fbpx

СДСМ во Кичево ќе настапува самостојно

-

Советниците на СДСМ ја раскина коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Кичево. Ова денеска на прес-конференција го изјави Слободан Аврамоски, претседател на општинската организација на СДСМ во Кичево.

– СДСМ во Советот на Општина Кичево ќе настапува самостојно, како посебна советничка група. Работата со советниците на ВМРО-ДПМНЕ е невозможна. СДСМ не може да функционира со советници кои не се оградуваат од политиките на Никола Груевски, за кои целата јавност слушна дека имаат криминални, теснопартиски цели. Сè додека советниците на ВМРО-ДПМНЕ даваат поддршка на ваквите политики на Груевски, тие работат спротивно на интересите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ во Кичево е во неформална коалиција со ДУИ и работат исклучиво на исполнување партиски и бизнис-интереси – рече Аврамоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...