fbpx

Бензините поевтинуваат за половина денар, цената на дизелот останува иста

-

Бензините поевтинуваат половина денар од ноќеска на полноќ, а кај дизелот нема промена на цената, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Новата цена на „еуросупер БС-95“ ќе изнесува 68 денари за литар, „еуросупер БС-98“ за 70 денари, а „еуродизел“ и натаму ќе се продава по 62 денара.

РКЕ ја донесе одлуката за намалувањето на малопродажните цени на нафтаните деривати, што во просек изнесува 0,09 проценти, врз основа на цените на горива и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите седум дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...