fbpx

Градоначалникот Бакрачески со отчет пред граѓаните на Охрид

-

Со обемна илустрирана публикација на 200 страници, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, даде отчет за сработеното на локалната самоуправа во текот на изминатите три години.

– Успешно го трасиравме патот за финансиска консолидација на општината и покажавме дека децениската сага за долгот на Општина Охрид на подолг рок може да има успешна разврска. Со искрен и чесен пристап, домаќинско работење и со максимално искористување на сите човечки ресурси, во период од 4 април 2013 година до 5 март 2016 година Општина Охрид исплатила 843.084.368 денари од обврските по сите основи, а вкупниот долг денес е намален за повеќе од 567 милиони денари – рече Бакрачески.

Тој вели дека третата година од мандатот изминала со најинтензивната динамика во работата на локалната самоуправа, со многу реализирани проекти, подобрување на перфомансите на сите јавни претпријатија основани од Општина Охрид и со значително подобрување на ефикасноста на општинската администрација, која одговорно и професионално во предвидените рокови ги решавала потребите на граѓаните.

Бакрачески истакна дека завршени се сите административни формалности и дека наскоро ќе почне изградбата на трите големи проекти – затворен пазар, нова автобуска станица и дом за стари лица. Најави дека во јуни оваа година ќе заврши и последната, трета, фаза од изградбата на пешачка патека до Горица, што заедно со новата патека покрај каналот Студенчишта сè до Билјанини извори и реконструкцијата на кејот Македонија, ќе претставува нова атрактивна целина и за гостите и за охриѓани.

Тој потсети на извршената реконструкција на патните правци Елешец- Елшани, Охрид – Велестово и патниот правец Вапила – Ливоишта, изградбата на кружните текови на булеварот Туристичка, реконструкцијата на голем број улици, како и на проектот за модернизација на јавното осветлување на територијата на Охрид.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...