fbpx
Таг: плата

таг: плата

ССНМ: 45 проценти од македонските новинари примаат плата пониска од државниот просек

Речиси 45 проценти од македонските новинари примаат плата пониска од државниот просек, кој изнесува 22.808 денари. Ова го покажа новата анкета на Самостојниот синдикат на новинарите и на медиумските работници (ССНМ), спроведена во јули и во август годинава, користејќи го интернет-сервисот „Survey Monkey“. „ССНМ консултираше 127 медиумски работници, од кои околу 80 отсто работат како новинари, а другите се уредници, фоторепортери,...

Кривична пријава за Кирил Божиновски за давање плата на 600 лица кои не оделе на работа

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, денеска соопшти дека поранешниот генерален секретар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски, со вработувањето на 600 лица во Државниот секретаријат кои не оделе на работа, а земале плата, го оштетил буџетот за 824.000 евра. Тој најави дека против Божиновски ќе биде поднесена кривична пријава, а против 60 лица веќе се почнати дисциплински постапки. - Располагаме...

ВМРО-ДПМНЕ: Владата сака да избрка вработени од помалите етнички заедници

Она што Заев и Рашковски го прават е незаконски и ќе дојде време кога ќе одговараат. Зад превезот и измислиците дека има злоупотреби тие сакаат да остават на улица стотина вработени најголем дел припадници на помалите етнички заедници. Ова е директна дискриминација на турската, српската, бошњачката, ромската и влашката заедница, велат од ВМРО-ДПМНЕ како реакција на обвинувањата на сегашната...

Рашковски: Претходната Влада потрошила 800 илјади евра за вработени кои седеле дома

Вкупно 166 државни службеници кои не доаѓале на работа во 2016 година го оштетиле буџетот за преку 800.000 евра, објави Генералниот секретар на владата на својот „Фејсбук“ профил. „Како се трошеле нашите пари. Веќе е покрената дисциплинска постапка и зависно од исходот ќе следува и соодветна судска постапка. Нанесена штета од преку 800.000 евра. Додека некој се потсмева на покачување...

Просечната месечна нето-плата во јуни изнесувала 22.808 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни изнесувала 22.808 денари, а бруто-платата 33.509 денари, објави Државниот завод за статистика. Платата во јуни во однос на лани истиот месец е зголемена за 2,7 проценти. Ваквото зголемување на нето-платата се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација (20 проценти), стручни, научни и...

Зголемувањето на пензиите ќе се усогласува со порастот на трошоците за живот, велат од МТСП

Усогласувањето на пензиите во 2017 година се врши согласно член 37 од законот за пензиското и инвалидското осигурување, информираат од Министерството за труд и социјална политика (МТСП). Оттаму велат дека, усогласувањето на пензијата се врши според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50 проценти и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија...

Јовановиќ: Со ребалансот пративме порака, ќе кратиме на „чоколадо“ а ќе трошиме за „леб“

„Министерот за задолжување“, Драган Тевдовски за 70 дена успеа да стопи цели 126 милиони евра пари на граѓаните од девизните резерви, се вели во утринското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. До сега, откако ВМРО-ДПМНЕ се опозиција, најголем дел од утинските партиски соопштенија се однесуваат на обвинувања за задолжувањето на оваа влада. Иако министерот за финансии, Драган Тевдовски неколку пати кажа дека владата до...

ВМРО-ДПМНЕ бара поддршка за законот за зголемување на платите во јавниот сектор

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува министерот Драган Тевдовски, Владата на СДСМ и Зоран Заев, заедно со пратениците на СДСМ, да го поддржат предлогот за зголемување на платите во јавниот сектор за пет проценти, изјави на прес-конференција Владимир Ѓорчев, пратеник и член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ. Тој рече дека тие пари се за војската, полицијата, вработените во здравството, во образованието, во јавните претпријатија...

Заев: Почнува севкупно зголемување на платите

Граѓаните знаат дека тенденцијата е да ја зголемиме минималната плата на 12.000 денари, а ние сме сериозни во одлуката и сакаме оваа мерка да биде воведена на 1 септември, истакна премиерот Зоран Заев денеска во Штип. Тој, придружуван од министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и од пратеникот Благој Бочварски, денеска  се сретна со работници и со сопственици на...

Просечната нето-плата во април изнесувала 22.672 денари

Просечната месечна нето-плата по вработен во април изнесува 22.672 денари и во однос на истиот месец лани бечежи зголемување од 1,4 отсто, објави Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување е резултат, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна нето-плата исплатена во секторите информации и комуникации (22,4 проценти), рударство и вадење камен (14,7 проценти) и трговија на големо и трговија на мало, поправка...

Просечната нето-плата во март изнесувала 22.445 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2017 изнесувала 22.445 денари, а бруто-платата изнесувала 32.999 денари објави Државниот завод за статистика. Просечната плата во март била повисока за 1,8 проценти во однос на истиот месец лани. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите финансиски дејности и дејности на осигурување (7,5 проценти),...

ВМРО-ДПМНЕ: Фондот што го ветува СДС е уште една голема лага

„Денеска Драган Тевдовски покажа лажно душегрижништво. Фондот што го ветува СДС е уште една голема лага, како што беше вработување по еден човек од секое семејство“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на претседателот на комисијата за економија на СДСМ, Драган Тевдовски. Од партијата прашуваат „каде беа Тевдовски и СДС кога во време на нивното владеење невработеноста достигна рекордни 39...

Просечната нето-плата во јануари изнесувала 22.750 денари

Просечната месечна нето-плата во јануари годинава изнесувала 22.750 денари, а бруто-платата 33.441 денари, објави Државниот завод за статистика. Нето-платата во јануари е зголемена за 2,2 проценти во однос на истиот месец лани. Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите информации и комуникации (9,4 проценти), јавна управа и одбрана, задолжително социјално осигурување...

Итрите газди на шивачките во Штип месечно им плаќаат 100 евра на сметка, 50 на рака

Текстилните работнички од штипските конфекции дел од плата добиле на рака. Покрај регуларната плата од 6.000 до 7.000 денари, што им стигнува на сметка, дел од конфекциите во Штип на работниците им исплаќале од 1.500 до 3.000 денари во плик, на рака. Ова го тврдат од Здружението „Гласно“, чии членови денеска објавија документ што до нив го доставила текстилна работничка. Горан...

По еден месец штрајк, новинарите во МПМ се враќаат на работа

Со префрлањето на платата за јануари, штрајкувачкиот одбор на „Дневник“, „Утрински весник“ и на „Вест“ донел одлука за прекин на штрајкот, информираат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). - ССНМ со жалење констатира дека и покрај префрлањето на платата, ситуацијата на вработените во МПМ и понатаму е критична и очекува од управата да извлече поуки од речиси четиринеделениот...

Новите пратеници повеќе од два месеци земаат по 1.335 евра плата, иако не одат на работа

Најниската плата на пратеник во Собранието на Република Македонија е 1.335 евра месечно, а иако парламентот не работи, пратениците од новиот парламентарен состав веќе 72 дена во новиот мандат, ја примаат редовно платата. „Така им следува. Дел од тие луѓе дале отказ од претходните работни места, па не можеме да ги оставиме без приходи“, одговори Тодор Пендаров, советник за односи со...

Штрајкот на новинарите во МПМ ќе се зголеми на осум часа

Штрајкувачките одбори на „Дневник“, „Утрински весник“ и на „Вест“ донесоа одлука за зголемување на времетраењето на штрајкот на 8 часа, почнувајќи од денеска, информира Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ). „Ова е од причини што и по усните ветувања од раководството дека се прават напори за да се исплати јануарската плата, платата не е исплатена и нема никаквов прецизен...

Товарните возови ќе почнат да сообраќаат попладне, а патничките – утре

Товарните возови ќе почнат да сообраќаат попладнево, во 16 часот, а од утре ќе се воспостави и патничкиот возен сообраќај, најави претставникот на машинскиот персонал во „Македонски железници - Транспорт“, Душко Чакароски. Вработените денеска се сретнале со в.д. директорот на „МЖ – Транспорт“, Игор Коруноски, и било договорено по вчерашната исплата на половина од јануарската плата, втората половина да биде исплатена во...

Дел од вработените на „МЖ – Транспорт“ го прекинаа штрајкот, возовите не сообраќаат

Вработените од работилницата за оспособување на локомотивите на „Македонски железници - Транспорт“ одлучија да го прекинат протестот поради кој повеќе од две недели е блокиран железничкиот сообраќај, информираше претставникот на иницијативниот одбор за протестот, Ѓоко Илиески. Вработените се сретнале со в.д. директорот на „МЖ - Транспорт“, Игор Коруноски, и било договорено по вчерашната исплата на половина од јануарската плата, втората половина да...

Петер: Инвеститорите не ја напуштија државата во криза, од новата влада очекуваат дијалог

„И покрај тешкотиите со политичкиот систем изминатите две години, бизнисмените имаат добро чувство за иднината. Странските инвеститори се стабилни во работењето, некои од нив бројот на вработени го зголемија двојно,“ одговори претседателот на Советот на странски инвеститори при Стопанска комора, Штефан Петер, на прашањето на „Мета“ за влијанието на политичката криза врз инвеститорите. - Ниту една странска компанија не се...

Џулијан Асанж го доби правото на жалба против екстрадиција во САД

Џулијан Асанж доби дозвола да поднесе нова жалба против неговата екстрадиција во САД, каде е обвинет за објавување воени тајни, и ќе може да ги оспори гаранциите на САД...