fbpx
Таг: парламентарни избори

таг: парламентарни избори

Уставниот суд пресече, ќе се прегласува на седум избирачки места

Управниот суд ги отфрли како неосновани сите седум тужби на Европскиот фронт кои беа поднесени против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) во однос на парламентарните избори што се одржаа на 8 мај. Со синоќешната одлука, на која ѝ претходеше неколкучасовна расправа, се потврдуваат решенијата на ДИК за прегласување на седум избирачки места – шест во петтата и едно во...

Во Македонија се спроведуваат демократски и непосредни избори, а не избори под окупација

Во Македонија од нејзината независност па до денес, се спроведуваат демократски, слободни и непосредни избори. Никој во Македонија не може да спроведува избори под окупација, бидејќи тоа е противуставно, ниту па може да диктира кој да победи и кој да владее. Тоа е исклучиво одлука на граѓаните кои излегуваат на гласање. Лага е дека САД менаџираат изборни процеси во...

Џафери: Спроведовме фер, демократски, европски избори

Во прес-конференција на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери за работата на Владата изминатите сто дена под негово раководство, тој се осврна на успешниот изборен процес, кој се истакна како слободен, мирен, фер и демократски. „Се обврзав пред граѓаните дека ќе овозможиме слободно изразување на граѓанската волја на двојните, претседателски и парламентарни избори. И оваа приоритетна обврска,...

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата на претседателските избори, како прва жена претседател во Македонија. Како што победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ стануваше сè поизвесна, и на претседателските и на парламентарните избори, атмосферата во штабот...

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Димитар Ковачевски. Во својот говор по објавата на првичните резултати од парламентарните и претседателските избори, на кои актуелната владејачка партија губи со голема разлика од...

Муцунски: Бојкотот на ДУИ не успеа, од утре очекуваме нов претседател

„Отворениот повик за бојкот на ДУИ не успеа“, прогласи потпретседателот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски на прес-конференција во седиштето на партијата. Со оваа изјава, Муцунски го коментира тоа што, и покрај малиот одѕив во вториот круг на претседателските избори во општини со мнозинство албански гласачи, цензусот е постигнат. Тој рече дека станува јасно оти...

Гласачките кутии затворени, парламентарните избори со 7 отсто поголем одѕив од претседателските

Излезноста на избирачките места ширум земјава на половина час пред да заврши изборниот процес била 53,36 отсто за парламентарните и 46,34 отсто за претседателските избори, покажуваат официјалните податоци достапни на интернет-страницата на Државната изборна комисија (ДИК). Ова значи дека одѕивот за парламентарните избори бил поголем за 7 отсто во однос на претседателските. Според податоците, од обработени 3.196 избирачки места, до 18...

Над половина милион евра чини кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена

Вкупно 35 милиони денари или 569 илјади евра чинела кампањата на ВМРО-ДПМНЕ во првите 10 дена од изборната кампања пред парламентарните избори што ќе се одржат в среда, на 8 мај, покажува извештајот на коалицијата „Твоја Македонија“ поднесен до Државниот завод за ревизија. Речиси 20 страници е долг списокот на лица кои донирале на трансакциската сметка на ВМРО-ДПМНЕ од јануари...

ХДЗ освои најмногу гласови на хрватските парламентарни избори, но не и мнозинство во парламентот

Владејачката партија Хрватска демократска заедница (ХДЗ) освои 60 пратеничка места од можни 151 на вчерашните парламентарни избори во Хрватска, пренесува Гардијан. Ова се резултатите откако се изброија над 90 отсто од гласовите. На второ место се најде коалицијата „Реки на правдата“, предводена од Социјалдемократската партија (СДП), која освои 42 пратенички места. На чело на оваа коалиција стои Зоран Милановиќ, претседателот...

Ангажирани 320 набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР за претстојните двојни избори

Вкупно 300 краткорочни и 20 долгорочни набљудувачи на канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права(ОДИХР) ќе бидат ангажирани за претседателските и парламентарните избори во Северна Македонија на 24 април и на 8 мај, најави на амбасадорката на Канада Џилиан Стирк, која ќе ја предводи мисијата на ОБСЕ/ОДИХР. Долгорочните набљудувачи ќе бидат распоредени низ Северна Македонија од 27 април,...

Грковска: Изборните кампањи да бидат транспарентни, за да нема лажни вести и дезинформации

Вицепремиерка Славица Грковска напиша отворено писмо во пресрет на претседателските и парламентарните избори на 24 април и на 8 мај, кои беа распишани вчера. Грковска во своето писмо истакнува дека е од огромно значење сите учесници во овој процес постојано да ги имаат предвид законите и етичките принципи при вршењето на своите активности. Таа дополни дека правичното спроведување на изборите...

Изборите распишани, партиите ќе најавуваат кандидати во следните две недели

По вчерашното распишување на претседателските и парламентарните избори, се очекува политичките партии да почнат со најавување на своите кандидати за двата изборни процеси. На 24 април ќе се одржи првиот круг на претседателските избори, а на 8 мај ќе се одржат парламентарните избори, заедно со вториот круг на претседателските избори. Државната изборна комисија (ДИК) од денеска треба да ги потврди официјалните...

На тајванските претседателски избори победи Лаи Чинг-те, кој се залага за сувереноста на државата

Победник на вчерашните претседателски избори во Тајван е Лаи Чинг-те. Неговиот мандат ќе е трет последователен за Демократската прогресивна партија (ДПП), која се залага за сувереноста на Тајван, известува Гардијан. Се смета дека резултатот на изборите ќе доведат до повеќе тензија меѓу Тајван и Кина, која се залага за анексија на Тајван. Се очекува да се зголемат тензиите меѓу двете...

Илјадници протестираат со „црвени картони“ пред уставниот суд во Белград

Продолжуваат протестите против резултатите на парламентарните и локалните избори во Белград на кои владејачката СНС прогласи победа, известува Радио Слободна Европа. Овој пат, граѓаните протестираат пред уставниот суд, со симболични „црвени картони“ в раце. Опозициската коалиција „Србија против насилство“ како и ОБСЕ тврдат дека имало нерегуларности на изборите на кои српската партија на власт СНС прогласи победа. Протестите се организирани од...

Опозициската лидерка Мариника Тепиќ 12-ти ден штрајкува со глад

Носителката на парламентарната листа на опозициската коалиција „Србија против насилството“, Мариника Тепиќ веќе 12 дена штрајкува со глад поради изборните измами што се случија за време на изборите одржани на 17 декември во Србија. Тепиќ сè потешко се движи, а ѝ пукаат и вените поради неопходноста постојано да прима инфузија, пишува весникот Данас. Денеска се очекуваат новите анализи на крвта...

Набљудувачката мисија на ЦРТА: “Касапаана” на изборите што се одржаа во Србија

Набљудувачката мисија за изборите во Србија на Центарот за истражување, транспарентност и одговорност (ЦРТА) во нивниот прелиминарен извештај оценуваат дека на денот на изборите на 17 декември имало драстични злоупотреби на избирачките права, законите и институциите од страна на власта. „Обрнуваме внимание на сериозната загриженост за квалитетот на парламентарните избори и нивното натамошно отстапување од стандардите за слободни и фер...

САД и ЕУ ја повикаа Србија да ги истражи наводите за изборни нерегуларности

Меѓународните набљудувачи на изборите во Србија денеска го објавија прелиминарниот извештај за изборниот процес и атмосферата на изборите што се одржаа на 17 декември, јавува Данас. Акцентот во извештајот е ставен на локалните избори, кои се одржаа заедно со парламентарните избори во оваа земја. Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР, Европскиот парламент и Парламентарното собрание на Советот на Европа го насочуваат вниманието на...

Хаос во Германија: Уставниот суд одлучи да се прегласуваат изборите во Берлин од 2021

Во Берлин ќе мора да се повторат дел од неуспешните избори за националниот парламент што се одржаа во септември 2021 година, одлучи во вторникот Уставниот суд на земјата, пренесува германската новинска агенција ДПА. Изборите ќе треба да се повторат во 455 изборни единици и соодветните гласачки области по пошта, рече уставниот судија што претседаваше, Дорис Кениг. Станува збор околу една...

Српската опозиција и денеска во Белград ќе организира протест

Опозициската коалиција „Србија против насилството“ денеска ќе организира нов протест пред српскиот парламент и пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК), јавува весникот Данас. Претставниците на опозицијата критикуваат дека изборниот процес на изборите во Белград и во Србија бил нелегитимен. „Ќе ги повикуваме луѓето секој ден да се собираат пред зградата во која се наоѓа Републичката изборна комисија. Невозможно е...

Штрајк со глад на опозициските лидери, во Белград протест против изборните измами

Српските опозициски лидери Мариника Тепиќ и Мирослав Алексиќ започнаа штрајк со глад поради изборните измами на власта во Белград. Тие побараа поништување на локалните избори во српскиот главен град, додека илјадници жители на Белград протестираа вечерва пред Републичката изборна комисија, јавува телевизијата Н1. Протестот почна пред Собранието на општина Белград во центарот на градот, а демонстрантите продолжија со собирот пред...

Безбедноста станува помал приоритет, вели поранешниот истражувач за безбедност на „OpenAI“

Јан Лејк, поранешен вработен во „OpenAI“ кажува дека приоритет за компанијата се „напредни производи“, а не безбедноста, откривајќи дека тој дал отказ по несогласувања околу клучните цели, пишува Гардијан. Лејк...