понеделник, 15 декември, 2025
Meta.mk

Ознака: охис | 120 резултати

Оградата за депонијата со линдан во Пеленица ќе биде прва јавна набавка во 2019 на МЖСПП

4 јануари 2019

Оградувањето на дивата депонија со високо токсичен и канцероген линдан во Пеленица, Драчево, ќе биде првата јавна набавка на Министерството за животна средина и просторно планирање во оваа година, потврдуваат од таму за „Мета“. Иако првично беше најавено дека депонијата ќе се огради до крајот на годината што измина, тимот на „Мета“ вчера беше на […]

Освен линдан, во ОХИС има жива, пестициди, ПВЦ во прав и други отровни супстанци

2 јануари 2019

На територијата на поранешната фабрика ОХИС со големина од еден хектар, освен илјадници тони канцероген линдан, складирани се и други отровни хемикалии на кои мора итно да им се најде чаре, велат за „Мета“, од неколку надлежни институции. Во ОХИС има жива, други пестициди, киселини и ПВЦ во прав, вели за „Мета“, Аднан Ќахил, кој […]

Ќахил: За да се уништи канцерогениот линдан треба многу пари, знаење и организација

27 декември 2018

Линданот е многу опасна супстанца која се наоѓа на неколку истражени и неистражени депонии во Скопје, вели во интервју за „Мета“, довчерашниот министер Аднан Ќахил, кој, додека го правевме интервјуто беше министер без ресор, а Собранието вчера го разреши на барање на премиерот Зоран Заев. Денеска тој не сакаше да го коментира разрешувањето, ниту да […]

На депониите со линдан им нема крај: На просторот на ОХИС има и трета?

26 декември 2018

На територијата на фабриката ОХИС постои и трета депонија, покрај малата и големата, на која е можно да има складиран линдан, вели за „Мета“ министерот без ресор за странски инвестиции Аднан Ќахил кој е дел од работната група формирана од Владата за решавање на проблемот со линданот и воедно е поранешен вработен во фабриката ОХИС […]

Детална анализа на дивата депонија со линдан во Драчево, бара градоначалникот Темелковски

21 декември 2018

Притискаме да се испита дали има линдан во Пеленица, бидејќи не сакаме да остане дамка на тоа излетничко место, а уште помалку сакаме да имаме нетретирани хемикалии „во нашиот двор“, вели градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски во разговор за „Мета“. Тој вели дека сите сознанија што ги има Општината се од разговори што се […]

Министерството за образование ги забрани екскурзиите кај депонијата со линдан

20 декември 2018

Министерството за животна средина и просторно планирање испратило допис до Министерството за образование и наука да не се организираат екскурзии во Пеленица, Драчево, местото за кое „Мета“ пишуваше дека има сомневање дека се наоѓа необележана депонија со канцерогениот линдан кој потекнува од фабриката ОХИС. „Во Министерството за образование и наука, стигна допис од МЖСПП по […]

Дивата депонија со канцероген линдан во Драчево ќе се огради до крајот на годината

18 декември 2018

Министерството за животна средина и просторно планирање, до крајот на годината ќе го огради просторот во Драчево на кој постојат сомневања дека се наоѓа дивата депонија со 8.000 тони линдан кој потекнува од фабриката ОХИС, потврди за „Мета“, државната секретарка во Министерството, Ана Петровска. Таа вели дека откако вчера „Мета“ објави за постоењето на дивата […]

Чистењето на линданот во ОХИС ќе чини помеѓу 40 и 260 милиони евра, вели Рашковски

17 декември 2018

Владата денеска потпиша меморандум за соработка со Канцеларијата за услуги за проекти на ОН (УНОПС) и со министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка преставувано од амбасадорот на Кралството Норвешка за Србија, Македонија и Црна Гора, за чистење на токсичниот отпад – линдан – во поранешната фабрика ОХИС. Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, во […]

Необележана депонија со 8.000 тони канцероген линдан од ОХИС ја труе околината на Драчево

17 декември 2018

Во околината на Драчево, во месноста Пеленица, постои илегална депонија на која се наоѓаат неколку илјади тони токсичен отпад линдан, потврдуваат за „Мета“ од Министерството за животна средина. Депонијата, е необележана, неоградена и не постои знак кој информира дека на тоа место се наоѓа токсичен канцероген отпад кој влијае и на животната средина, но и […]

Линданот од малата депонија на ОХИС ќе се чисти догодина, собрани се 9 милиони долари

15 декември 2018

Малата депонија со линдан во кругот на фабриката ОХИС, на која има околу 10.000 тони контаминирана почва со оваа канцерогена супстанца, ќе започне да се чисти до средината на следната година, информираат за „Мета“ од Канцеларијата за за ПОПс (Persistent organic pollutants) – неразградливи органски загадувачи при Министерството за животна средина. Во март, следната година, […]

Линданот од ОХИС ќе го чистат Рашковски, Дураки и Ќахил и ќе бараат повеќе пари

14 декември 2018

Владата формирала специјална група за решавање на проблемот со токсичниот линдан на територијата на фабриката ОХИС, а процесот го води генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, информира владиниот портпарол Миле Бошњаковски во одговор на новинарско прашање од „Мета“. Покрај него вклучени се и министерот за животна средина Садула Дураки и министерот без ресор Аднан Ќахил, […]

Владата ќе го чисти токсичниот отпад во ОХИС со странска поддршка

12 декември 2018

Министрите на вчерашната владина седница ја прифатиле информацијата за потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу Владата на Република Македонија, Канцеларијата за услуги на проекти на Обединетите нации (UNOPS) и Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка претставувано од Амбасадата на Кралство Норвешка за Србија, Македонија и Црна Гора, за заедничка реализација на проектот за чистење […]

Заев: Владата ќе бара законски можности да ги проследи барањата на стечајците на „Охис“

26 ноември 2018

Премиерот Зоран Заев денеска прими делегација на Иницијативниот одбор на поранешни вработени во АД „Охис“ Скопје во стечај. Нивните очекувања главно се однесуваат за исплата на побарувања од стечајната постапка за 24 неисплатени плати и за затворање на придонесите од плата за периодот од јуни 2012 година до октомври 2013 година, како и во списокот […]

Стечајците на ОХИС на средба во Владата: Нови пресметки на плата и за придонеси

26 октомври 2018

Претставници на поранешните вработени во АД ОХИС Скопје-во стечај и претставници на Синдикатот денеска одржаа средба со министерот задолжен за регулатива за подобрување инвестициска клима за домашни претпријатија, Зоран Шапуриќ. Од Владата информираат дека на состанокот, на нивно барање, им бил презентиран извештајот од електронската продажба на недвижниот и подвижниот имот од стечајната маса на […]

Манчевски: Владата не се меша, новинарите нека се договорат какви промени сакаат

24 ноември 2017

„Владата во последно време беше прозивана дека сака да се меша во уредувачката политика на медиумите. Но, Владата не сака да ги контролира медиумите и ниту треба, ниту сака да биде мотор на реформите, туку само сакавме да овозможиме на новинарската бранша простор и механизам да се направат реформите на законот, на кој и ние претходно […]

Вработените во ОХИС преку протест ги бараат заостанатите плати

2 февруари 2016

Исплата на заостанатите 24 плати побараа вработените во државниот загубар ОХИС. Тие протестираа пред Владата, бидејќи со години чекаат на исплатата на тие пари. Државата досега распиша 11 тендери за продажба на ОХИС, но не успеа да најде купувач.

Страна 6 од 6