понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: плата | 175 резултати

Царовска: Работодавците што ќе ја зголемат минималната плата ќе добијат државна помош

август 1, 2018

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска денеска се сретна со менаџментот и вработените на текстилната фабрика „Голден текст“ во Кочани за да ги запознае со најновите мерки кои ги обезбеди државата за раст на платите. „Со законските измени се предвидува работодавците што ќе им ја покачат минималната плата на вработените да добијат државна помош за […]

Просечната нето-плата во мај изнесувала 24.509 денари

јули 20, 2018

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај изнесувала 24.509 денари и во однос на истиот месец лани има зголемување од 7,1 проценти, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Бруто-платата изнесувала 35.983 денари. „Ваквото зголемување се должи, пред се на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите објекти за сместување и сервисни […]

Просечната нето-плата во април изнесувала 23.942 денари

јуни 22, 2018

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април изнесувала 23.942 денари и е зголемена за 5,6 проценти во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика. Бруто-платата за април изнесувала 35.117 денари. Ваквото зголемување се должи, пред се на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење на камен (32,2 […]

ВМРО-ДПМНЕ: Секое домаќинство во просек плаќа 12.000 денари повеќе за дизел од лани

мај 29, 2018

СДСМ удри по најсиромашните, секое домаќинство во просек плаќа 12.000 денари повеќе за дизел од лани, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Во него се додава дека „СДСМ не работи за граѓаните, затоа и ја покачи акцизата за 3,5 денари.“ „Тоа предизвика директен трошок од над 40 милиони евра за граѓаните и за стопанството, а […]

Раководството на САСА и синдикатите постигнаа договор за зголемување на платите

мај 11, 2018

Мултиетничкиот синдикат за образование (МЕСО), Сојузот на синдикати на Македонија и рудникот за олово и цинк Саса потпишаа спогодба, согласувајќи се на понудата за зголемување на платата, која што компанијата ја достави до синдикатот на 26 април. „Рудникот Саса и неговите нови сопственици од Лондон, „Централ Азија металс“, веруваат дека со оваа прифатена понуда се решава […]

Бошњаковски: Сите вработени во „Еурокомпозит“ в понеделник ќе добијат плата

мај 3, 2018

Доцна синоќа владата постигна договор со вработените од Еурокомпозит, при што е договорено во понеделник линеарно на сите вработени да им се исплати платата, информира денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски. – Вработените презедоа обврска да ја завршат работата, а постигнат е и договор да се смени менаџерскиот тим. Вработените на „Еурокомпозит“, кои вчера протестираа пред […]

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалниот картел на врхушката го притиска бизнисот

мај 2, 2018

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека власта, не само што не ги исполнила ветувањата за подобар живот за сите граѓани, туку и лажела дека ќе обезбеди просечна плата од 30.000 денари. Наспроти тоа, како што велат од партијата, „животот во Македонија дојде само за криминалниот картел составен од Заеви, Анѓушев и врхушката на власт“. ВМРО-ДПМНЕ вели дека […]

Просечната месечна нето-плата во февруари изнесувала 23.158 денари

април 23, 2018

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари изнесувала 23.158 денари, а бруто-платата 33.994 денари, објави Државниот завод за статистика. Зголемувањето на платата изнесува 3,6 проценти во однос на истиот месец лани. Ваквото зголемување се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите рударство и вадење на камен (14,5 отсто), преработувачка индустрија (10,7 […]

Визуелизација: Што ако за приход над 1.000 евра се плаќа поголем персоналец

април 11, 2018

Дали оние кои земаат поголема плата од 1.000 евра ќе треба да платат поголем персонален данок или не, е една од главните теми на дискусија во јавноста деновиве откако министерот за финансии Драган Тевдовски рече дека за него е прифатливо лицата кои заработуваат над 1.000 евра месечно да плаќаат повисок данок за секој денар што ќе […]

Царовска: Минималната плата се исплаќа и не влијае негативно на бизнисот

март 27, 2018

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, ја посети фабриката „Окитекс“ и се сретна со сопственикот, Миле Миленковски како и со претседателот на Синдикатот од текстилната, кожарската и чевларската индустрија, Љупчо Радовски. Миленковски посочил дека законот за минимална плата дал резултат, но смета дека треба модернизација на оваа индустриска гранка. Оваа компанија е една од оние кои […]

Просечната нето-плата во јануари изнесувала 24.025 денари

март 23, 2018

Просечната месечна нето-плата исплатена во јануари изнесува 24.025 денари и е зголемена за 5,5 отсто во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Ваквото зголемување се должи на зголемувањето на просечната нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација (37,3 проценти), рударство и вадење на камен (20.3 проценти) и земјоделство, […]

„Евростат“: Жените во ЕУ се 16 проценти послабо платени од мажите

март 8, 2018

Статистичката служба на Европската Унија, „Евростат“ објави дека жените во Европската Унија во 2016 година, во просек, биле за 16,2 отсто послабо платени од мажите, односно во просек заработиле 84 евроценти од секое евро кое го заработил маж. Во цела ЕУ, разликите во платите се намалени малку и тоа во просек за 0,6 процентни поени, од […]

Просечната нето-плата во декември изнесувала 23.850 денари

февруари 22, 2018

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2017 година изнесувала 23.850 денари и е повисока за 1,7 отсто од декември 2016 година, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемување се должи, пред сè, на повисоката исплатена нето-плата во секторите други услужни дејности (9,8 отсто), преработувачка индустрија (9,3 отсто) и објекти за сместување и сервисни дејности со храна […]

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Аеродром бегаат од работа, а земаат плата

јануари 27, 2018

Бојкотот, деструкцијата и дејствувањето спротивно на интересите на граѓаните што ВМРО-ДПМНЕ ги спроведува во Собранието, опозициската партија ги пренесува и на локално ниво, велат од владејачката СДСМ. „Веќе втор пат, советниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштаат седницата на Советот на Општина Аеродром, веднаш откако ќе се усвои дневниот ред. Изговорот е дека одбиваат да ја вршат […]

Железничарите го откажаа штрајкот, ќе ја чекаат ноемвриската плата

декември 25, 2017

Вработените во Македонски железници – Транспорт, се договориле да го одложат штрајкот кој претходно го договорија за утре, поради најавата од раководството на претпријатието и на Владата дека неделава ќе им биде исплатена целата плата за ноември. Пред извесно време, со штрајкот кој траеше три дена, вработените во МЖ – Транспорт издејствуваа да им биде […]

2,7 милиони евра е највисоката бруто-плата за 2016, исплатена во приватното здравство

декември 15, 2017

Највисоката годишна бруто-плата за 2016 година, била исплатена во приватното здравство и изнесува 2,7 милиони евра, информираше директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. Највисокиот исплатен бонус на годишно ниво е 416.000 евра. – Лани годишна даночна пријава до УЈП поднеле 439.689 граѓани кои пријавиле годишни бруто-приходи во износ од 173.592.004.847 денари, како и персонален […]

Железничкиот сообраќај е нормализиран, вработените го прекинаа штрајкот

декември 13, 2017

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај е нормализиран, откако попладнево, на вработените во „МЖ-Транспорт“, им беше исплатена платата  за октомври. Денеска, со менаџерскиот тим на компанијата се сретнаа вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески. Од Министерството за транспорт и врски информираа дека денеска, најдоцна до утрешниот ден, ќе […]

Просечната нето-плата во септември изнесувала 23.229 денари

ноември 22, 2017

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во септември 2017 изнесува 34.127 денари, додека просечната нето-плата изнесува 23.229 денари, а во овој месец 1 отсто од вработените не зеле плата. Просечната плата, односно и нејзиниот бруто-износ и нето-износот биле поголеми за 4,6 отсто отколку во истиот месец во 2016 година, соопшти Државниот завод за статистика. Зголемувањето […]

МВР ќе префрли средства за една плата за вработените во „Еурокомпозит“

ноември 7, 2017

Владата на денешната седница му наложи на Министерството за внатрешни работи од својата сметка да ѝ исплати на државната фабрика „11 Октомври – Еурокомпозит“ АД Прилеп средства за исплата на една плата на вработените, како и за обезбедување репроматеријали за работата на компанијата. „Владата донесе одлука МВР да префрли финансиски средства во висина од 10.000.000 […]

17,8 проценти од работниците примиле плата во плик, најбројни тие со минимална плата

октомври 20, 2017

Во Македонија 17,8 проценти од работниците што имаат формален договор за вработување, добиле плата во плик во 2017 година, покажува истражувањето  „Плата во плик“ на „Фајненс тинк“. „Платата во плик е најзастапена кај примателите на минимална плата. Дури 62 проценти од работниците осигурани на минимална плата, добиваат и плата во плик. Притоа, во просек, платата во […]

Страна 4 од 9