fbpx

Холандија сака започнување на преговорите со ЕУ за Македонија, но не и за Албанија

-

Холанскиот парламент го поддржа започнувањето на пристапните преговори со ЕУ на Македонија, но со многу покритички тон се позиционираше кон Албанија. На сесијата на парламентарната комисија за европски прашања било посочено дека нашата земја има направено многу позитивни чекори во изминативе години.

Холандските парламентарци забележуваат дека Македонија треба да усвои закон со кој ќе се гарантира независното гонење на идните случаи на висока корупција.

Холандскиот министер за надворешни работи, Штеф Блок, посочи дека неуспехот да се усвои ваквиот закон е последица првенствено на опозициските партии, а не на македонската власт, пренесува „БИРН“.

Истовремено, Блок посочи на ставот на холандската влада дека не треба да се отворат преговори за пристапување во ЕУ на Албанија. Слично како и владата, холандските парламентарци посочија на два главни предуслова што треба да ги исполни Албанија пред давањето датум за отпочнување пристапни преговори со ЕУ.

Најпрво, неопходно е да се реформираат правосудните структури што се борат против корупцијата и организираниот криминал, а потоа и да се обезбеди видлив учинок во борбата против нив.

Холандија засега не образложи дали ќе стави вето за Албанија на состанокот на министрите за надворешни работи на 15 октомври или на самитот на европските лидери што ќе се одржи три дена подоцна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...