fbpx

Кривична пријава за Кирил Божиновски за давање плата на 600 лица кои не оделе на работа

-

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, денеска соопшти дека поранешниот генерален секретар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Божиновски, со вработувањето на 600 лица во Државниот секретаријат кои не оделе на работа, а земале плата, го оштетил буџетот за 824.000 евра. Тој најави дека против Божиновски ќе биде поднесена кривична пријава, а против 60 лица веќе се почнати дисциплински постапки.

– Располагаме со писмена евиденција која како доказ ќе биде доставена до Јавното обвинителство, од којашто се гледа дека овие вработени, во последните две, три или четири години, зависно од тоа кој кога е примен на работа, еднаш во неделата во однапред подготвен распоред, доаѓале да се потпишуваат дека се присутни тој ден. Во другите четири дена немале никаква обврска. И во истиот ден кога доаѓале на работа, немале никаква друга обврска, туку едноставно требале да дојдат и да се потпишат – соопшти Рашковски.

Тој истакна дека тие вработени ги уживале сите права, односно користеле годишен одмор, платено отсуство, иако не се појавувале на работното место, па дури и фиктивно биле оценувани за својата работа. Вработените кои не оделе на работа, редовно добивале средна оцена – тројка, која според законот им овозможува ниту да бидат унапредени, ниту, пак, деградирани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...