fbpx

Обама со честитка до православните христијани

-

Честитка до сите христијани од православна вероисповест во Америка и во светот упати претседателот на САД, Барак Обама.

„Мишел и јас би сакале да упатиме честитки до членовите на православната христијанска вера во Америка и секаде во светот по повод празнувањето на Велики петок, Велигден и завршувањето на велигденските пости. За православните христијани, ова е момент да се потсетат на Исусовата жртва, го прослават неговото воскресение и да ги поистоветат своите мисли со Божјата волја. Ние се молиме за спас на православните христијани кои поради својата вера биле прогонувани и подложени на насилство и бараме ослободување на оние кои поради истото се киднапирани. Ние ги паметиме оние кои беа протерани од своите домови и оние чии цркви беа осквернавени или уништени. Воедно, ние остануваме солидарни кон православните христијани и припадниците на сите религии, како што остануваме и верни кон нашите заложби да овозможиме живот во мир, правдина и слобода на сите луѓе без разлика на нивната верска определба. За време на овој момент на надеж, да се потсетиме дека свеќата свети во темнина, додека темнината не ја совлада. До сите оние кои празнуваат, Христос воскресе!“, стои во честитката на Обама.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...