Германската канцеларка Меркел ќе прима плата од 18.820 евра

Германската канцеларка Ангела Меркел од февруари следната година ќе прима плата во износ од 18.820 евра, откако владата денеска одлучи да одобри зголемување на примањата во нејзиниот кабинет за оваа и за следната година.

Платите на германските министри ќе се зголемат за 2,2 проценти, додека од 1 февруари 2017 година на сила ќе стапи уште едно зголемување од 2,35 отсто, пренесува агенцијата АФП.

Платата на Меркел ќе се зголеми од сегашните 17.992 евра месечно на 18.820 еврa.