Во музеите изминатата година имало 476.385 посетители, oбјави Државниот завод за статистика на Република Македонија.

Од вкупно 28 музеи, 19 се јавни (национални) музеи, осум се јавни (локални) музеи и еден приватен музеј, додека според предметот на работа, 18 се општи и 10 се специјализирани музеи.

Во 2015 година, музеите организирале 102 сопствени изложби, од кои 85 изложби биле организирани од општите музеи и 17 од специјализираните музеи.

Музеите располагале со 224.779 инвентарирани предмети, од кои 36.980 биле изложени во музеите во 2015 година. Збирките располагале со 222.850 инвентарирани предмети, од кои 35.489 биле изложени.

Податоците на Државниот завод за статистика се добиени од пополнетите прашалници за 2015 година, што ги доставиле 28 музеи и 46 музејски збирки.