fbpx

Костадинова: Учениците во „11 Октомври“ се болни од вироза

-

Директорката на училиштето „11 Октомври“, Даниела Костадинова, денеска на прес-конференција побара да не се шпекулира со причините за симптомите на труење што се појавија кај околу 40 деца од училиштето во средата, додека Центарот за јавно здравје и Институтот од Штип не ги соопштат резултатите од анализата на примероци од водата и од испитувањето на воздухот. Соопшти дека денеска дополнително биле земени и примероци од фискултурната сала на училиштето, каде вежбаат и надворешни корисници.

Таа вели дека водата не е причина за мачнина и за повраќање кај учениците, кои се на возраст од шест до девет години, а претпоставува дека во прашање е вироза која лесно се раширила меѓу учениците поради топлото време.

– Да бидеме трпеливи и да ги почекаме резултатите до утре. Навистина нема никаков проблем. Јас сега пиев од водата и верувам дека во водата нема ништо. Сето ова е исценирано на друг начин. Влијание за ова што се случува има и топлината и ако имало некој вирус кој децата го донеле, поради топлината се раширил само во тие делови каде децата најмногу си играат. Постои можност за вирус, зашто вироза има и во други училишта, но не би можела ништо да кажам додека официјално не ги слушнам резултатите – изјави Костадинова.

Тврди дека извор на труењето не се санитарните јазли, вратите на тоалетите и други придружни елементи поврзани со хигиената затоа што тие биле средени  со сопствени средства.

На водоводната мрежа, пак, која е стара 60 години и со која повеќе години имале проблем, било интервенирано во август по препорака на Санитарниот инспекторат, кој во март направил увид и констатирал дека целата водоводна мрежа треба да се смени. Инспекторатот забележал дека се слушал шум од водата и таа понирала во некои делови на земјата, а на некои од ѕидовите на училиштето имало влага. Од Општината била пратена фирмата „Анизор“ пред крајот на учебната година и ситуацијата била разгледана.

– На 10 август се санира дефектот кој беше причина за поголема сметка на вода во нашето училиште и проблемот со понирањето на водата, но не ни се реши проблемот со водоводот во две училници каде има мијалници – рече Костадинова и додаде дека по поправката бил испитан квалитетот на водата.

Од почетокот на учебната година до 16 септември немало проблеми. Токму тој ден во период од 11 до 15 часот, околу 40 деца се пожалиле на мачнина, повраќање и на малаксаност, а се чувствувала и миризба во некои училници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...