fbpx
Таг: одлука

таг: одлука

Контраспин: Одлуката на ЕУ за датум за преговори секако ќе влијаe врз изборите

Вицепремиерот Бујар Османи, кој во владата на СДСМ и ДУИ е надлежен за евро-интеграции, дал интервју за Агенција Европа во кое тврди дека ако ЕУ не ѝ додели датум за преговори на Македонија во март годинава, тоа ќе значело „најголема интервенција во изборите“ со „огромни последици“. Ова тврдење е чисто извртување на вистината, т.е. спин од неколку причини, пишува...

Договорот за јавно-приватно партнерство за дистрибутивниот систем на гас, влегува во прва фаза

Владата на петтата седница, ја разгледа и усвои информацијата и ја одобри тендерската документација за првата фаза од постапка за доделување на договор за воспоставување на јавно-приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Македонија. „Во врска со оваа постапка за дистрибутивниот систем за гас, Владата го прифати текстот на Договорот...

Горивата поевтинуваат од ноќеска на полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,8 проценти во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката од 20 јануари. „Малопродажните цени на бензините „еуросупер БС-95“ и „еуросупер БС-98“ се намалуваат за половина денар за литар и со тоа малопродажната цена...

Владата одобри 97,5 илјади евра за настраданите од пожарите во Австралија

На денешната седница Владата донесе одлука за одобрување на средства од резервите на буџетот за 2020 година, во висина од 6.000.000 денари (97,5 илјади евра) денари за доделување на помош за настраданите од пожарите кои ја зафатија Австралија. Билансот од австралиската огнена тргедија досега се 23 мртви лица, изгорени шест милиони хектари шума, изгорени 1.500 домови, 500 милиони диви животни...

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на Теофиловски, но и го спаси од притвор

По два и пол часа расправа, Судскиот совет одлучи да му го одземе судскиот имунитет на нивниот колега Зоран Теофиловски. Овој член на Судскиот совет ќе мора да учествува во натамошното водење на кривичната постапка за злоупотреба на службена положба, во која тој е првоосомничен, информираат од Судскиот совет. Покрај ова, Судскиот совет одлучи да не го одобри барањето за...

За анализа, проект и финансирање на „автобуско метро“ ќе треба најмалку три години

Изработката на физибилити студијата за изводливоста од воведување на брзиот автобуски систем (БРТ) во Скопје, како и изготвувањето на целокупната проектна документација, ќе бара подолг временски период пред реалното воведување на новото средство за јавен превоз во главниот град. Владата го задолжи Министерството за финансии да ја започне постапката за прибирање средства за изработка на физибилити студијата, како и...

Наместо трамвај, Скопје допрва ќе работи на проект за „автобуско метро“

По многуте недоумици во јавноста, владата пресече дека ќе го поддржи воведувањето на брз автобуски систем (БРТ) во Скопје. На вчерашната владина седница се разгледала и усвоила информацијата за воведување на т.н. „автобуско метро“ со превозни средства што ќе се движат на електричен или хибриден погон. Инаку, терминот „автобуско метро“, кој го има и во владиното соопштение, е несмасен...

Катица Јанева ќе оди во домашен притвор пред почетокот на судењето за „Рекет“

Апелациониот суд Скопје го прифатил барањето на поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева за затворскиот притвор во Шутка да ѝ биде заменет со домашен притвор, јавува телевизија „Телма“. Ваквата одлука доаѓа на само неколку дена пред 3 декември, за кога е закажан почетокот на судењето во Основниот кривичен суд - Скопје на Катица Јанева, Бојан Јовановски и Зоран Милевски -...

Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

Бензините поевтинуваат половина денар од ноќеска на полноќ, а кај дизелот нема промена на цената, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 68 денари за литар, „еуросупер БС-98“ за 70 денари, а „еуродизел“ и натаму ќе се продава по 62 денара. РКЕ ја донесе одлуката за намалувањето на малопродажните цени на нафтаните деривати, што...

Регионална депонија во Дебарца нема да се гради

Второстепената владина комисија го поништи решението што предвидуваше во атарот на село Годивје во Општина Дебарца да биде избран за локација на која ќе се гради регионална депонија со постројка за третман на отпадот. Предметот повторно е вратен на разгледување во Министерството за животна средина и просторно планирање. Причина за ваквата одлука е тоа што не биле запазени законските...

Пендаровски – Макрон: Новата методологија се разработува, процесот би завршил до март

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Париз се сретна со претседателот на Франција, Емануел Макрон. На средбата биле разменети мислења за билатералните односи меѓу двете земји, стратешките определби на нашата земја за членство во ЕУ и НАТО, регионалните прашања и проширувањето на ЕУ. По средбата, претседателот Пендаровски изјави дека разговорот со претседателот Макрон бил отворен, динамичен и ги слушнал аргументите на претседателот Макрон...

Владата го става во мирување прогресивниот данок следните три години

Владата ќе го „замрзне“ прогресивното оданочување на три години, а ќе го врати рамниот данок. Министерката за финансии Нина Ангеловска денеска на прес-конференција ја образложи одлуката на Владата. „Анализиран е периодот од првите шест месеци од оваа година со првите шест месеци од лани. Ефектот од прогресиовниот и повисок данок на личен доход е тоа  предизвика ефект на даночно избегнување,...

Владата го презеде управувањето со колекторскиот систем на Охридското езеро

Советот на општина Охрид на денешната седница ја донесе одлуката за поделба на меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“ - Струга и за присоединување на неговите досегашни надлежности за Охридското езеро кон новоформираното претпријатие во државна сопственост „Колекторски систем“. Ваквата одлука на општинските советници доаѓа по одлуката на владата од пред десетина дена за инвестирање на 183 милиони денари за санација на...

Пендаровски: До последен момент лобираме за датум, конечната одлука утре попладне

По посетата на кумановската касарна, претседателот Стево Пендаровски изјави дека државниот врв до последен момент лобира да се добие датум за преговори и формулација која ќе ги вреднува напорите на земјата во изминатиот период. Конечната одлука на ЕУ би требало да се знае утре попладне, но и во случај на негативна одлука, Пендаровски смета дека евроитеграцијата останува единствена опција...

Холандија сака започнување на преговорите со ЕУ за Македонија, но не и за Албанија

Холанскиот парламент го поддржа започнувањето на пристапните преговори со ЕУ на Македонија, но со многу покритички тон се позиционираше кон Албанија. На сесијата на парламентарната комисија за европски прашања било посочено дека нашата земја има направено многу позитивни чекори во изминативе години. Холандските парламентарци забележуваат дека Македонија треба да усвои закон со кој ќе се гарантира независното гонење на идните...

Зголемување на платите во образованието за 10 отсто од април идната година

Владата на вчерашната седница ја усвои информацијата за покачување на платите за 10 отсто во основното, средното и високото образование и во науката, почнувајќи од исплата на платата за април 2020 година. Откако ќе биде постигната спогодбата со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), вкупното зголемување на платите од април идната година ќе изнесува 20 отсто, информираат од...

Апелација одлучи Катица Јанева да остане во притвор

Апелацискиот суд ја отфрли жалбата на Катица Јанева и одлучи поранешната претседателка на СЈО да остане во притвор. Главната причина за донесување на ваквата одлука на судиите е постоењето опасност Јанева да се обиде да избега. Судиите ја земале предвид информацијата на оОбвинителството дека истрагата е завршена, со што е отстранета опасноста Катица Јанева да влијае врз сведоци. Но, и...

„Барокната“ градска куќа оди на продажба, ВМРО – ДПМНЕ против одлуката

По предлог на градоначалникот Петре Шилегов, Советот на град Скопје на денешната седница ја изгласа одлуката за продажба на „барокниот“ објект под Скопското Кале, во кој требаше да се смести градската администрација. Оваа зграда, дел од проектот „Скопје 2014“ ќе се продава по почетна цена од 12,7 милиони евра, колку што е проценета нејзината вредност. Советниците на ВМРО - ДПМНЕ...

Ќе се бара друга замена за еврокомесарот Хан, Унгарецот Трочани отпадна од игра

Комитетот за правни прашања на Европскиот парламент го отфрли предлогот на Унгарија за Ласло Трочани да биде нов комесар за проширување и соседска политика, пренесува „ЕУобсервер“. „Политико“ јавува дека отфрлањето на предлогот за именување на новиот еврокомесар е поради можноста за постоење на конфликт на интереси. Покрај Трочани, со идентично објаснување е отфрлен и предлогот на Романија за назначување...

Фетаи: Најважно е предметите на СЈО да продолжат, без разлика кој ќе ги застапува

Не е битно дали ќе гони Фатиме, Вилма или некоја трета Костадинка, но е битно тој што се огрешил пред законот да се соочи со последиците од дејствијата кои што ги има преземено, изјави денеска пред Кривичниот суд, обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи. – Мислам дека во моментов не треба да не интересираат ситници и моментни настани. Сепак, треба да...