во износ од 18.820 евра, откако владата денеска одлучи да одобри зголемување на примањата во нејзиниот кабинет за оваа и за следната година. Платите на германските министри ќе се зголемат за 2,2 проценти, додека од 1 февруари 2017 година на сила ќе стапи уште […]

Просечната плата во април изнесувала 22.356 денари

јуни 22, 2016

Просечната нето-плата во април изнесува 22.356 денари и во однос на истиот месец лани е поголема за 2,8 проценти, објави Државниот завод за статистика. Бруто-платата во април, пак, изнесувала 32.974 денари и во однос на истиот месец лани е поголема за 2,7 проценти. Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната нето-плата во […]

Шилегов: Груевски и цела плата да ја штедел немаше да заштеди толку пари

мај 23, 2016

Никола Груевски призна дека му успеало тоа што не му успева веројатно на ниту еден граѓанин во Македонија, да штеди по 10.000 евра месечно, со плата од 1.400 евра месечно, обвини денеска на прес-конференција портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. – На неговите денарски и девизни сметки за само една година да стави 118.629 евра! Никола […]

Просечната плата во март изнесувала 22.053 денари

мај 20, 2016

Просечната нето-плата по вработен, во март изнесувала 22.053 денари, а бруто-платата 32.392 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Нето-платата е зголемена за три отсто во однос на истиот месец минатата година. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите административни и помошни услужни дејности (16,8 […]

Вработените во „Актор“ штрајкуваат бидејќи не зеле плата

мај 5, 2016

Стотината вработени во грчката фирма „Актор“, која работи на изградба на автопатот Демир Капија – Смоквица, штрајкуваат бидејќи не зеле плата два месеци, јавува телевизија „Телма“. Грчката градежна фирма во 2012 година го доби тендерот за изградба на 28-километарската делница. Името на „Актор“ стана актуелно во македонските медиуми пред две години, кога опозицискиот СДСМ обвини […]

Венецуелскиот претседател ја зголеми минималната плата за 30 проценти

мај 1, 2016

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, нареди на Меѓународниот ден на трудот да се зголеми минималната плата за 30 отсто, обидувајќи се на тој начин да ги намали последиците од високата инфлација и од економската стагнација во земјата. Минималната плата во Венецуела претходно е зголемена на 1 март и тоа за 25 отсто. Со новото зголемување, […]

ССМ: Кампања за организирање и за мобилизирање ново членство

мај 1, 2016

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ќе го одбележи Меѓународниот ден на трудот со кампања за организирање и за мобилизирање ново членство. Кампањата ќе се реализира во текот на целата година, а ќе биде фокусирана и на зачленување во синдикатите на неорганизираните работници, давање институционална можност за остварување колективна заштита и обезбедување социјална правда, социјална […]

Во БИХ живеат еден милион сиромашни граѓани и 525 милионери

април 8, 2016

Во Босна и Херцеговина околу еден милион жители живеат на границата на сиромаштијата, а повеќе од 600.000 се под таа граница, пишува мостарскиот „Дневен лист“. Според одредени анализи, околу 30.000 жители на БИХ не умираат од глад благодарение на храната што бесплатно ја добиваат во народните кујни. Во БИХ има повеќе од 540.000 невработени и 718.000 […]

Вработен во Општина Струга определувал плата со фалсификуван потпис на градоначалникот

април 6, 2016

Четириесет и осумгодишниот П.А. од струшкото село Заграчани, вработен во Општина Струга, вршел уплати, прераспоредувал други вработени и им определувал плата со фалсификуван потпис на градоначалникот. Поради постоење основан сомнеж  дека фалсификувал исправа и употребил исправа со невистинита содржина, полициската станица од Струга му поднесе кривична пријава. Пријавениот, во својство на службено лице, вработен во Општина Струга, со искористување на […]

Нетанјаху ја објави својата платa на „Твитер“

март 18, 2016

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска на „Твитер“ ја објави својата плата за февруари, објаснувајќи дека тоа го направил за транспарентност, јавуваат израелските медиуми. Од листата за плата се гледа дека Нетанјаху примил 11.270 евра за еден месец работа. Тоа, според податоците од Централното биро за статистика на Израел, е околу пет просечни плати во Израел. […]

Ем бил на работа во странство ем земал плата од училиште во Кумановско

март 7, 2016

Секторот за внатрешни работи Куманово поднел кривична пријава против 46-годишниот А.Р., директор на Основното училиште „Битолски Конгрес“ во село Лопате, кој се товари за злоупотреба на службената положба и овластување. Како што информираат од МВР, осомничениот, како одговорно лице, на вработен во училиштето не му го откажал договорот за вработување поради неоправдано отсуство од работа […]

УЈП апелира пресметките за бруто-плата фирмите да ги доставуваат електронски

март 2, 2016

Управата за јавни приходи (УЈП) апелира до фирмите пресметките за бруто-плата да ги доставуваат преку електронска прошта, за да не доцнат со исплатата на платите. Оттаму појаснуваат дека мал дел од фимите не поднесуваат пресметки за бруто-плата електронски, туку ги носат на шалтерите во Управата. – Оттаму апелираат и овој мал број обврзници да ги […]

Просечната плата во декември изнесувала 22.715 денари

февруари 25, 2016

Просечната нето-плата, во декември 2015 година, изнесувала 22.715 денари, а бруто-платата истиот месец изнесувала 33.299 денари, покажуваат последните податоци на Државниот завод за статистика. Во декември 2015 година се забележува зголемување на платата од 1,4 отсто во споредба со истиот месец од 2014 година. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите административни и […]

Исламска држава им ги намалила платите на борците до 50 проценти

февруари 8, 2016

Исламска држава била принудена да им ги намали платите на своите борци и до 50 проценти, бидејќи со воздушните удари предводени од САД, значително биле намалени приходите што џихадистите ги оставриле при продажба на нафта. Ова денеска на прес-конференција во Лондон го изјавил портпаролот на американскиот сектор против финансирање терористички активности, Данијел Глејзер. Бомбардирањето ја ослабело способноста […]

Трајанов достави предлог до Собранието минималната плата да изнесува 300 евра

јануари 28, 2016

Пратеникот и претседател на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, до парламентот достави предлог-закон за определување на минимална плата во износ од 300 евра. Според Демократскиот сојуз, ниските плати не ги мотивираат вработените, негативно влијаат на продуктивноста, иновациите, а младите и креативни кадри заминуваат во странство. Според оваа партија, доколку се зголеми минималната плата од 9.500 на […]

Просечната нето-плата во ноември изнесувала 21.976 денари

јануари 27, 2016

Просечната месечна нето-плата по вработен во ноември 2015 година, изнесува 21.976 денари. Просечната нето-плата во ноември минатата година била повисока за 1,8 проценти во однос на истиот месец во 2014 година. Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите други услужни дејности (9,2 отсто), административни и помошни услужни дејности […]

Просечната нето-плата во индустриските зони изнесува 16.143 денари

јануари 25, 2016

Просечната нето-плата во странските компании во технолошко-индустриските зони изнесува 16.143 денари (без превоз и хранарина, кои изнесуваат 5.000 денари) и 17.555 денари во странските компании надвор од зоните. Ова го покажуваат податоците од анализата што Советот на странски инвеститори интерно ја спровел во компаниите што инвестираат во државата. – Исплатата на бруто-платата во технолошките зони не отстапува […]

Левица: Привилегиите на функционерите мора да бидат укинати

декември 29, 2015

Иницијативниот одбор на Левица им упати новогодишна честитка на пратениците и на функционерите и им порача дека во 2016 година ќе се потруди да ги оневозможи да уживаат во привилегии и во високи плати додека народот тоне во сиромаштија. „Додека народот се дави во сиромаштија – народните претставници пливаат во лој. И тоа мора да […]

Минималната плата ќе се зголеми од 1 јануари

декември 24, 2015

Од 1 јанури ќе се зголеми минималната плата, а како што истакна премиерот Никола Груевски, тоа е реализација на уште едно ветување дадено пред граѓаните. – Од 1 јануари 2016 година ќе има зголемување од 9.590 на 10.080 денари на минималната плата во сите индустриски дејности, освен во текстилната и во кожарската индустрија, каде зголемувањето ќе биде […]

Страна 7 од 9