четврток, 22 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: охис | 122 резултати

Чистењето на малата депонија со токсичен линдан ќе трае подолго од планираното

30 април 2020

Рокот за чистење на малата депонија на токсичниот линдан во дворот на ОХИС истекува на крајот на следната година. Работите на терен сè уште не се започнати, бидејќи, заради пандемијата на коронавирусот, доцни изборот на компанија која ќе треба да ја собере и транспортира опасната хемикалија. Третманот на малата депонија може да трае и до […]

Короната го заглави тендерот за чистење на токсичниот линдан од ОХИС

3 април 2020

Пандемијата на корона вирусот го заглави тендерот за избор на компанија која ќе треба да ја исчисти малата депонија на линдан во дворот на ОХИС. Изборот на компанијата која ќе го чисти линданот требаше да биде завршен до крајот на минатиот месец, но актуелните настани и затворањето на границите ја прекинаа финалната фаза на евалуацијата. […]

Нема пари за анализи на депонијата на токсичен линдан кај Пеленица, ќе се бараат преку донатори

30 март 2020

Испитувањето на почвата во локалитетот Пеленица кај Драчево, потенцијално складиште на опасен линдан од ОХИС, нема да започне оваа година. Во Министерството за животна средина велат дека немаат формирано буџет за анализи на локацијата, но се работи на тоа пари да се обезбедат преку донатори. Пеленица е четвртата депонија на отровната супстанца, откако, покрај двете веќе […]

Короната го запре уништувањето на винил хлоридот од ОХИС

17 март 2020

Коронавирусот го одложи преточувањето и транспортот на опасниот и високозапалив винил хлорид, кој сè уште се наоѓа во дворот на некогашниот хемиски гигант ОХИС. Мерките за спречување на ширењето на вирусот Ковид 19, кои ги презема нашата, но и повеќе европски држави, освен на винил хлоридот, го одложија и последниот транспорт на остатокот од другите […]

Само чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС ќе трае од 15 до 18 месеци

13 март 2020

До крајот на март ќе се знае која компанија ќе го чисти линданот од ОХИС. Во моментов во тек е финалната фаза од евалуацијата на понудите кои пристигнаа на тендерот. Комисијата веќе имала средби во седиштето на Агенцијата за индустриски развој на Обединетите нации, УНИДО во Виена, а во текот на месецот ќе биде објавена […]

Првата тура на опасен отпад од ОХИС пристигна во Базел

29 јануари 2020

Според податоците добиени од „Екоцентар 97“ на 14 јануари се направи првиот извоз на отпадни хемикалии согласно проектот „Отстранување, дислоцирање, уништување или неутрализирање на хемиски материи“ од АД ОХИС Скопје во стечај, при што вкупно се извезени 88 буриња, од кои 84 буриња беа полни со отпаден метанол, додека пак 4 буриња беа полни со […]

Винил хлоридот од ОХИС е опасен колку 100 тони експлозив, предупредија поранешни вработени

28 јануари 2020

Високи количества на опасни хемикалии, меѓу кои винил хлорид и жива и ден денес небезбедно се депонирани на простор на некогашната фабрика ОХИС, а нашите предупредувања до надлежните државни органи, како и до Општина Кисела Вода, никој не ги слуша. Ова на присутните на средбата со граѓаните, советниците на Општината и градоначалникот Филип Темелковски, како […]

До крајот на февруари ќе се знае кој ќе го чисти линданот во ОХИС

16 јануари 2020

До крајот на февруари треба да се знае која од пријавените компании на меѓународниот тендер распишан од Агенцијата за индустриски развој на Обединетите Нации УНИДО, ќе го чисти отровниот линдан од малата депонија во ОХИС. „Во тек е прелиминарна евалуација на документацијата од пристигнатите апликации на пријавените фирми, по што ќе следуваат останатите фази од […]

Нуредини: Тендерот за отстранување на линданот e успешен, чистењето започнува во 2020 година

26 декември 2019

Поставување на филтер на системот за греење во Гинекологија Чаир кој нема да загадува, како и на болницата во Куманово веќе од почетокот на наредната година најави, меѓу другото на денешната новогодишна средба со новинарите министерот за животна средина Насер Нуредини. Тој го поздрави протестот на младите кои бараат чист воздух  и рече дека ги […]

„Еко центар 97“ за излевањето на отровот во ОХИС може да плати само 1.500 евра

5 декември 2019

Фирмата „Еко центар 97“ е казнета со 3.000 евра за случајот со излевање на отпадна течност, односно вода помешана со метил акрилат мономер, во кругот на некогашната хемиска фабрика ОХИС, информирааат од Државниот инспекторат за животна средина, но ако ја плати казната во рок од осум дена со платен налог, таа ќе и биде намалена […]

„Еко Центар 97“ ги чистел опасните хемикалии во ОХИС по тендер од стечајниот управник, Маринко Саздовски

11 ноември 2019

Компанијата „Еко Центар 97“ која се најде во центарот на инцидентот со излевањето на опасна материја (метил акрилат мономер) во кругот на ОХИС, тендерот за чистење на хемикалиите го добила уште во април минатата година, соопштија од Министерството за животна средина (МЖСПП). Според нив, тендерот бил објавен на 11.04.2018 година од страна на стечајниот управник […]

Нуредини: Тендерот за линданот во ОХИС не пропаднал, туку е само продолжен

11 ноември 2019

Меѓународниот тендер за линданот не пропаднал, тој е продолжен до 16-ти декември од УНОПС за да се даде повеќе време за повеќе компании да покажат интерес за учество на тендерот, информираше денес министерот за животна средина Насер Нуредини. Очекуваме, додаде тој, да бидат презентирани иновативни идеи за чистење и ремедијација на малата депонија со линдан […]

Во приватниот ОХИС државата немала ингеренции за другите отрови, само за канцерогениот линдан

11 ноември 2019

Освен за линданот, Министерството за животна средина не било инволвирано во процесот на чистење на ниедна друга опасна хемикалија од кругот на ОХИС, бидејќи некогашниот хемиски гигант сега претставува приватна сопственост. Ова на денешната прес конференција во Министерството, по петочниот инцидент, во кој истече непознато количество на метил акрилат мономер помешан со вода, го соопшти […]

Аднан Ќахил одамна предупреди дека дел од отровните супстанци во ОХИС може да протечат

9 ноември 2019

Екс-министерот без ресор во владата на премиерот Заев, Аднан Ќахил, кој беше член на работната група за справување со проблемот со линданот, а воедно и поранешен главен инженер во ОХИС, уште на почетокот на годинава во интервју за „Мета“ предупреди дека во фабриката има многу отровни супстанции, кои можеби се добро складирани но тоа не […]

Хемискиот инцидент во ОХИС под контрола, уверуваат надлежните

8 ноември 2019

Денешниот инцидент со опасната хемикалија метил акрилат мономер помешана со вода, во некогашниот хемиски гигант Охис во близина на Скопје, е саниран, тврдат надлежните од Министерството за животна средина и просторно планирање и Еко-центар 97, фирмата која работела на отстранувањето на хемикалијата депонирана во кругот на фабриката. „Поради дефект на вентилот протекла вода од перење […]

Еден милион евра од буџетот за чистење на линданот во ОХИС

23 октомври 2019

Владата донесе одлука да одвои еден милион евра од годинешниот буџет за чистење на малата депонија на канцероген линдан во кругот на поранешната хемиска фабрика ОХИС во Скопје. Овие средства се само мал дел од потребната инвестиција во справувањето со еколошката катастрофа, која се смета дека е најголемиот еколошки проблем во земјата. Во краткото објаснување […]

Објавен тендерот за чистење на токсичниот линдан од малата депонија во ОХИС

16 октомври 2019

Меѓународен тендер за избор на технологија за отстранување на линданот и неговите изомери од кругот на фабриката ОХИС во Скопје е објавен вчера и се очекува да биде отворен до 11 ноември, информираат од Македонското еколошко друштво (МЕД). Тендерот е објавен на официјалната веб-страна на УНИДО на следниот линк. Од МЕД наведуваат дека проектната Канцеларија […]

Чистењето на токсичниот линдан во ОХИС ќе ја дочека новата година

16 август 2019

Доцни почетокот на процесот на чистење на малата депонија со линдан во кругот на некогашната фабрика ОХИС во Скопје. Сè уште не е објавен меѓународниот тендер за изнаоѓање компанија која ќе го реализира чистењето на првата од неколкуте депонии со опасниот хербицид линдан и одредувањето на методата со која тој ќе се елиминира или неутрализира […]

Токсичниот линдан во Пеленица доби жичана ограда, но без никакви ознаки, забрани или предупредувања

20 мај 2019

Оградена е депонијата на линдан лоцирана во месноста Пеленица блиску до скопската населба Драчево. По потврдата од Министерството за животна средина нашата екипа беше на локацијата и таму навистина затекнавме ограда, но од обична жица, со жичана врата и катанец, без никакви ознаки за што станува збор или предупредувања и забрани. По повеќе од три […]

Малата депонија со линдан кај ОХИС ќе се чисти на есен, компанијата ќе ја избираат ОН

28 март 2019

За месец дена ќе се финализира тендерската документација, по што ќе биде објавен меѓународен конкурс на организацијата на Обединетите Нации – УНИДО за избор на фирма и технологија за отстранување на депонираниот линдан од малата депонија во кругот на фабриката ОХИС која содржи околу 10 илјади тони од опасната хемикалија, соопшти денеска Сузана Андонова, раководителка […]

Страна 5 од 6