понеделник, 11 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: општина | 69 резултати

Тетовци бараат Oпштината да го реконструира Спортскиот центар

април 9, 2016

Млади граѓани поведоа инцијатива под името „Ултиматум до Општина Тетово за Спортскиот центар“. Тие попладнево од терените на спортскиот центар, кој е запуштен со децении, побараа што поскоро надлежните да преземат мерки за негова реконструкција. Во спротивно, најавија дека сами ќе почнат со обнова на единствената слободна површина во градот, наменета за спорт одмор и […]

До Општина Гостивар поднесени 4.027 барања за легализација на дивоградби

април 6, 2016

До Општина Гостивар поднесени се 4.027 барања за легализација на бесправно изградени објекти. Сопствениците на дивоградбите, за кои продолжениот рок за легализација истече на 31 март годинава, треба за објектите да ја комплетираат документацијата со геодетски елаборат најдоцна до крајот на 2017 година. Од секторот за урбанизам при Општина Гостивар велат дека бројката на барањата […]

Вработен во Општина Струга определувал плата со фалсификуван потпис на градоначалникот

април 6, 2016

Четириесет и осумгодишниот П.А. од струшкото село Заграчани, вработен во Општина Струга, вршел уплати, прераспоредувал други вработени и им определувал плата со фалсификуван потпис на градоначалникот. Поради постоење основан сомнеж  дека фалсификувал исправа и употребил исправа со невистинита содржина, полициската станица од Струга му поднесе кривична пријава. Пријавениот, во својство на службено лице, вработен во Општина Струга, со искористување на […]

Градоначалникот Бакрачески со отчет пред граѓаните на Охрид

април 4, 2016

Со обемна илустрирана публикација на 200 страници, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, даде отчет за сработеното на локалната самоуправа во текот на изминатите три години. – Успешно го трасиравме патот за финансиска консолидација на општината и покажавме дека децениската сага за долгот на Општина Охрид на подолг рок може да има успешна разврска. Со искрен и […]

Интегрирана заштита на старото градско јадро во Охрид, според искуствата од Каен, Франција

март 24, 2016

Денеска пред Законодавно-правната комисија на Собранието на Република Македонија, на расправа е предлог-законот за изменување на Законот за прогласување на старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење. Во меѓувреме, охридската локална власт го финализираше Планот за интегрирана заштита на старото градско јадро на Охрид. Планот е работен во рамките на проектот „Изработка […]

Службеник во Општина Струга осомничен за криминал и за фалсификување потпис

март 17, 2016

Државен службеник во локалната самоуправа во Струга, во својство на раководител на едно од одделенијата во Општината, е осомничен за злоупотреба на службена положба и овластување, како и за фалсификување на потписот на градоначалникот. Службеникот е суспендиран и за него се води дициплинска постапка, а истовремено Општина Струга самоиницијативно ја информирала полицијата и поднела кривична пријава. Пријавениот, на […]

Жителите на Боговиње протестираа против одлуката Општината да раководи со водоводот

март 11, 2016

Жителите од Боговиње третпат пред општинската зграда протестираа против одлуката со водоводот да управува локалната власт. Тие истакнаа дека Општината сака насила да им го земе водоводот, кои сами со свои пари го изградиле. Побараа со водоводот да управува претпријатие кое е јавно – приватно партнерство, а со кое ќе менаџираат локални жители и локалната самоуправа. Жителите сметаат дека […]

Без инциденти осветени темелите на крстот во Бутел

февруари 27, 2016

Без никакви инциденти, поглаварот на МПЦ, г. г. Стефан, заедно со свештеници од скопската епархија, го осветија камен-темелникот на крстот во Бутел. Темелите се поставени на кружниот тек кај улиците Боца Иванова и Александар Урдаревски. На кружниот тек претпладнево беше поставена импровизирана бина со звучници, а на церемонијата присуствуваа првиот човек на Светскиот македонски конгрес, […]

Со велосипед против долговите за бесплатен превоз

јануари 28, 2016

Околу половина милион евра општините Штип и Кочани им должат на превозниците за бесплатниот превоз на учениците. Овој владин проект целосно падна на товар на општините, а актуелните градоначалници потрошија близу две третини од својот мандат во враќање на долговите што ги наследија од своите претходници. Општината Штип од 2013 година има обврска да врати околу […]

Општината и црквата ја презедоа организацијата на Водици

јануари 6, 2016

Откако граѓанското здружение „Богојавление“, по една деценија, ја откажа организацијата на големиот православен празник Богојавление – Водици, обврската за организација на манфестацијата ја презедоа Општината заедно со Дебарско-кичевската епархија. Градоначалникот Никола Бакрачески формираше посебно координативно тело, во кое има и претставник на црквата. До 19 јануари, има доволно време за да се спроведат сите подготовки. – […]

Битолските средношколци со едноминутно молчење за „мртвото образование“

ноември 11, 2015

Едноминутно молчење за „мртвото образование“ посветија битолските средношколци на денешниот марш против реформите на Владата во образованието. Се молчеше токму пред вратите на Општината, каде средношколците ги пречека полицијата. Стотина средношколци маршираа по Широк сокак и бараа да се врати стариот начин на полагање матура и да се укине екстерното тестирање. На Широк сокак ги […]

Кривопаланчани утре ќе протестираат против изградба на џамија во нивниот град

ноември 5, 2015

Кривопаланчани утре ќе излезат на мирен протест против „исламизација на Крива Паланка“. Протестот ќе се одржи во 13.30 часот на Соларски мост. На „Фејбук“ се појави плакат со кој се повикуваат жителите да излезат на протест. Граѓаните собираа и потписи за да покажат дека се против изградбата на џамија во нивниот град. Градоначалникот на Општината, […]

Советниците од Центар се фатија за гуша за училиштето „11 Октомври“

септември 22, 2015

Во бурна атмосфера помина расправата по првата точка од дневниот ред на седницата на Советот на Општина Центар, на која се расправаше за состојбата во училиштето „11 Октомври“. На почетокот, директорката на училиштето, Даниела Костадинова, хронолошки ги објасни случувањата од средата, кога почна масовното заболување на учениците во училиштето. Според неа, симптомите со главоболки, гадење, […]

Костадинова: Учениците во „11 Октомври“ се болни од вироза

септември 18, 2015

Директорката на училиштето „11 Октомври“, Даниела Костадинова, денеска на прес-конференција побара да не се шпекулира со причините за симптомите на труење што се појавија кај околу 40 деца од училиштето во средата, додека Центарот за јавно здравје и Институтот од Штип не ги соопштат резултатите од анализата на примероци од водата и од испитувањето на воздухот. […]

СДСМ во Кичево ќе настапува самостојно

септември 14, 2015

Советниците на СДСМ ја раскина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Кичево. Ова денеска на прес-конференција го изјави Слободан Аврамоски, претседател на општинската организација на СДСМ во Кичево. – СДСМ во Советот на Општина Кичево ќе настапува самостојно, како посебна советничка група. Работата со советниците на ВМРО-ДПМНЕ е невозможна. СДСМ не може да функционира со советници кои […]

На 15 септември почнува чистењето на Црна Река

септември 14, 2015

И жителите на Пелагонија го чекаат фамозниот 15 септември, датум кој локалните власти им го ветија за чистење на коритото на реката Црна. Подготовките за големата акција се при крај, вели градоначaлникот на општина Новаци, Лазар Котевски, најaвувајќи дека со чистење на реката од наноси и од вегетација ќе се почне утре. Најпрво маханизацијата ќе […]

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се фатија за гуша за комуналното уредување

септември 12, 2015

Општинската организација на СДСМ од Охрид денеска на прес-конференција реагираше за градежниот шут кој е исфрлен во атарот на село Лакочереј, покрај Охрид. Побараа од надлежните општински служби веднаш да го отстранат шутот од околината, а за можните последици од неговото истоварање во населено место, одговорност да понесе локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ. – Со денови […]

Пронајдени се три тела на жители на Шипковица, сè уште се трага по девојчето

август 4, 2015

Трите тела на жителите од Шипковица што загинаа во невремето вчера се пронајдени, а сè уште се трага по девојчето. Мометнално се расчистува патот од надојдената вода и се откопуваат куќите кои целосно беа затрупани со земја. На терен во настраданите подрачја се припадници на војската и на Дирекцијата за заштита и спасување, а од Општина Тетово информираат […]

Општина Струга се пожали дека Владата на стружани им извлекла еден и пол милион евра

јули 2, 2015

Владата на Република Македонија, преку Министерството за финансии, од џебот на граѓаните на општина Струга, само во мандатот на сегашните коалициски партнери, извлекла околу 87 милиони денари, или 1.400.000 евра, реагираа од локалната самоуправа преку соопштение до медиумите. Само во последниве две години, биле извлечени околу пет милиони денари или околу 800.000 евра. Од Општината, исто […]

Итно се евакуираат жителите од Лакавичко

јануари 23, 2015

Итна евакуација е побарана од жителите на лакавичкиот регион. Прели акумалацијата Мантово, поради што Кризниот штаб апелира до жителите да ги напуштат домовите и со себе да ја земат стоката и да се упатат на повисоките места. Итниот апел се однесува особено за жителите на селото Лакавица да се повлекуваат во градот, а стоката и добитокот […]

Страна 3 од 4