четврток, 22 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: охис | 122 резултати

Вонредна инспекција во ОХИС: Во фабриката се складира опасен отпад од технолошките зони, што мора да се отстрани за најмногу три години

25 декември 2020

Државниот инспекторат за животна средина направи вонреден инспекциски надзор во кругот на ОХИС, каде што работат шест инсталации, од кои една за производство на масло од канабис, а останатите кои вршат складирање на опасен и неопасен отпад. Една од нив е компанијата „Еко-центар“, која работи на извезување на опасните хемикалии кои се историски отпад и […]

Се чека дозволата од Франција за извоз на последните 10 тони опасни хемикалии од ОХИС

23 декември 2020

Транспортот на десет тони хемикалии од ОХИС чекаат потврден одговор од Франција, за да се извезат и уништат во инсенераторот во Лион. Четири држави, Србија, Унгарија, Австрија и Германија, низ кои опасните материи ќе треба да транзитираат, веќе ги добиле документите и чекаат, по добивањето на дозволата од Франција, да го одобрат транзитот. Во инсенераторот […]

Грчката компанија „Полиеко“ ќе ја чисти малата депонија со линдан во ОХИС

10 декември 2020

Грчката компанија „Полиеко“ ќе ја чисти малата депонија со линдан во ОХИС. Од Министерството за животна средина и просторно планирање информираат дека Агенцијата за индустриски развој на Обединетите нации, УНИДО, склучила договор со компанијата како најдобар понудувач, избран на меѓународен тендер. Во моментов во тек се подготовките на теренските активности, а санацијата на малата депонија […]

Последните 10 тони хемиски отпад од ОХИС ќе се уништат во Франција

3 ноември 2020

Последните 10 тони различен хемиски отпад од ОХИС ќе бидат пратени на уништување во инсенератор во Лион, Франција. Тие, во март требаше да заминат во „Валорек Сервисис“ во Базел во Швајцарија, но пандемијата на ковид-19 и затворањето на границите го одложија извозот. Во меѓувреме, истече договорот со швајцарскиот инсенератор, како и дозволата за меѓународен транспорт […]

Договорот за чистење на малата депонија на линдан во ОХИС е потпишан, но не се открива името на компанијата

26 октомври 2020

Кога ќе започне чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС, како и која е фирмата која беше избрана на меѓународниот тендер сè уште е мистерија за јавноста. Иако уште пред повеќе од еден месец министерот за животна средина Насер Нуредини информираше дека Агенцијата за индустриски развој на Обединетите нации УНИДО, со седиште во Виена, […]

Винил хлоридот од ОХИС замина на уништување во Германија

7 октомври 2020

Цистерната со винил хлорид мономер од ОХИС на почетокот на месецов замина за Германија, каде што опасната хемикалија ќе биде уништена во инсенераторот SUEZ Sonderabfallgesellschaft. Се работи за историски отпад од околу 13 тони кој минатиот месец беше преточен од страна на експерти од француската компанија „Куриум“, од стара вагонска во нова цистерна, за да […]

Палење депонија е кривично дело, инспекциите почесто да се на терен и да казнуваат, бара министерот Нуредини

18 септември 2020

Општините да не дозволуваат да се создаваат диви депонии и да се палат огнови на отворено, а инспекциите повеќе да казнуваат, за да се подобрат состојбите со загадувањето на воздухот и на животната околина, апелира министерот за животна средина Насер Нуредини. Тој денеска ги претстави приоритетите за својот нов мандат, а ги издвои аерозагадувањето, управувањето […]

Охис еколошка „бомба“? (видео)

15 септември 2020

Во нејзиното ново видео Кика Авеиро ни кажува нешто повеќе за влијанието врз здравјето на луѓето на хемикалиите што се чуваат во Охис и прави споредба со неодамнешната трагична случка во Либан. „Овие штетни материи не можат да предизвикаат експлозија, не се опасни на таков начин, меѓутоа се опасни заради тоа што предизвикуваат лоши влијанија […]

Винил хлоридот од ОХИС е преточен во нова цистерна, во октомври заминува за Германија

14 септември 2020

Винил хлоридот мономер, историски отпад од некогашниот хемиски гигант ОХИС, е целосно преточен во нова цистерна и подготвен да замине на уништување во инсенератор во Германија. Опасната хемикалија, кој неколку децении стоеше во стара цистерна под притисок на почетокот на месецов ја преточи тим од компанијата „Куриум“ од Франција, под надзор и со техничка поддршка […]

Аерозагадувањето, климатските промени и обновливите извори највисоко на еколошката агенда на новата Влада

1 септември 2020

Интензивно зазеленување на земјата и промена на начините за загревање на институциите и домовите, како еден од најитните одговори на аерозагадувањето, потоа соодветен третман на отпадот како и нови транспортни политики со акцент на субвенции за еколошки возила и велосипеди, се главните еколошки определби на новата Влада во програмата за периодот од 2020 до 2024 […]

Меѓу експлозијата во Бејрут и хемикалиите од ОХИС нема споредба, тврди професорот Стафилов

5 август 2020

Нема споредба меѓу несреќата во Бејрут, предизвикана од експлозија на несоодветно чувана хемикалија и потенцијалната опасност за Скопје од хемикалиите на ОХИС, тврди професорот Трајче Стафилов од Институтот за хемија на ПМФ. Винил хлоридот, кој во ОХИС стои неколку децении во дотраена цистерна не е експлозивна, туку токсична хемикалија и опасноста од неа е голема, […]

Инспекторат за животна средина: Цистерната со винил хлорид во ОХИС е безбедна

28 јули 2020

Цистерната во која е складиран отпадниот винил хлорид мономер во дворот на ОХИС има систем за ладење и е безбедна, констатирал Државниот инспекторат за животна средина. По објавите на социјалните мрежи и вознемиреноста на јавноста минатата недела дека постои испарување од садот под притисок во којшто е складирана опасната хемикалија, Инспекторатот потврди дека цистерната се […]

Сè уште не се знае која фирма и кога ќе го чисти линданот од ОХИС

16 јули 2020

Сè уште не се знае која компанија ќе го чисти токсичниот линдан од малата депонија во ОХИС, ниту пак кога ќе започнат и колку време ќе траат работите на терен. Според информациите од Министерството за животна средина и просторно планирање, тендерот за избор на фирма сè уште не е финализиран, иако според првичните најави компанијата […]

Винил хлоридот од ОХИС сè уште чека да биде преточен во безбедни буриња

5 јули 2020

Околу 14 тони винил хлорид ќе мора да чека во дворот на ОХИС сè додека не дојдат експерти од фирмата „Куриум“ од Франција, за да биде безбедно преточен во нови буриња и транспортиран на уништување. Од компанијата „Екоцентар 97“, која е задолжена за чистење на 11 хемикалии од ОХИС, во рамките на проектот „Отстранување, дислоцирање, […]

Заради коронавирусот, седум држави мора да дадат нови дозволи за извоз на хемикалиите од ОХИС

25 јуни 2020

Србија, Хрватска, Словенија, Австрија, Германија, Швајцарија како и Македонија, треба да издадат нови дозволи за меѓународен транспорт и извоз на опасни материи, за хемикалиите од ОХИС да стигнат во инсенератор во Швајцарија. Претходната нотификација истече пред да биде завршен проектот „Отстранување, дислоцирање, уништување или неутрализирање на хемиски материи“ од АД „Охис“ Скопје, заради пандемијата со […]

Малата депонија на линдан во ОХИС може да се чисти и до три години

11 јуни 2020

Чистењето на малата депонија со линдан во ОХИС е голем проект, со кој се очекува по повеќе од четири децении, да започне решавањето на една од најголемите историски еколошки жешки точки во земјава. Отпадниот пестицид, кој е последица на работењето на хемискиот капацитет, долги години стои несоодветно складиран во дворот на ОХИС и претставува голема […]

Обврската за ремедијација на почвата и подземните води во ОХИС е на државата

26 мај 2020

Целосна ремедијација на почвата, но и на подземните води мора да се направи на речиси десетици илјади квадратни метри површина која му припаѓа на некогашниот хемиски гигант ОХИС. Обврската е на државата, која сè уште е сопственик на земјиштето. Децениското несоодветно складирање на десетици опасни хемикалии, последица од работата на фабриката, придонесува за катастрофално загадување […]

За чистење на живата од ОХИС ќе се бара помош од меѓународни фондови

19 мај 2020

Опасноста од загадување со жива, која доаѓа од погонот за електролиза во ОХИС ќе се решава со помош на меѓународни фондови. Северна Македонија на почетокот на годинава ја ратификуваше Минамата Конвенцијата за жива и како нејзина членка ќе има пристап до нови извори на финансирање, конкретно наменети за решавање на проблемите со жива. Се работи […]

Истече дозволата за транспорт на хемикалиите од ОХИС, за нова ќе се почека и до три месеци

9 мај 2020

Фирмата „Екоцентар 97“, која треба да го исчисти ОХИС од 11 високотоксични хемикалии, ќе мора да ја обнови дозволата за прекуграничен транспорт на опасен отпад пред да продолжи со активностите. Застојот во изнесувањето на хемикалиите се случи заради затворањето на границите по пандемијата на Ковид-19, а во меѓувреме истече Нотификацијата која е задолжителна за транспорт […]

Кој и како ќе го чисти линданот од малата депонија во ОХИС ќе се знае до крајот на месецов

8 мај 2020

До крајот на мај би требало конечно да се знае кој ќе го чисти линданот од малата депонија во кругот на некогашната фабрика ОХИС, изјави за „Мета.мк“ Насер Нуредини, министер за животна средина. „Деновиве зборував со претставникот на УНОПС (Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги) за нашиот регион и му ја изразив загриженоста и […]

Страна 4 од 6