fbpx

Кривопаланчани утре ќе протестираат против изградба на џамија во нивниот град

-

Кривопаланчани утре ќе излезат на мирен протест против „исламизација на Крива Паланка“. Протестот ќе се одржи во 13.30 часот на Соларски мост.

На „Фејбук“ се појави плакат со кој се повикуваат жителите да излезат на протест.

Граѓаните собираа и потписи за да покажат дека се против изградбата на џамија во нивниот град.

Градоначалникот на Општината, Арсенчо Алексов, за „Мета“ изјави дека пред Општината бил изграден параклис, но дека џамија нема да се гради затоа што мнозинство од населението во Крива Паланка е православно.

– Ромското население, во изнајмена канцеларија, направи импровизирана џамија и таму се молат, но официјално, во општината нема план да се изгради џамија во градот – рече Алексов.

Еден од организаторите на протестот вели дека барањето за изградба џамија доаѓа од Ромите во градот кои, според него, биле платени за да инсистираат на изградба на џамијата.

– До пред некое време, овие луѓе беа јеховини сведоци, а сега се муслимани и бараат да се изгради џамија. Тоа се платеници, кои отворија канцеларија во градот. Од она што јас го знам, зад ова барање не стои Исламската верска заедница, туку некој друг. Нам не ни пречат Ромите, но не сакаме платеници да доаѓаат и да бараат да се изгради џамија во етнички чист град. Нека соберат мнозинство и нека градат – вели еден од организаторите на протестот.

Како што ни кажаа организаторите, барањата за изградба на џамија почнале пред две-три недели, а оттогаш во импровизираната канцеларија почнале да доаѓаат и многу возила со тетовски и со гостиварски регистарски таблички, кои, според организаторите, се главни финансиери на идејата за изградба на џамијата.

Организаторите на протестот велат дека разговарале и со градоначалникот и со со пратеничката  во Собранието од Крива Паланка, но бидејќи никој не сакал да преземе ништо, тие одлучиле сами да се организираат.

12195767_10205150088491167_1308478283444312334_n

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...