fbpx

На 15 септември почнува чистењето на Црна Река

-

И жителите на Пелагонија го чекаат фамозниот 15 септември, датум кој локалните власти им го ветија за чистење на коритото на реката Црна.

Подготовките за големата акција се при крај, вели градоначaлникот на општина Новаци, Лазар Котевски, најaвувајќи дека со чистење на реката од наноси и од вегетација ќе се почне утре. Најпрво маханизацијата ќе се распореди на 14 пропусти на реката во општините Новаци, Могила и Битола.

– На 15 септември почнуваме со чистење на коритото на Црна, акција која жителите на Пелагонија ја чекаат со децении. Обезбедени се багери и други градежни машини со кои ќе почне големата акција за чистење на Црна. Најпрво ќе се чистат пропустите на реката, потоа деветтиот и десеттиот канал и на крај на клучни места ќе се чисти коритото од наноси и од вегетација – вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.

За големата акција во Пелагонија веќе биле обезбедни 500.000 евра од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, како и 300 тони нафта.

Неколку години наназад, особено оваа пролет, поради неисчистеното корито, реката Црна поплави десетина села во Пелагонија и неколку илјади хектари плодно земјиште. Штетите беа големи, а жителите од овој крај на секој нов дожд стравуваат од нови поплави.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...