fbpx

Венецуелскиот претседател ја зголеми минималната плата за 30 проценти

-

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, нареди на Меѓународниот ден на трудот да се зголеми минималната плата за 30 отсто, обидувајќи се на тој начин да ги намали последиците од високата инфлација и од економската стагнација во земјата.

Минималната плата во Венецуела претходно е зголемена на 1 март и тоа за 25 отсто.

Со новото зголемување, кое стапува на сила денеска, минималната заработувачка е зголемена на 15.051 боливари, што е 1.500 долари по официјалниот курс, но само 50 долари по црниот курс, според кој главно се одредуваат цените на стоките во Венецуела.

Земјата се наоѓа во длабока економска криза и главно зависи од извозот на нафта. Минатата година економијата во Венецуела забележала негативен пораст од 5,7 отсто, а дошло и до недостиг од основните производи и до значајно зголемување на цените.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...