fbpx

Директорот Лазаревски тврди дека е решен спорот во ОУ „11 Октомври“

-

Целосно е решен спорот со основното училиште „11 Октомври“, тврди директорот Васко Лазаревски откако Централен регистар му ја уважил жалбата за злоупотреба на потпис од страна на разрешената директорка Даниела Костадинова.

– Централен регистар ми ја уважи жалбата и со тоа јас станав официјален директор на училиштето. Штрајк во училиштето немаше. Имаше згрижување на децата од вработените на првите часови поради доцнење на октомвриската плата. Одржавме заеднички состанок утрово со вработените, на кој им укажавме дека платните списоци се испратени до Општина Центар, а Општината ги испратила до Министерството за образование и наука. Вработените утре ќе добијат плата, а наставата сега се одржува нормално. Разрешената директорка се враќа во нејзиното матично училиште „Рајко Жинзифов“, а јас сум поставен да бидам директор во наредните 10 месеци, до септември 2016 година – вели Лазаревски.

Учениците утринава немаа настава во училиштето. Наставниците ги згрижуваа децата, но не им одржуваа настава.

Разрешената директорка, Даниела Костадинова, вели дека во тек е процедура за повторна жалба во вторстепена комисија, каде што, според неа, треба да се донесе решение дека нејзината жалба се усвојува и дека правосилно е решението на министерот за образование и наука, кој ја назначи за директорка.

– И покрај решението на второстепената комисија, на 16 ноември бев разрешена без образложение за да се направи хаос во училиштето на денот кога требаше да се потпише платата. Жерновски на местото директор го постави Васко Лазаревски, спротивно на законот, со мандат од 10 месеци. Во тек е процедурата за повторна жалба во второстепена комисија – вели Костадинова.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...